Скопјани во англиска приказна со двокатни кинески автобуси, атмосфера по градските улици слична на старо Скопје... Овој владин сон, по се' изгледа, нема да стане јаве до крајот на мандатот на Груевски. Со завчерашното поништување на тендерот за набавка на 302 „даблдекери“, државата стави крај на исчекувањата за реализација на идејата која се промовираше пред две и пол години и која толку многу ја подели јавноста. Толку време се држеше тензија околу овој владин проект, иако изобилуваа стручни негативни критики. Но, и покрај се', централната власт остана имуна на добронамерните укажувања и продолжи да тера по свое.
Не еднаш, не два пати, туку три пати се обиде преку меѓународен тендер да најде производител на „даблдекери“, модерни, но со ретродизајн. Првиот тендер пропадна оти за планираните 102 автобуса Владата се премисли, па побара 302 возила. Откако четири компании доставија понуди на вториот тендер, тој се поништи оти ниту една од фирмите не приложи банкарска гаранција, што беше еден од главните критериуми за влез во играта. Но, ни последниот пат, третата среќа на тендерот не се покажа како добитна. Државната комисија утврди оти нејзината понуда автобусите да ги испорача во рок од 12 до 18 месеци по потпишувањето на договорот за набавка не соодветствува со бараните критериуми од тендерот.
И сега што понатаму? Ќе се распише нов тендер, најавија од Министерството за транспорт и врски, без да прецизираат кога и под кои услови. Дали и какво решение можеби ќе понуди градската власт, не се прецизира. Единствено е познато оти градоначалникот Коце Трајановски решавањето на проблемите со јавниот превоз, како што велеше во кампањата, ќе ги решава заеднички со централната власт.
Очигледно, повторно скопјани ќе се држат на стенд-бај, што можеби и во изминатиов период се изроди како намера на Владата. На тој начин таа две и пол години, во кои минаа и неколку изборни циклуси, можеби купи и понекој поен во јавноста. Откако како цунами светската економска криза дојде и кај нас, стана јасно оти државниот буџет треба да се скусува. Дали тука лежи вистинската причина за пропаѓање на последниот тендер или, пак, во наводите во јавноста дека автобусите треба да ги купиме двојно поскапо од нивната вистинска цена, останува мистерија. Кога разрешениот министер за финансии од собраниската говорница го преколнуваше премиерот да направи итен ребаланс на буџетот и да се скусат 100 милиони евра, станува јасно дека трошењето на 60 милиони евра од државната каса за кинеското задоволство ќе ги искинеше танките конци на кои едвај се држи државната каса.
Со тие пари скромно, но, сепак, ефикасно требаше да дадеме наш придонес во заздравувањето на економијата на Кина во овие стресни времиња. Во исто време кога понуда за изработка на „даблдекерите“ достави и македонската компанија „Санос“. Сигурно дека тие пари, или дел од нив, можат да се пренаменат за изградба на трамвај во Скопје, кој е целосно готов на хартија. Да се почнеше со реализација на првите десетина километри од трамвајските шини, етапно за неколку години, како што беше планот и за набавката на автобусите, скопјани до 2011 ќе добиеја брз, еколошки и далеку поисплатлив проект. Во него ќе беа вклучени цели тимови македонски стручњаци и градежници. Но, тоа не е дел од фикс-идеите од кабинетите на „Илинденска“ бб и затоа не треба да се поддржи. Иако со изградбата на трамвајот барем за наредните 5-6 години ќе имаше работа за многу луѓе, ќе беше инвестирано во инфраструктура што ќе трае барем 50 години и ќе се шири како пајакова мрежа. Но, што да се прави, сонот од 50-тите години од минатиот век и подарените англиски двокатни автобуси изгледа се поважни од проекциите за развој.
Најдобрата работа што може да ја направи Владата е целосно да го напушти овој проект, да признае дека згрешила и ако веќе сака да троши, да се ориентира кон трамвајот. Ќе заработи силни аплаузи, а вака се плаши таму да не стигнат кривични пријави од кои некој може да настрада.
Груица нека пукнат душманите следниот тендер троспратни автобуси, барем по нешто да сме први на Балканот.
Од: Brian , Canada
Датум: 14.07.2009 01:04:42
G-gjo Trajkovska a da se javeite na konkurs za premier ili gradonacalnik? Se znaete najdobro! Pa vladata treba ova, pa ona, alal da vi e? Samo ne znam sto ste po profesija, novinar ili soobrakaen inzener ili inzenjer za teski ili sinski vozila. Vo vladata mora da se slepi cim ne vi davaat da go vodite ministerstvoto. E VMRO, ne gledas kakvi strucnjaci ima vo utrinski.
Од: ЕУ
Датум: 14.07.2009 07:20:41
Само трамвај!
Од: kole
Датум: 14.07.2009 08:02:14
Дај веќе нека престане дечурланата од Илинденска бб да не замара со квази и глупави проекти за мали дечиња, јас сум уморен, Скопјаните верувам повеќе, јасно е дека за ништо не ги бидува, само Македонија се уназадува, а Mr Brian from Canada подобро нека си ја гледа работата, ако не помага со своите совети, барем нека не и одмага на македонија... а ВМРО-вските способни кадри нека си ги земе во Канада и таму нека ги спроведуваат УСПЕШНИТЕ тендери за в џеб...
Од: Profesorot
Датум: 14.07.2009 08:45:31
Зошто никој не поставува прашанје како е можно
ЛОКАЛЕН градски превоз да се финансира од буџетски пари.Зарем не е логично автобусите да се плаќаат од општиските буџет.Затоа и се нарекува локален а не републички.Половина од граѓаните во Македонија нема никогаш да ги почувствувает удобностите на овие автобуси
Од: Ванчо
Датум: 14.07.2009 09:09:00
Една од причините, можеби и клучната, за поништување и на овој тендер, се недоамна изнесените обвинувања (поткрепени со докази) од страна на Ден Дончев (кој е приказна за себе).
Во нив јасно беше покажано дека постои „разлика во цена“ од 25 милиони долари (или евра, не се сеќавам) во споредба со понуди кои ги дале други компании во други земји. Добра сумичка за „ребаланс на буџетот“ на премиерот со фамилијата.
Од: mimi
Датум: 14.07.2009 09:52:35
Moze li tie sto ziveat vo Kanada Avstralija......golemite patrioti da ne ostavat nie da si raspolagame so nasite pari vo budzetot i nie da se raspravame so nedovetnava VLADA sto ja izbravme ,a tamo kaj sto placaat danok ,da im solat pamet.Golemite MAKEDONCI ja napustija Makedonija i od strana sega ni mudruvaat
Од: Makedonec sto zivee vo Makedonija
Датум: 14.07.2009 10:13:06
hahahahhaahahhhahh citajte go komentarot na najgolemiot patriot so kanadsko ime BRIAN patriotot strucnjak isto kako Orce profesoro,pobornicite za Makedonskata kauza preku sedum morinja i planini hehehehehehehhehehehehehehehehehehehehheh
Од: Do Brian od Canada
Датум: 14.07.2009 10:42:18
A tebe da te vikne vladata za ministar? da objasnis kakvi dvokatni avtobusi imate tamu, a? od onie na eden sprat po sini sto vozat.. sedi si ti miren, a konecno nekoj pak da go spomne toj tramvaj, samo se nadevam deka na nekoj merodaven vo izvrsnata vlast ke mu tekne deka toa e normalno i pravilno resenie.
Од: Пинг
Датум: 14.07.2009 12:11:55
До Ванчо: Извини пријател,ама и ти лупаш глупости. Еве, се разбирам нешто во автобуси, спремен сум на ептен голема опклада дека и „оние другиве“ кинези кои понудија автобус за шеесетина илјади евра, ќе понудат многу приближно иста цена за автобус со технички карактеристики како оној на тендерот од страна на YUTONG GROUP, се разбира со вклучени сите трошоци кои произлегуваат од тендерската постапка. Кога сакате и каде сакате. Поздрав до сите Ваши и наши. ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА, НЕ БИДЕТЕ СЕЉАЧААНА.
Од: AlexMKD
Датум: 14.07.2009 13:06:52
Прво, не ми е јасно зошто централна власт се грижи за превозот на главниот град и распишува тендери, наместо да му го зголеми буџетот на градот и тој самиот да си ги решава проблемите со градскиот превоз. Никаде во светот не сум слушнал таква практика, тоа е мешање во ингеренции на градот и нејзината администрација. За промена, барем нека послуша дел од стручните мислења, ако им е толку до „Старо Скопје„ нека купат 5-10 двокатни автобуси колку за шмек низ градот, а кои ќе возат во централното градско подрачје, а останатите нека бидат нормални автобуси какви што има секаде во свет. Ова не е Лондон, каде луѓето седнуваат и се возат по 1 час во автобус, туку се задржуваат по 15-20 минути на секоја релација, така што, глупаво е за толку кратко време некој да се пентри на кат во автобусот и притоа да си ја наведнува главата за да не удри у кров. Јас сум за Мерцедес. :)
Од: dimi61
Датум: 14.07.2009 14:25:14
До оние о д Канада , Австралија и не знам од каде се уште не патриоти.Ме интересира колку од вас дојдоја за време на кризата да ја бранат Македонија ?Сигурно ни еден.И затоа престанете да се лигавите по весниците.А Скопјани сигорно имаат осеќај дека се возат во новите автобуси. Бидејќи лагата кажана 100 пато станува вистина.
Од: tatoo
Датум: 14.07.2009 15:24:29
На сите што тропаат глупости. Автобуси требаат. Тендерот треба да го добие македонска фирма. Ем автобуси ем полесно за контрола за (недај боже) дубиози.
Од: тендер-мајстор
Датум: 14.07.2009 15:45:49
ве фативме, Бандити!!
Од: Trajko
Датум: 14.07.2009 15:51:59
Opravduvanjata na propagandnata i kriminalna vlada za ponishtuvanjeto na tenderot za nabavka na dvospratnite avtobusi od Kina ne drzi.Koga beshe otkrieno deka pozadi ovoj tender lezi golem kriminal,vladata reshi na kukavichki nachin da bega.Ako greshkata vo tenderot bila samo ova deka namesto za 12 meseci prvite avtobusi ke stignaty vo rok od 18 meseci,voda ne drzi.Dali sega na chetvrtiot tender avtobusite ke stignat pobrgu sigurno ke bidat izgubeni poveke od 6 meseci dodeka da se prifati nov tender.Kakva e taa kineska firma koja za 12 meseci nemoze da isporacha 100 avtobusi.Nekoj ,pod hitno mora da odgovara,sega moze da porachat i trospratni,nekoj treba da si obezbedi prestoj vo idrizovo.