Број 3603  понеделник, 13 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Македонија подготвена да се справи со ешерихија коли

13.06.2011, 14:46

Лабораторите и другите простории на Институтот за микробиологија и паразитологија во Скопје каде се врши изолација и идентификација на веротоксичната ешерихија коли се опремени со нова опрема и со години наназад работат тестови кои во моментот се најактуелни во светот за докажување на присуство на таа бактерија која се појави во 11 земји во ��вропа и има голем број смртни случаи. Досега во Македонија нема случаи на веротоксичната ешерихија коли.

Ова денеска го истакна директорот на Институтот за микробиологија и паразитологија Милена Петровска по работната средба со министерот за здравство Бујар Османи.

Тој изрази задоволство од фактот што оваа бактерија воопшто не е непозната за експертите во Македонија, кои, како што рече, ја имаат неопходната експертиза иако во моментов нема докажан случај во Република Македонија.

- Сметаме дека превентивата е најважниот момент во вакви случаи. Останува општата препорака до граѓаните да се внимава на хигиената бидејќи оваа бактерија се пренесува по фекоорален пат и дека личната хигиена, миењето на хранливите продукти и термичката обработка остануваат основните столбови на спречување на ширењето. Препорака до граѓаните доколку имаат симптоми меѓу кои и крвава дијареа веднаш да се јават на лекар, истакна Османи.

Проф.д-р Петровска посочи дека во последните две недели имаат многу примероци од пациенти кои имаат сомнителна клиничка слика, а тоа е крвава дијареја, крвава течна столица пропратена со малаксаност и други гастроинтестинални тегоби односно болки во стомакот или нелагодност, но оти не е регистриран случај на заразен со ешерихија коли.

- Пациентите со вакви симптоми да се обратат задолжително кај својот матичен доктор, да не примаат антибиотска терапија која може да биде контрапродуктивна во целата ситуација со ешерихија коли и сите луѓе да посветат внимание на личната и колективната хигиена што подразбира добро миење на сите зеленчуци и овошја кои можат да бидат контаминирани со бактеријата, добра термичка обработка на месото, да се употребува пастеризирано млеко и сокови. Свежо цедените сокови особено надвор од домашни услови можат да бидат ризични. Треба да се внимава на миењето раце бидејќи бактерија со храната и водата влегува во организмот преку устата, рече Петровска.

Ешерихија коли, потенцира таа, може да прими ген со помош на кој создава токсин кој се ресорбира во цревата, а потоа делува на ниво на малите крвни садови во бубрезите, белите дробови, во мозокот и ги нарушува, а предизвикува и нарушување на функцијата на тие органи и тешка клиничка форма.

- Токсинот на бактеријата можеме да го докажеме за половина до три часа со тестовите кои ги имаме, по што следи нејзина изолација во следните 24 до 48 часа. Најбитно е да се докаже отсуството на токсинот на веротоксичната ешерихија коли во изметот на пациентот. Ешерихија коли во медицината е бактерија која многу лесно може да се рекомбинира и за развој на висока резистенција. За мене повеќе се шпекулации тврдењата на светските медиуми дека ваков тип бактерија е направена по вештачки пат, додаде Петровска.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Османи истакна дека доколку Комисијата за заразни болести даде препорака да се направи и засилен преглед и контрола по рестораните кои се контролираат по редовна основа, тие тоа ќе го направат преку инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат кои постојано ја следат состојбата.


#
Статијата е прочитана 484 пати.

Испрати коментар

Од: osmaniosmani
Датум: 13.06.2011 16:42:34
me iznasmea ogan da ne te izgori. ce dobieme proliv vo sekoj slucaj: dali od bakterijata dali od vakvi izjavi. e sto medicina ima makedonja. cela evropa ce ja frlime na kolena. treba da ostane osmani minister. forever
Од: Natasa
Датум: 13.06.2011 21:02:01
Pa koga ni e poznata bakterijata sto gi ostavivme germancite da se macat za da ja otkrijat, mozevme da im pomogneme i da ne trosat tolku pari za ispituvanje, EU e vo kriza, grevota se. I mene mi go podobri raspolozenieto izjavata na Osmani.

Најди! во Утрински
Насловна
Бергант
Славата, митот и крвта на ВМРО (12)
Разоружена полиција
Тоне ли Филхармонијата?
Ракометарките достоинствено се простија од СП
Албум што ве треснува од земја
За утре одложен судскиот процес за „Пајажина“
Научен императив
Ставрески: Нема потреба од ребаланс на Буџетот
Држава-убиец
Адвокатот Вујиќ исфрлен од судницата
Нема веќе на Јадран со воз
Мито за братот да молчи за аферите
Карикатура
Поп-ѕвездата се мажи по трет пат
Далас првак на НБА првпат во историјата
Стил
Онлајн вести
Не се живее веќе ни на кредит
Живеењето во еколошки стан го штеди буџетот

"""