Број 2805  вторник, 07 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Финансиската криза се шири низ Европа

Потезите на Владите сепак не успеаја да ги утешат финансиските пазари

ЛОНДОН, БЕРЛИН - Повеќе европски влади вчера го следеа примерот на Германија, нудејќи им гаранции на штедачите во трескавичен обид да ги смират стравувањата кај инвеститорите околу најголемата финансиска криза за 80 години. Сепак, потезите не успеаја да ги утешат финансиските пазари, додека инвеститорите од Токио до Лондон го намалија ризикот од портфелите и се позиционираа за натамошно затегнување на кредитното и банкарското зајмување и се' поголемиот ризик за сериозна глобална економска рецесија.

И покрај усогласените напори за спречување на кризата, инвеститорите јасно бараат поконкретни чекори од властите, можеби во форма на координирана акција од состанокот на индустриските земји на Групата 7 што треба да се одржи следниот викенд.

Економиите кои добија најмногу од брзиот пораст на побарувачка за производи и се' поголемиот глобален развој во последните три години се најдоа на остар раб на пазарните потези, бидејќи некогашниот богат пејзаж на ликвидност, што го поттикнуваше нивниот развој, стана поисцрпен.

Русија ја прекина трговијата со акции еден час откако нејзиниот реперен берзански индекс падна повеќе од 14 отсто и достигна најниска вредност за три години, додека капиталот во акции на земјите од Заливот се намали поради стравувања дека последиците од Европа и од САД ќе го погодат регионот. Владите во светот се обидуваат да ја вратат довербата. Јужна Кореја соопшти дека сака да одржи разговори за кризата со Јапонија и со Кина. Шведска е последната земја од ЕУ која реагира, при што владата соопшти дека ќе ги прошири гаранциите за банкарски депозит, а централната банка го зголеми износот на заеми што им се понудени на банките. Тоа следуваше по ветувањето на Германија во неделата дека ќе ги гарантира приватните депозитни сметки, чекор што поттикна слични мерки од страна на Австрија и на Данска. Ирска ја издаде првата гаранција минатата недела поттикнувајќи критики за фрагментиран одговор на ЕУ.

Европските банки се силно погодени од последиците од кризата што започна во САД, кога пропадна пазарот за домување, а неисплатените долгови за хипотеки се мултиплицираа. Банкарската нагла промена што започна на Волс��рит ефективно ги затвори меѓубанкарските и другите пазари за заеми, туркајќи ги индустријализираните земји поблиску до рецесија. „Имаме сериозно слаб пазар, управуван од стравот, во наши раце“, рече Том Хугард, главен стратег за пазарот од „Сити индекс“ во Лондон.

Различните депозитни гаранции наметнуваат голем притисок врз земјите како што е Велика Британија, која се соочува со изгледот за одлив на депозити од своите банки. Британската влада вчера вети дека нема да ги остави незаштитени обичните штедачи, но истакна дека не планира веднаш да одговори на изненадувачкиот чекор од Германија.

Германскиот министер за финансии рече дека Берлин работи на нов план за заштита на целиот банкарски сектор во Германија, а не само на индивидуалните институции кои се под притисок. „Свесен сум дека во одреден момент индивидуалните решенија веќе не се доволни“, изјави тој за новинарите. Тој рече дека официјални лица дискутираат за план Б, но јасно стави до знаење дека тоа нема да биде европско решение како одраз на спасувачкиот пакет мерки од 700 милијарди долари, што беше договорен во САД.

Во банкарската индустрија, француската „БНП Парибас“ ги доби активите на „Фортис“ во Белгија и Луксембург за 14,5 милијарди евра за да спречи одлевање на готовина на „Фортис“ и „Дексија“.

Един од најбогатите луѓе во светот, создавачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, изјави дека американската финансиска криза не значи ниту крај на капитализмот ниту ќе доведе до депресија, пренесе МИА од светските медиуми. „Изгледа дека економиката може малку да биде подзабавана, но нема да претрпи ништо што би било на нивото на голема рецесија или депресија“, изјави Гејтс за Си-Ен-Ен и додаде дека, сепак, финансиската криза налага „извесни корекции“. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 1045 пати.

Испрати коментар

Од: Klinton
Датум: 07.10.2008 01:08:27
Evropa i SAD se dobro nasednati. Prvo ni namestija vojni vo regionov, pa posle se sluci 11-septemvri vo SAD i na krajot drastichno pokachuvanje na naftata. Posle edna godina so skapa nafta, rezultatite se vidlivi.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Болно сеќавање и продолжување на делото на Тоше Проески
Зденко
Индексот на Македонската берза најнизок годинава
Политички патриоти во мантии
За Тоше без политика
Димитров замина за Њујорк со гаранции од НАТО
Убиена ќерката на познатиот хрватски адвокат Звонимир Ходак
Кривична пријава за случајот на Калид ел Масри
Цела година нема лото
Траги од опсесијата на Ќосиќ
Владата и федерацијата во Полска се договорија
Нобелова награда за откритието на ХИВ
Стварно е идиот!
Вербатим
Безброј меморандуми за „Бунарџик“, каде се фабриките?