Број 3048  среда, 29 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Рекорден број навивачи го поздравија Ибрахимовиќ

Околу 50.000 фанови ја пречекаа новата деветка на Барса, досега рекордот го држеше Анри со 35.000 фанови

Шпанскиот „Ел Мундо Депортиво“ пишува дека на претставувањето на Златан Ибрахимовиќ на „Ноу Камп“ присуствувале рекорден број навивачи. Станува збор за бројка од околу 50.000 фанови кои дошле да го поздрават Ибракадабра, што е најмногу во историјата на каталонскиот клуб. Досега рекордот го држеше Тиери Анри, кога дојде од Арсенал во 2007 година (околу 35.000), додека, на пример, доаѓањето на Роналдињо од ПСЖ во 2003 година го проследија 20.000 навивачи.

Швеѓанецот пред многубројните фанови се појави речиси со двочасовно задоцнување поради потпишување на потребните документации, а кога се појави на тревата стадионот еруптираше. Следеше краток поздрав до публиката, па стандардното техницирање, бакнување на клупскиот грб и позирање. Ибрахимовиќ во новиот клуб ќе ја носи деветката.

„Да се игра за Барса е голема чест. Има многу големи клубови, а за мене еден е посебен, тоа е Барса. Му кажав на Морати да ги одбива сите понуди освен ако таа не дојде од Барса. Дојдов тука за да станам уште подобар, за да играм со Меси, Чави, Иниеста, Туре, екипа чии играчи ги знам на памет. Сакам да бидам подобар од минатата сезона кога постигнав 25 гола. Не сакам да ви ја кажам точната бројка на голови што сакам да ја достигнам. Ако си ставите такво нешто во глава си создаваат огромен притисок“, изјави Ибрахимовиќ.

Претседателот Хуан Лапорта потенцираше дека неговиот клуб не потрошил ниту евро за Ибрахимовиќ, а тоа да е од банка. „Има разлика од нас и некои. Ние не плативме со пари од банка. Со тоа покажавме дека сме професионални и се држиме до некои правила“, кажа Лапорта, алудирајќи на трансферите на Реал Мадрид.

Како што е познато Барселона на Интер му плати 45 милиони евра, но го даде Ето и Хлеб на едногодишна позајмица.


#
Статијата е прочитана 791 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Марадона- Подобро би се разбрал со Обама отколку со Меси
Без странски фудбал на ТВ во термини кога има домашен
И на Одензе ќе се оди со три шпица
Работнички и Металург ќе играат на 2 август
Контадор- Мојот однос со Армстронг е на нула
Македонските ватерполисти 14. во светот
Мејси вчера требаше да пристигне на Златибор
Нови пет светски рекорди на мундијалот во вечниот град
Кариерата на Маса завршена поради повредата на левото око?