Број 3048  среда, 29 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Мејси вчера требаше да пристигне на Златибор

Македонските кошаркарски репрезентативци од саботата се наоѓаат на Златибор, каде ја обавуваат втората фаза од подготовките за настап на ЕП во Полска, кое стартува на 7 септември.

Како што е познато, на тренинзите во Скопје недостасуваа Тодор Гечевски и Џеремаја Мејси. Американецот со македонски пасош, кој настапува за Реал Мадрид вчера требаше да слета во Белград, а оттаму во попладневните часови да им се приклучи на останатите репрезентативци. Тодор Гечевски, пак, се' уште ги решава личните проблеми со Задар, кои би требало да завршат за неколку дена. Ситуацијата на Гечевски од поодамна ја следи Хемофарм, чиј спортски директор Марко Ивановиќ (некогаш играч на Работнички) децидно кажа дека ќе чека на македонскиот репрезентативец до крајот на овој месец. Еден од подобрите српски клубови, кој наредната сезона ќе игра во НЛБ лигата и Еврокупот пратил понуда до менаџерот на Гечевски и го очекува повратниот одговор.

Инаку, македонската репрезентација на Златибор ќе биде до 1 август, а на 2 и 3 август ќе ги одигра првите контролни натпревари со Словенија (Трбовље) и со европскиот шампион Русија (Крањска Гора). (Н.К.)


#
Статијата е прочитана 333 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Марадона- Подобро би се разбрал со Обама отколку со Меси
Без странски фудбал на ТВ во термини кога има домашен
И на Одензе ќе се оди со три шпица
Работнички и Металург ќе играат на 2 август
Контадор- Мојот однос со Армстронг е на нула
Македонските ватерполисти 14. во светот
Нови пет светски рекорди на мундијалот во вечниот град
Кариерата на Маса завршена поради повредата на левото око?
Рекорден број навивачи го поздравија Ибрахимовиќ