Број 2805  вторник, 07 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Индексот на Македонската берза најнизок годинава

Соња Маџовска

Македонската берза вчера доживеа најниска вредност на индексот МБИ 10 годинава. Тој вчера изнесуваше 4.255 индексни поени и отиде во минус за 1,9 проценти, со што се позиционира под лимитот за кој не се ни претпоставуваше дека може да го достигне, односно да се намали под 4.300 поени. Иако вчера беше остварен прилично добар промет од 40 милиони денари, во споредба со минатата недела, сепак, вредноста на акциите на речиси сите компании што го сочинуваат МБИ 10 повторно бележат пад. За инвеститорите најатрактивни се акциите на Комерцијална банка. Вчера беше остварен промет од 16,4 милиони денари и единствено оваа акција имаше благ раст на цената од 0,74 проценти. Една акција на Комерцијална банка се продаваше по цена од 5.120 денари. Вредноста на акциите на „Гранит“ се намали за 4,98 проценти, со што падна на 1.000 денари. Акциите на „Алкалоид“, исто така, се намалија за 3,44 проценти и се продаваа по цена од 5,627денари.

„Нема реална основа за ова што се случува на Македонската берза. Ништо не е променето во работењето на компаниите. Финансиските резултати им се добри, па затоа е нелогично што цената на нивните акции бележи ваков пад. Психолошкиот фактор за тоа што ќе се случува на светскиот финансиски пазар се' уште има пресудна улога. Очигледно враќањето во нормала ќе трае долго“, вели Евита Иванова од Македонската берза.

Турбуленциите на берзите никако да се смират и покрај одлуката на САД финансискиот пазар да добие инјекција од 700 милијарди долари. И Европа реагираше со дополнителни гаранции за одржување на стабилноста на финансискиот пазар. Сепак, овие потези засега не даваат видливи резултати. Вчера невиден пад бележеа сите берзи, вклучително и овие во регионот. Белградската држи рекорд со пад од 8,9 отсто, Љубљанската отиде во минус над 3 проценти, а Загрепската падна 5,83 проценти. Психологијата на неизвесност како ќе се надмине глобалната криза се' уште ги држи во паника инвеститорите, кои ги напуштаат берзите. Иако светските потреси имаат корен во финансискиот сектор, негативните ефекти најмногу и натаму се чувствуваат на берзите.

 


Статијата е прочитана 549 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 07.10.2008 09:49:15
Istite tie spekulanti i manipulatori od zapad koj pred dve-tri godini pocnaa psiholoski da stvaraat "razvoj" i da digaat ceni na se ,nafta, hrana, nedviznini, akcii,metali i otkako go postignaa maksimumot prodadoa se i ostvarija nenormalni profiti. Sega pravat drug "film", kreiraat krizi, recesii, stravovi i cenite na se pagaat, na nafta, akcii, nedviznini, metali, i koga cenite ke go dostignat dnoto tie istite pak ke kupat se nazat po bagatelni ceni.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Болно сеќавање и продолжување на делото на Тоше Проески
Зденко
Политички патриоти во мантии
За Тоше без политика
Димитров замина за Њујорк со гаранции од НАТО
Убиена ќерката на познатиот хрватски адвокат Звонимир Ходак
Кривична пријава за случајот на Калид ел Масри
Цела година нема лото
Финансиската криза се шири низ Европа
Траги од опсесијата на Ќосиќ
Владата и федерацијата во Полска се договорија
Нобелова награда за откритието на ХИВ
Стварно е идиот!
Вербатим
Безброј меморандуми за „Бунарџик“, каде се фабриките?