Работнички и Металург ќе играат на 2 август
Комесарот за натпревари на ФФМ, Миле Спиркоски, го прифати барањето на Работнички, во согласност со Металург, нивната меѓусебна средба од првото коло во новото првенство наместо на 1 да се одигра на 2 август поради мечот на Работнички во квалификациите за Европската лига со данскиот претставник Одензе што ќе се одигра утре на стадионот „Филип Втори“ во Скопје.
Со оглед дека Работнички го игра реваншот со Оденсе на 6 август, нивниот меч од второто првенствено коло со Милано наместо на 9 ќе се одигра на 11 август во Куманово.
И средбата меѓу Турново и Победа што на програмата беше на 1 август ќе се одигра два дена подоцна на 3 август бидејќи за време на викендот во Струмица се одржува квалификациониот турнир на женските екипи за Лигата на шампионите. На турнирот во Струмица ќе настапи првакот на Македонија, Тиквешанка од Кавадарци и прваците на Бугарија, Франција и Фарските Острови. (М.М.)
|