Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

„Ѕидање“ на правото

Љубиша Станковиќ

Неколкуте станбени афери кои се случија изминативе неколку години, а во кои стотици граѓани беа измамени, само се потврда на тезата дека и при купување стан може да се почувствува отсуството на правната држава. Правната регулатива, таква каква што е, засега не им е многу од корист на сите досегашни или потенцијални купувачи на станбен простор. Бадијала државата се обидува да докаже дека во своите политики ја има и онаа која ја содржи социјалната компонента кога и во оние афери, се покажа дека не поседува правен инструмент со кои на градежниците-измамници не може да им застане на пат.

Она што државата, реално, може да го направи е да поведе кривична постапка за ваквите градежници, но таквата постапка освен што ќе трае со години, па и кога ќе заврши со правосилна судска пресуда, не значи дека сите оние кои платиле за покрив на главата дека и ќе дојдат до него.

Слаба утеха се и оние судски постапки во кои измамените ќе докажуваат дека се сопственици или коинвеститори на зградите, кога тие не постојат или се недоизградени или, пак, како што е најчест случај се препродавани и по неколку пати. Досегашните искуства говорат дека градежниците-измамници најчесто се задолжувале кај комерцијалните банки, а за добивање кредит го заложувале токму она што ним најмалку им припаѓа - становите за кои некој го дал и последниот денар. Со парите од граѓаните и со парите добиени од банките, всушност, има двојна наплата за нешто што може да се препродаде уште неколку пати. Навистина, на ваквиот начин на работење државата не може многу да влијае, но, исто така, вистина е дека може брзо и лесно да се заработат милиони. Оттука, и логиката дека доколку ве откријат и ве фатат за направените измами може да заглавите неколку години во затвор, а потоа повторно да уживате во благодетот на туѓите пари.


Статијата е прочитана 868 пати.

Испрати коментар

Од: nevena
Датум: 14.07.2009 09:57:36
A slucajot soptrajanov? Sto e so nego???? Ima li vladeenje na pravoto????

Најди! во Утрински
Насловна
Фантазмагоријата со двокатните автобуси
Сто дена чистење депонии и паркови
Ставрески ги ѕида инвестициите што ги нема
ЦИА криела информации од Конгресот по наредба на Чејни
Никој не е одговорен за педалинките
Медиумите во Југоисточна Европа се користат за политички цели
Сезона на балканските кавги
Без визи само со биометриски пасоши?
Минчо Јорданов ги продаде своите 20 проценти во „Макстил“?
Билатералните спорови се едно, членството во ЕУ е друго
Курбе му се прикажува на Станковски