Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Контрапункт

Курбе му се прикажува на Станковски

Никола Гелевски

Во рубриката гостува: Пандалф Вулкански

По една жестока културно-политичка сеанса со својот антиподен пријател Никола Гелевски, познатиот скопски сликар Ацо Станковски легнал да спие. И одеднаш пред него се појавил Гистав Курбе, сликарот за кого се вели дека го измислил реализмот и кој починал 1877 година. Дали појавата на Курбе била сон, халуцинација или некаква метафоричка надградба (пинокиевско продолжение) на иритантно левиот Гелевски - Станковски не можел да процени. Но, сосема се шокирал кога големиот сликар му се обратил:

- Ако го изградите, на плоштадот ќе морате да го рушите споменикот на Александар.

- Нема шанси - одговорил имењакот на славниот војсководец. - Она што вам ви е смешниот Наполеон, тоа нам ни е Аце: чувство на големина. На голем кур, ако сакаш. А една здрава раса не може да живее без курот-господар, тоа е толку јасно... Добар кур, мир у куќа.

- Господарот треба да се затепа, а не да му се дигаат олтари. Во Париската комуна ние го срушивме Столбот-Вандом, своевидниот империјален и милитарен симбол на една одвратно застарена Франција...

- И ради тоа господарот мораше пак да ја вади гиљотината од депо. Зашто му лаевте, му мочавте во песокот. Не може така со моќта. Башка што Комуната ви траеше 72 дена. Башка што варварски, вие комуњарите, уништивте културно наследство.

- Комунари. Јас наследството го штитев. Баш за време на Комуната бев одговорен за сите париски музеи. Столбот-Вандом требаше да се расшрафи и демонтира, а не да се уништи.

- Но го срушивте. Со народна веселба, патем.

- Падот на Вандомскиот столб е напад врз вертикалноста, врз хиерархијата...

- Го срушивте радувајќи се ко пагани, со маршевска музика, говори, Марселјези и црвени знамиња...

- Органот на Комуната, весникот Журнал офисиел, ден по рушењето на столбот забележува: „Париската комуна за своја должност го сметаше уривањето на тоа олицетворение на деспотизмот: таа ја исполни својата должност. Со тоа таа докажува дека правото стои над силата, и дека правдата е пред смртта, па и кога смртта е триумфална. Светот треба да го убедиме во тоа дека со меморијалните столбови што ќе се издигаат веќе никогаш не треба да ги славиме светско-историските мангупи, туку низ нив да го негуваме сеќавањето на некое славно дело во областа на науката, работата и слободата.“

- Чуј, Гистав, коа веќе вадиш цитати, знаеш за славната реченица на Вилхелм Либкнехт: „Човек не може да служи двајца господари: едновремено богот на војната и музите.“ Ти се заеба со Комуната!

- Покомплицирана е работата од обичен заеб... Чуј, па, ти, како Џон Хартфилд и Георг Грос ја напаѓаат целата граѓанска културна баштина, пеесетина години по Комуната: „Ние со задоволство го поздравуваме фактот што куршуми фучеа низ галериите и палатите и низ мајсторските слики на Рубенс; подобро таму отколку низ сиромашките куќи по работничките предградија.“

- Мене повеќе ми лежи десната страна на авангардата... Левиве се занесењаци... Раса, крв, тло, расплод - тоа ми е интересно. Правда, еднаквост, слобода - балони за мали деца.

- Звучиш сосема забегано, Станковски... Тоа е, значи, ново-старото време по најочајните рабови на Империјата: наци-фашизам на Лилипутанците што сонуваат колективистичка акупунктура врз големото тело на Гуливер...

- Ние сме Гуливер! Т.е. Александар Македонски! А вие сте Лилипутанците што не' развлекуваат и грицкаат ко мравки закопан шериф во пустина. Абе, у око ни лазите! Сте не' имобилизирале, име сте ни земале, и нашето големо македонско тело им го даовте на грчките мравки, за неколкумилениумска зимница, да имаат што да сонуваат ем кркаат... Ебате западњаците!

- Ги мешаш времињата, Станковски... Знам дека вашето јадничко племе инклинира кон 19 век, ама сеа сум ти на гости, во 21 век... И ти доаѓам за да расправиме важни работи, за односот меѓу политиката и уметноста... Место тоа, глеам некаков карикатурален родовско-расистички мистицизам, кој ми е толку добро познат и кој ја сјеба Европа до балчак, особено низ лудилото на хитлеризмот...

- Сум го сликал доста Хиќо, што е право - право е. Ама сум сликал и доста минџи, ко тебе, но и доста курови, од што ти, чинам, се воздржуваше?! Ти си, впрочем, автор на најпознатата насликана пичка во историјата на сликарството...

- Не ти одговорив на клучното прашање: дали Комуната ме сјеба како уметник... Не! Комуната беше нешто налик на уметност (а уметноста можеби не ни постои, можеби е фантазам, како што е фантазам сексуалната сатисфакција?!)... Еве што вели еден ваш важен современ филозоф, Агамбен: „Ситуацијата е плодна токму таму каде што на дело се зоните на нераскинливост меѓу уметничката пракса и политичкиот активизам, секогаш во оној момент од времето кога ќе настане моментот на неразликување меѓу животот и уметноста, при што и едното и другото едновремено ја доживуваат пресудната преобразба“.

- Коа бев млад, Гистав, ти ми беше идол... Мада, многумина те отпишаа после Комуната... Додека ти се курчеше со комуњарите некои твои колеги избраа поинакви стратегии: Пизаро, Сезан, Мане и Моне, на пример, се беа повлекле на село, во Англија или во различни форми на внатрешна емиграција...

- Можеби немаме избор... Можеби имаме само глас.

- Една од најголемите тајни на историјата на уметноста, Гистав, е дали ти си човекот со брада на фотографијата која прикажува група војници и цивили собрани зад срушената статуа на Наполеон на плоштадот Вандом?

- Тоа е мојот двојник!

- Сеедно, им го скрцкавте Столбот на ројалистите?!

- Ко што и вие треба да го расшрафите Александар и можеби во форма на некаква сфинга да го бапнете на врвот на некоја планина, да се гнездат орли на него и на аџилак да му одат само најсилните за качување Македонци...

(Авторот е издавач)


Статијата е прочитана 1672 пати.

Испрати коментар

Од: mitko e covek za diplomatija
Датум: 14.07.2009 00:48:52
Spored moe neskromno mislenje site bukefalni spomenici (spomenici postaveni za cel falsifikuvanje na istorija) treba da im se poklonat na Grcite. Taka ke se napravi eden golem gest na dobra volja. Golem del od Grcite (popametnite megu niv barem) taka ke sfatat deka vo nikoj slucaj nemame namera da im ja krademe istorijata i deka se narekuvame Makedonci (a drzavata Makedonija) zatoa sto taka, vo fazata na nasata nacionalna emancipacija, se narekuvala otomanskata provincija vo koja sto ziveele nasite pretci. Odnosno deka naseto ime poteknuva od turskata provincija a ne od Aleksandar Makedonski, koj bludnicel so svoite pajtasi. Jas mislam deka ova ke naide na golemo razbiranje i simpatii kaj Grcite.
Од: Aleksandra
Датум: 14.07.2009 01:21:06
da mu e..m pa ti ovaa energija da ja potrosheshe na pishuvanje kniga ili formalno obrazovanie, ti ph.d ke beshe so nekolku bestseleri!
Од: Greek H8R
Датум: 14.07.2009 09:05:13
Zanes,potres,zemjotres,kontrabas...taklabas rabotava...abe ostai ja trevata ako ti shkodi...zemi napishi neshto konstruktivno.A ne samo nekoi loshi tripovi.
Од: mkdd
Датум: 14.07.2009 09:34:56
daj mladiov pratete go na lechenje. mnogu kje mu pomogne da pochne da zhivee so ljubov a ne so omraza. ne mozhe chovek da go dochita tekstov od negativnata energija shto blika od nego.
Од: Петар Георгиев
Датум: 14.07.2009 13:31:47
Ова ли е за во дневен весник? По кој критериуми ? Без никаква почит за јавноста, зошто весникот е јавна работа и тоа налага одредени стандарди на говор. Гелевски си ја има неговата авангардистичка „Маргина“ и може таму да ги објавува текстовите со ваква експлицитна содржина. Не да малтретира поширока јавност. Срамота.
Од: Ози
Датум: 14.07.2009 14:18:10
Немој така Геле. Копуциве не разбираат. Спомнуваш имиња што ги нема ни на телевизија ни у жута штампа а ни во стрипови. А и во црква не се спомнуваат. Ќе те начекаат во некој темен влез, не за друго, туку кришум да им кажеш што си сакал да кажеш. Други јавно ќе те критикуваат за употреба на безобразните зборови (ќе им ги расипеш децата демек) Тие зборови им се познати, и блиски, им го знаат значењето и намената. Моето куче исто така.
Од: Predrag Terzioski
Датум: 14.07.2009 15:42:26
Konecno Kolja, Aco Depresija vo dijalog so vistinskiot covek. Sve mislam deka zakasni malku ,negovite komesari veke pocna da gi jade crvot zosto ne go spomna do sega! U sekoj slucaj bravo, posto znam deka ne e ednostavno da se rascisti so nekoj raboti,posebno ako se zatskrieni zad nostalgicen prevez na nekoe poinakvo minato (ah,mladost).Se nadevam deka ke ti bide polesno, bar ja nema vise da te gnjavam . Pozdrav.

Најди! во Утрински
Насловна
Фантазмагоријата со двокатните автобуси
Сто дена чистење депонии и паркови
Ставрески ги ѕида инвестициите што ги нема
ЦИА криела информации од Конгресот по наредба на Чејни
Никој не е одговорен за педалинките
Медиумите во Југоисточна Европа се користат за политички цели
„Ѕидање“ на правото
Сезона на балканските кавги
Без визи само со биометриски пасоши?
Минчо Јорданов ги продаде своите 20 проценти во „Макстил“?
Билатералните спорови се едно, членството во ЕУ е друго