Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Ставрески ги ѕида инвестициите што ги нема

Инвестициите во април се главно кредитите што ги зеле фирмите

Соња Маџовска

Околу 33,7 милиони евра странски инвестиции влегле во земјава во април годинава. Тоа ја заокружува бројката од 89,3 милиони евра влезени во Македонија во првите четири месеци од годинава. Странските инвестиции во однос на истиот период од минатата година речиси се преполовени. Тогаш изнесуваа околу 150 милиони евра, е наведено во најновиот статистички извештај на НБМ.

Бројката за инвестирани средства во април навидум изгледа импресивна, доколку се спореди со ниското ниво на инвестиции во првите три месеци, но е поразителна ако се погледне подлабоко. Од инвестициите во април, дури 27 милиони евра отпаѓаат на кредити, што странските компании, кои веќе работат во земјава, ги позајмиле од своите претставништва во странство.

Овие бројки, според економските аналитичари, воопшто не ја даваат реалната слика за влез на странски инвестиции во земјава. А тоа се потврдува со фактот што, наместо во инвестициите да се пресметува само акционерскиот капитал од странство, од минатата година, кога беше направена промена во методологијата на пресметување на странските инвестиции, и кредитите и реинвестираната добивка влегуваат во оваа ставка.

Проблемот е што не станува збор за влез на нови странски инвеститори во Македонија, туку тоа е реинвестирана добивка или кредити што ги зеле странските фирми за потребите на нивното работење во земјава. Доколку во јануари најголемиот дел од инвестициите отпаѓаат на реинвестираната добивка на компаниите, во април најзначајна сума влезена како инвестиција, всушност, се кредити.

Кумулативно, од 89 милиони евра инвестиции за првите четири месеци од годинава, дури 46,2 милиони евра отпаѓаат на кредити, кои странските компании ги позајмиле од своите фирми-мајки.Очигледно фирмите, соочени со проблеми поради кризата и недостиг од свеж капитал, најчесто се решаваат да земат заем за да ја пребродат кризата.

И покрај овие поразителни бројки, во услови кога е извесно оти годинава нема да има нови странски инвестиции, Владата се' уште е убедена дека и на ова поле добро се држиме. Новиот министер за финансии, Зоран Ставрески, веднаш по назначувањето на оваа функција, многу едноставно ги мултиплицираше инвестициите за првите три месеци од годинава.

„Доколку инвестициите од првите три месеци, 55 милиони евра, се помножат со четири ќе се добие бројка од над 220 милиона евра. Во најголемата економска криза. Во 2003, 2004 година, во златните години кога сите земји пливаа во пари, кај нас се слеваа по 100 милиони евра. Тогаш, дај да споредиме, кои години биле подобри. Инаку, странските инвестиции не се само оние инвестиции во ’Бунарџик‘, туку и инвестиции во веќе постојни објекти“, изјави Ставрески на телевизијата А1.

Тој заборава да каже дека во Македонија не се случи инвестицискиот бум што Владата го најавуваше пред три години. Иако во меѓувреме власта се обиде и со скапи рекламни кампањи, лобирања и со назначување на 21 економски промотор во 19 земји од светот, од големите инвестиции „во најава“ засега останува неоткажана само изградбата на фабриката на „Џонсон Мети“ во „Бунарџик“.

По многу пролонгирања прво се најавуваше дека оваа странска компанија ќе стартува во мај, потоа дојде на ред јуни, а сега најново е оти „Џонсон Мети“ ќе почне со производство во септември, доколку претходно успешно го реализира пробното производство на автомобилски катализатори.

Надлежните за привлекување странски инвестиции се' уште уверуваат дека ниту една компанија не се изјаснила оти се откажува од намерата да инвестира во Македонија, но признаваат дека поради кризата секојдневно плановите за инвестиции се одложуваат. Француската компанија „Монтипе“ го замрзна инвестирањето во земјава. Веќе неколку пати се пролонгираат и инвестициите на словенечка „Искра“, на италијанската компанија „Орланди“.

И натаму се тврди дека јужнокорејската компанија „Тривју“ заедно со кинеската фирма „Хаер“ ќе започнат со градење на фабриката за производство на ЛЦД-монитори во слободната зона, иако тоа требаше да започне во јуни. Во најава останува и инвестицијата на „Шишеџам“ и на хрватски „Агрокор“, кои се оставени за подобри времиња.


Статијата е прочитана 2829 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 14.07.2009 00:13:19
Treba covek da e slep da ne vidi deka vo FYROM ekonomijata cveta! Pa sekojdnevno milioni, milijardi, bilioni i trilioni evra se investiraat vo investicioniot raj na planetava zemja. i zgora na site tie uspesi, patriotskata vlada uste i uspea go zadrza imeto FYROM! Ova ae za site pofalbi - bravo Gruevski, aplauz za Gruevski! :))))))
Од: mitko vo nostalgicna nostalgija
Датум: 14.07.2009 00:36:14
Nema investicii a? Se sekavate li na pocetokot na mandatot na ovaa vlada pred 2-3 godini koga Grujo i Stavre-kumot ve lazea deka e dovolno samo da se vovede RAMEN DANOK i investiciite sami po sebe ke potecat, taka se slucilo vo Ramanija? Se sekavate li kako Bukefalcite (makedonski vid na majmuni) skokaa od voodusevuvanje? Se sekavate li kako Trajce-ministerot bezobrazno od sobranisko stolce ne ubeduvase deka e mnogu inteligentno da se isplakaat stambenite krediti na Taskovic, Samak i Stavre-kumot zatoa sto toa se GOOOLEMI strucnjaci koi ke ni privlecat buljuk investicii? Se sekavate li na predizbornite izjavi na Grujo koj prvo kaza deka vo negoviot mandat ke vrabotel 130 iljadi luge a potoa besramno se popravi i kaza deka se vraboti 155 iljadi luge? Ve izlaza malku a? Covek ke kaze pa sto ako, site politicari taka si podlazuvaat? Da ama sega zaradi vasite glasovi ke propadne NASIOT (MOJOT!) drzaven budjet i posledicite ke mora da gi snosime site (i jas).
Од: Лавица до „македонецот“ од ЕУ
Датум: 14.07.2009 07:19:33
Го молам тој што се потпишува како Македонец од ЕУ да го употрребува уставното име на нашата држава. Воедно апелирам до Утрински весник во иднина да не објавува такви коментари.
Од: b
Датум: 14.07.2009 07:49:03
Бог да чува! Овој бил дабетер и од Трајко Славевски. Ех, Македонијо, на что спадна со вакви министри!
Од: do lavica
Датум: 14.07.2009 08:32:13
Може ли еднаш да замолкнеш?Како не ти е досадно (здодевно) да везеш едно те исто. Луѓево барем не се повторуваат, а ти тоа па тоа! Ти моли го Утрински, а јас те молам тебе, укини се самата себеси. Зарем не ти стана до сега јасно што луѓево мислат за тебе?Образ- ѓон.
Од: Ratko
Датум: 14.07.2009 08:41:37
I Hitler i Gebels drzea optimisticki govori na samo nekolku dena pred da se samoubijat. Go ubeduvaa Germanskiot narod deka se na cekor pred konecnata pobeda. Znaete site dobro kakva bese zavrsnicata. Unistena i podelena Germanija. Slicno i nas ne ceka, i toa mnogu brzo.
Од: Do Lavicata ili Irina
Датум: 14.07.2009 08:57:37
Seuste ne dobi instrukcii od tvojot Ovcar sto da komentiras deneska pa od tvojot mal mozok pisuvas za FYROM? Irina od Kavadarci , pardon Lavica daj komentar za lagite na tvoite od DPMNE sto se napisani vo tekstot, i za "ekonomskiot raj" sto go vetuvaa!
Од: Земјоделец
Датум: 14.07.2009 09:02:16
Насадив лозје од 4 декари.Дали и него да го сметаме во странски инвестиции за да стигнеме до 8 - те милијарди што беа ветени.
Од: Ivan
Датум: 14.07.2009 09:34:46
Zar posle site LAGI sto ni gi servirase samo vo poslednava godina ima nekoj sto mu veruva na ovoj "minister" vo ovaa drzava
Од: Трпе
Датум: 14.07.2009 10:07:42
Кумот бил поголем лажов и од кумашинот.Но има право чоекот е повозрасен има поголемо искуство и има шетано низ светот.Само кога лаже низ оние цвикерите ,многу убао му се гледат очите.Но на крај ќе излезе дека на мистер Рејтинг наголема инвестиција му се Ставревски И Самак.Сигурно повеќе средства има инвестирано во нив.За малку ќе заборавев ,дека еден бугарин,на привремена работа кај нас ,инвестираше 1000 евра во мојата жигулка.
Од: Tulko Drdeski Tetovo
Датум: 14.07.2009 12:12:21
Zapametego ova covece(Stavrevski) i nikogas ne zaboravajte od kade dojde.negovata zadaca e ekonomsko raznebituvanje na Makedonija,a posle e lesno.Ljupco G.prebrzo kaza podelba na Makedonija.Ovie ke ja rasturat bez moznost za obnova.
Од: jimmy1
Датум: 14.07.2009 12:18:30
Z koi investicii zboruvaat ovie bolnive???> Isti se kako lavica, lek nema da se najde.
Од: janev
Датум: 14.07.2009 13:11:29
А зошто никој не се запраша зошто навистина со години наназад кога цел свет работеа металургии, рудници и се отвораа фабрики кај нас процесот беше обратен. Сега и само 100 милиони да има не е чудо. Чудо е како тоа им успеало на Владите во тој период
Од: sloven
Датум: 14.07.2009 13:37:58
Eden od najdobrite ministri e Stavrevski. Dajte mu malju vreme pa potoa plukajte. Da ne bese dobar Nikolce Popovski? Poraka do vlasta: da misli na ekonomijata i da ne se zanimava so luzeri kako liceto B.C i tajfata okolu nego.

Најди! во Утрински
Насловна
Фантазмагоријата со двокатните автобуси
Сто дена чистење депонии и паркови
ЦИА криела информации од Конгресот по наредба на Чејни
Никој не е одговорен за педалинките
Медиумите во Југоисточна Европа се користат за политички цели
„Ѕидање“ на правото
Сезона на балканските кавги
Без визи само со биометриски пасоши?
Минчо Јорданов ги продаде своите 20 проценти во „Макстил“?
Билатералните спорови се едно, членството во ЕУ е друго
Курбе му се прикажува на Станковски