Број 2805  вторник, 07 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Владата и федерацијата во Полска се договорија

Извори од ФИФА велат дека крај на целата збрка ќе се стави на состанокот на ИК, кој ќе се одржи на 23 октомври

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА, Сеп Блатер, вчера изјави дека највисоката фудбалска институција добила писма и документи од Владата на Полска, во кои стои дека, сепак, е постигнат договор на релација Влада - Фудбалска федерација и дека денеска сето тоа треба и да се официјализира. „Добивме известување од Полска дека се договориле. За утре е договорена средба на која сето тоа треба да се потврди. Ако е тоа вистина нема да има никакви санкции за Полска“, изјави Блатер.

Само неколку часа пред таа изјава на Блатер сите светски медиуми го пренесоа во тој момент категоричниот став на Владата на Полска дека нема да ја смени одлуката за смена на раководството во Фудбалската федерација и нема за тоа да разговара со никого се' додека ФИФА не го повлече ултиматумот.

„Очигледно станува збор за војна на нерви, но ние нема да попуштиме пред уцени, дури и ако тие доаѓаат од големите меѓународни организации. Ќе го исчистам полскиот фудбал од корупција, колку тоа и да чини“, изјави премиерот на Полска Доналд Туск.

Инаку, ФИФА и даде на владата на Полска првичен рок до вчера попладне да ја повлече својата одлука за распуштање на Федерацијата и поставување нов принуден управник, со образложение дека политиката не смее да се меша во фудбалот. Во спротивно сигурно ќе следи супсензија, а Полска ќе ја загуби организацијата на ЕП 2012 година, кое треба да се игра и во Украина.

Вчера тоа го потврди и портпаролот на УЕФА, Вилјам Галард. „Правилата и законите се чисти. Ние и го дадовме Европското првенство на Фудбалската федерација, а не на владата. Станува збор за кршење на начелата во спортот. Не смееме да дозволиме владите по своја волја да ставаат политичари на раководните функции, наместо легално избрани функционери. ФИФА тука го има одлучувачкиот збор. Нашето трпение има лимит, а ситуацијата е многу блиску до тој лимит“, се закани Галард и додаде: „Доколку ФИФА не го пролонгира рокот, ние веднаш ќе реагираме“.

Извори од ФИФА велат дека крај на целата збрка ќе се стави на состанокот на Извршниот комитет, кој ќе се одржи на 23 октомври. Иако, вчера имаше и такви инфо��мации во кои се велеше дека Полска автоматски ќе ги загуби претстојните квалификациски средби за СП 2010 против Чешка и Словачка со 0:3.

 


Статијата е прочитана 266 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Болно сеќавање и продолжување на делото на Тоше Проески
Зденко
Индексот на Македонската берза најнизок годинава
Политички патриоти во мантии
За Тоше без политика
Димитров замина за Њујорк со гаранции од НАТО
Убиена ќерката на познатиот хрватски адвокат Звонимир Ходак
Кривична пријава за случајот на Калид ел Масри
Цела година нема лото
Финансиската криза се шири низ Европа
Траги од опсесијата на Ќосиќ
Нобелова награда за откритието на ХИВ
Стварно е идиот!
Вербатим
Безброј меморандуми за „Бунарџик“, каде се фабриките?