Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Дик Чејни ја злоупотребувал ЦИА

Агенцијата криела информации од Конгресот по наредба на Чејни

ВАШИНГТОН - Централната разузнавачка агенција (ЦИА) криела информации од американскиот Конгрес околу тајната програма за борба против тероризмот по наредба на потпретседателот Дик Чејни, изјави во неделата еден сенатор додека демократите побараа спроведување истрага. Сенаторката Дајана Фајнстајн, од редовите на демократите, за „Фокс њус сандеј“ изјави дека директорот на ЦИА, Леон Панета, ја обелоденил инволвираноста на Чејни кога пред две недели ги информирал членовите на Конгресот. Таа наведе дека Панета им кажал дека ја укинал програмата.

Претседателот Обама, демократ, во почетокот на годинава го именуваше Панета да биде шеф на оваа агенција. Се' уште тајната програма, за која „Њујорк тајмс“ посочи дека никогаш не станала оперативна, почнала по 11-септемвриските напади врз САД во 2001 година. „Волстрит џурнал“ соопшти дека тајната иницијатива, окончана од Панета, била обид да се спроведе овластувањето добиено во 2001 година од тогашниот републикански претседател Џорџ Буш да се уапсат или убијат оперативците на Ал Каеда. Цитирајќи сегашни и поранешни владини официјални лица, весникот информира дека ЦИА потрошила пари за планирање и веројатно за одредена обука, меѓутоа, иницијативата не станала целосно оперативна. Панета им ставил крај на обидите на ЦИА откако дознал за тоа на 23 јуни, објави „Џурнал“.

Веста за инволвираноста на Чејни, објавена од страна на „Тајмс“ во неделата, предизвика излив на критика од сопартијците на Обама и поддршка од ривалските републиканци во Конгресот. Фајнстајн, која претседава со Комитетот за разузнавање при Сенатот, изјави: „Директорот Панета навистина не' брифира пред две недели - мислам дека тоа беше на 24 јуни и, како што беше информирано, ни кажа дека му било кажано оти потпретседателот наредил за таа програма да не се информира Конгресот“.

На прашањето дали за оваа работа треба да се спроведе истрага, Дик Дербин, одговорниот за дисциплината и редовноста на мнозинството во Сенатот, изјави: „Апсолутно“. „Извршната гранка на власта не може да креира програми како оваа и да го држи Конгресот во темнина. Постои потреба за обелоденување“, изјави Дербин за Еј-Би-Си. „Тоа треба да биде направено на соодветен начин за да не ја загрози нашата национална безбедност. Меѓутоа, да се има огромна програма што се крие од лидерите во Конгресот не само што е неумесно туку тоа би можело да е и незаконски“.

Фајнстајн и демократот Патрик Лихи, претседавач на Комитетот за правосудство при Сенатот, инсистираа на тоа дека никој не смее да оди надвор од законските рамки. На прашањето околу инволвираноста на Чејни, Лихи за програмата „Лице на нацијата“ на Си-Би-Ес, изјави: „Би сакал да знам дали тоа е вистина или не. Видете, никој во оваа земја не е над законот... Не може да постои некој што ќе каже, добро, ако сте потпретседател, не мора да го почитувате законот“. Фајнстајн изјави дека Конгресот „требаше да биде информиран“. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 842 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 14.07.2009 12:23:09
Nena sto da se ocekuva od americkite teroristicki lideri. Uste kolku raboti krijat, ali sve ke izleze na videlina. Pveketo drzavi vo svetov ne i veruvaat poveke na Amerika, a nie ne sme vo niv, im veruvame na site lagi.

Најди! во Утрински
Насловна
Фантазмагоријата со двокатните автобуси
Сто дена чистење депонии и паркови
Ставрески ги ѕида инвестициите што ги нема
Никој не е одговорен за педалинките
Медиумите во Југоисточна Европа се користат за политички цели
„Ѕидање“ на правото
Сезона на балканските кавги
Без визи само со биометриски пасоши?
Минчо Јорданов ги продаде своите 20 проценти во „Макстил“?
Билатералните спорови се едно, членството во ЕУ е друго
Курбе му се прикажува на Станковски