Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Л.А. Лејкерс и Орландо со „метла“ до конференциските финалиња

„Езерџиите“ ја елиминираа Јута со 4:0, со истиот резултат „магичните“ ја добија серијата со Атланта

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс и Орландо ја потврдија доминацијата во полуфиналните дуели против Атланта и Јута и се пласираа во финалето во своите конференции.

„Магичните“ засега остануваат единствени без пораз во годинашниот плеј-оф. Во серијата против Атланта постигна 101 поен повеќе што е највисока разлика во историјата на разигрувањето за шампионскиот прстен кога една екипа минува во наредната рунда со победа од 4:0. Противник на Орландо во финалето на Истокот ќе биде подобриот од дуелите меѓу Бостон и Кливленд.

Винс Картер беше лидер на „магичните“ во четвртата средба со Атланта. Постигна 22 поена, а целиот состав на Орландо погоди 16 тројки и водеше од почетокот до крајот. Најефикасен кај „јастребите“ беше Џамал Крафорд чиј тим по вторпат во низа е елиминиран во второто плеј-оф коло. Првиот стрелец на екипата на Атланта, Џое Џонсон, по завршување на сезоната е слободен играч, а публиката ги исвиркуваше по третиот меч за коментарите што ги даде во медиумите за начинот на нивното навивање. Но, дали тој ќе го продолжи договорот не е единствена дилема бидејќи договорот му истекува и на тренерот Мајк Вудсон.

Во западната конференција лејкерси ја совладаа Јута со 111:96 за завршување на работата со „џезерите“ со чисти 4:0. Доминантна фигура беше Пау Гасол со 33 коша и 14 скока, Коби Брајант уфрли 32 за актуелниот НБА шампион кој уште на полувреме имаше комотна предност 58:41.

Во третиот период Јута се доближи на 70:65 по положувањето на Карлос Бузер, но „езерџиите“ одговорија со кош на Брајант, потоа следуваше тројка на Одом, па слободно фрлање на Брајант и погодок на Гасол за водство од 80:67 на прагот на последната четвртина. По 21 поен за Јута уфрлија Дерон Вилијамс и Пол Милсап. Во финалето на Западот екипата на Лос Анџелес Лејкерс ќе се сретне со Феникс.

„Свесни сме не' очекува тешка битка. Затоа сакаме што е можно поподготвени да ја дочекаме финалната серија, и секако да бидеме здрави“, рече Пау Гасол во пресрет на западната финална серија. За него и неговите соиграчи следува еднонеделен одмор што во секој случај ќе им биде добредојден за третман на ситните повреди што го мачат дел од тимот.

Резултати: Јута - Лос Анџелес Лејкерс 96:111 (Лос Анџелес Лејкерс победи со 4:0), Атланта - Орландо 84:98 (Орландо победи со 4:0).


#
Статијата е прочитана 280 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Атлетико Мадрид и Фулам се борат за шпанската и за англиската чест
Лазаров си оди од Загреб
ЕП во ватерполо се сели од „Арена“
Швајцарија - најефикасно првенство на сите времиња
Интерпол
Јотовски и Мицов запрени во Варна
Денес вонредно коло на Првата лига
Третата етапа за Белгиецот Вејлант, трката заврши за Ванде Велде
Џанфранко Ѕола избркан од Вест Хем
Оставка на Зоран Алексов од УО на ФФМ
На „Македонски бисер“ ќе настапат борачи од 10 држави