Контадор: Мојот однос со Армстронг е на нула

Шпанскиот велосипедист Алберто Контадор (26) се врати во Мадрид со титулата од најголемата трка Тур де Франс. Таму одржа прес-конференција на која нагласи дека потешко од физичките напори на самата трка ги поднел психолошките притисоци, поради егзистирањето во тимот заедно со седумкратниот победник на „Турот“ и повратникот во велосипедизмот по 3,5 годишна поензија, Ленс Армстронг, кој трката ја заврши како трет.
„Мојот однос со Ленс е на самата нула. Тој е голем возач и извозе одлично, но на лично ниво е сосема друго. Никогаш не сум го идолизирал, а никогаш и нема да го направам тоа. На овој „Тур“ потешко го поднесував времето минато во хотелот отколку она на патеката. Ситуацијата во тимот беше напната и осетлива бидејќи односот меѓу Ленс и мене се пренесе на останатите од тимот“, кажа Контадор.
На прашањето за плановите за 2010 година Контадор не одговори прецизно дали ќе ја напушти Астана, туку кажа: „Не знам во кој тим ќе возам, но сигурно дека тоа ќе биде оној што ќе застане 100 отсто зад мене“. |