Број 3048  среда, 29 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Нови пет светски рекорди на мундијалот во вечниот град

Швеѓанката Сара Сјостром вторпат го собори светскиот рекорд на 100 метри пеперутка на СП во Рим

Нови пет светски рекорди донесе вториот натпреварувачки ден во пливање на мундијалот во спортови на вода во Рим.

Австралиецот Брентон Рикард е новиот светки првак на 100 метри градно. Во финалната трка тој исплива нов светски рекорд кој сега изнесува 58,58 секунди, резултат што е за 33 стотинки подобар од досегашниот во оваа дисциплина на Јапонецот Косуке Китаџима на ланските ОИ во Пекинг. Сребрениот медал му припадна на Французинот Хуге Дубоск кој заостана шест стотинки (58,64 сек.) што е второ остварување на сите времиња, на третото место заврши Камерон ван дер Бург од Јужна Африка (58,95 сек.).

Швеѓанката Сара Сјостром, која за три недели ќе го прослави 16 роденден, го забележа својот втор светски рекорд во Рим. Во финалето на 100 метри пеперутка таа забележа време 56,06 секунди и за 36 стотинки го подобри сопствениот светски рекорд кој го постави ден претходно во полуфиналето. Место на пиедесталот обезбедија уште Австралијката Џесика Шипер на второто место (56,23 сек.) и Кинеската Лиујанг Јиао на третото (56,86 сек.).

Втор светски рекорд во Рим исплива и Американката Аријана Кукорс. Времето со кое стана нова шампионка на 200 метри мешано е 2:06,15 минути, 88 стотинки подобро од рекордот што го постави во полуфиналето ден претходно. Сребрениот медал го освои Стефани Рајс од Австралија (2:07,03 минути), бронзениот медал замина кај Унгарката Катинка Хожу (2:07,46 минути).

Два светски рекорда паднаа во полуфиналните трки. Нов најдобар резултат во светот на 100 метри градно оствари Американката Ребека Сони (1:04,84 минути). Нејзиното време во оваа дисциплина е за 25 стотинки побрзо од она на Австралијката Лејзел Џонс остварено пред три години.

Светска рекордерка е и Русинката Анастасија Зујева. Во трката на 100 метри градно таа исплива време од 58,48 секунди, што е за 29 стотинки подобро од досегашниот рекорд на Кирсти Ковентри од Зимбабве забележан лани на Олимписките игри во Пекинг.



Велковски 109. на 50 метри

пеперутка, а 104. на 100 метри



Двајца македонски пливачи вчера настапија во три дисциплини на светското пливачко првенство во Рим, Филип Велковски се појави во квалификациите на 50 и 100 метри градно, Бојан Јованов на 200 метри пеперутка.

На 50 метри градно Велковски оствари време од 31,64 секунди и заврши на 109 место во конкуренција на 148 пливачи. Неговиот резултат е за 4,72 секунди послаб од најдобриот во квалификациите во оваа дисциплина на јужноафриканецот Камерон ван дер Бург (26,92 сек.). Воедно времето на Велковски е нов македонски рекорд на 50 метри градно. Досегашниот рекорд во оваа дисциплина изнесуваше 32,08 и беше сопственост на Дамјан Петровски.

На двојно подолгата делница (100 метри градно) Велковски го освои 104 место во конкуренција на 142 натпреварувачи со време од 1:08,34 минути. Нашиот претставник заостана 9,36 секунди зад Брентон Рикард, човекот што пливаше најбрзо во квалификациите на 100 метри градно. И ова постигнување на Велковски претставува нов македонски рекорд. Автор на досегашниот беше Александар Миладиновски (1:08,62 минути).



Јованов 60.на 200 метри

пеперутка



Бојан Јованов беше вториот наш претставник во пливачките трки вчера во Рим. Пливаше во квалификациите на 20 метри пеперутка и на крајот заврши на 60 место во вкупниот пласман од 73 натпреварувачи. Резулатот што тој го оствари е 2:07,34 минути што е за дури 13,01 секунди послаб од најдобриот во квалификациите во оваа дисциплина на Полјакот Павел Коржениовски (1:54,33 минути).


#
Статијата е прочитана 189 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Марадона- Подобро би се разбрал со Обама отколку со Меси
Без странски фудбал на ТВ во термини кога има домашен
И на Одензе ќе се оди со три шпица
Работнички и Металург ќе играат на 2 август
Контадор- Мојот однос со Армстронг е на нула
Македонските ватерполисти 14. во светот
Мејси вчера требаше да пристигне на Златибор
Кариерата на Маса завршена поради повредата на левото око?
Рекорден број навивачи го поздравија Ибрахимовиќ