Марадона: Подобро би се разбрал со Обама отколку со Меси

Селекторот на Аргентина, Диего Армандо Марадона, за аргентинскиот весник „Оле“ даде големо интервју во кое зборува за трансформацијата од играч во тренер, за болното минато, за Меси и репрезентацијата.
„Многу е тешко да си Марадона. Од една страна, пак, е слатко. Тешко е поради моето минато. Никој не ме присили да земам дрога. Бев глупав. Денес би ги дал двете нозе само да можам да го вратам времето и да ги гледам моите ќерки како растат. Би жртвувал се што сум направил само да уживам во друштво на малечките Далма и Џанина. За жал, нивното детство го пропуштив. Мислев дека сум Херкул, а бев идиот“, кажа Марадона во уште една искрена исповест.
Откри дека денес му е далеку потешко отколку во играчките денови. „Ќе ја земев тогаш топката и ќе се забавував. Денес мора да внимавам на 20 играчи, да ги водам, коригирам, предупредувам. Знам дека ми недостасува тренерско искуство, но знам дека на играчите можам да им дадам искуство на спортист, човек кој сето тоа го прошол.Тоа е мојата најголема сила и на тоа ја базирам својата работа. Знам дека фудбалерите, колку тоа и да им е тешко, ќе ме погледнат во очи и дека потоа ќе им биде полесно. Тоа го научив од своите бивши тренери: Гледаа во очи. Цезар Меноти, Билардо, Базиле, Анхел Лопез...
Незгодната ситуација во јужноамериканските квалификации Аргентина, се надева селекторот, ќе ги надмине. „Мислам дека е важно играчите на терен да комуницираат. Затоа капитенската лента му ја дадов на Маскерано. Знам дека тој зборува. И Хајнце зборува. Меси, да речеме, не зборува ништо. Од него е невозможно да извлечеш збор. Полесно би се разбрал со Барак Обама отколку со Меси. Добро зборуваат и Агуеро и Макси Родригез“.
Фактот дека молчи на теренот не го намалува одушевувањето на Марадона од еден од најдобрите светски фудбалери. „Сакам да работам со Меси. Впрочем, да се работи со него е чисто уживање. Најлесна работа на светот. Нему топката му се лепи за нога, таа е како продолжен дел од неговото тело. Сум гледал многу врвни играчи кога тренираат, како Ван Бастен, Карека, мајстори за примање на топката. Но, никој тоа добро не го правел како Меси. Меси е мојот Мардона. Денес во фудбалот нема поважен играч од Меси“, смета Марадона.
Ромарио осуден на три и пол
години затвор поради затаЈување данок
Некогашниот репрезентативец на Бразил Ромарио е осуден на три и пол години затвор поради затајување данок во периодот кога играше за Фламенго во 1996 и 1997 година. Ромарио се жалеше на пресудата, а според зборовите на адвокатот постои можност затворската казна да биде преименувана во општествено корисна работа. Ромарио е обвинет дека затаил данок во износ од 500.000 долари. |