МЕРИДИЈАНИ
Научен императив
Хелга Новотни
Како Европската унија ја замислува употребата на овие инвестиции за обликување на својата иднина
На 29 јуни Европската комисија ќе го претстави својот предлог за буџетот за следниот повеќегодишен период, кој почнува во 2014 година. Тој ќе вклучува ставки како заедничка аграрна политика, регионални структурални фондови и истражување и иновации. Но, како Европската унија ја замислува употребата на овие инвестиции за обликување на својата иднина?
Европскиот парламент и земјите членки на Советот на Европа допрва треба да се изјаснат, како што е предвидено во процедурата за буџетот. Меѓутоа, неколку трендови се забележителни во жестоката дискусија која тукушто почна, и внатре во Европската комисија и меѓу различни акционери.
Едно е сигурно, терминот „рамковна програма“ ќе биде напуштена. Дури и неговото име е присвоено: Европската комисија тукушто почна отворена конкуренција за да се справи со нова. Целта е да се фати големата промена на основната политика од многу хетерогеното портфолио на програми - што има за цел да поддржи различни цели на различни начини и во различни степени - до законодавни и буџетски пакети дизајнирани да служат како заедничка стратешка рамка.
Но, што треба да постигне конструираната рамка? Зајакнувањето на позицијата на Европа во атмосфера на зголемена глобална конкурентност останува во прв план. Драматичното зголемување на уделот на Кина во научните публикации низ светот, неодамна нагласено во извештајот од Ројал сосаети во Лондон е добар индикатор за тоа што претстои. Целта повеќе не е да се стане „најконкурентната економија на знаење во светот“ како што неискрено беше обелоденето во 2000 година. Наместо тоа, се промени во поургентен, комплексен и по природа непредвидлив начин како што беше презентирано во стратешката визија за ЕУ 2020 за „иновативна унија“.
Според овој широк чадор на истражувања, развој и иновациска политика (РДиИ) мора да се идентификуваат вистинските одговори на два фронта „што“ и „како“. Во моментов трикракната стратегија може да биде препозната по „што“: знаење за раст (економско закрепнување и просперитет); знаење за општеството (справување со огромните предизвици што претстојат, од климатски промени и безбедност на енергијата до здраво стареење); и знаење за науката (потпомагање на европската база за наука и технологија, која останува нужна за иновации).
Претстојат некои тешки политички избори: кои делови од рамковната програма треба да бидат продолжени, а како терминирани? Како може иновацијата, која никогаш не е само технолошка, туку и општествена, да биде постигната и во целост употребена? И можеби најважното, кои се оптималните баланси за да се натераат земјите-членки на ЕУ и европските институции поефикасно да соработуваат за заедничка европска иднина?
Во време на сите овие турбуленции, Европскиот истражувачки совет (ЕРЦ), формиран во 2007 година за финансирање на значајни истражувања, се истакнува како неспорна успешна сторија. Врз основа на единствениот принцип на научна совршеност, тоа го стави системот на евалуација на место што ужива голем кредибилитет во научната заедница. ЕРЦ ја дава довербата на истражувачите што ги финансира за да знае каде се „границите“ на науката.
Марк Твен некогаш кажал: „Помали нешта се потешки за воведување отколку вознемирувањето од добриот пример“. ЕРЦ не сака да вознемирува, туку да направи разлика - за европско истражување во глобален, конкурентен контекст. Тој сака да гради на својот успех, во креирање на вистинска европска и многу моќна истражувачка култура. Тоа ќе ги зајакне нејзините напори да „отиде на глобално ниво“ со привлекување на поголем научен талент во Европа, без разлика дали станува збор за истражувачи од европско или друго потекло.
Крајниот исход ќе зависи од стратегиската мудрост, политичката сила и храброста на оние што носат одлуки во Европа. Иновацијата, во смисла на правење на нештата со она што истражувачите го откриле, е дел од европската иднина.
(Авторот е претседател на
Европскиот истражувачки совет и професор во пензија за социјални студии за наука во ЕТХ Цирих и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“) |