Денес вонредно коло на Првата лига
Денес ќе се одигра претпоследното, вонредно коло на Првата фудбалска лига а в сабота на 15 мај и последното кога завршува годинешново првенство.
Денес со почеток во 16,30 часот играат: Металург-Ренова, Пелистер-Тетекс, Силекс-Хоризонт Турново и Милано-Вардар.
В сабота во последното коло ќе се сретнат: Вардар-Силекс, Хоризонт-Пелистер, Тетекс-Металург и Ренова-Работнички.
Претпоследното коло од Втората лига наместо на 15 мај, ќе се одигра в недела на 16 мај, додека последното во среда на 19 мај.
Финалето на Купот на Македонија, наместо на 24 ќе се одигра на 26 мај на Арената Филип Втори.
Да потсетиме дека фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра две пријателски средби во Австрија, на 29 мај со Азербејџан и на 2 јуни со Романија. Селекторот Мирсад Јонуз бара противник на репрезентацијата за 22 мај. (М.М.)
|