Број 3035  вторник, 14 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Без визи само со биометриски пасоши?

Долгонајавуваната одлука на која ќе се препорача укинување на визите за нема да биде соопштена денес, туку утре

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Долгонајавуваната одлука на Европската комисија со која ќе се препорача укинување на визите за Македонија, Србија и за Црна Гора нема да биде соопштена денес, туку утре, и не во Стразбур, туку во Брисел – известија од кабинетите на еврокомесарите Оли Рен и Жак Баро. Она што е поважна вест, иако не може да се потврди моментно со сигурност, е дека таа ќе важи само за граѓаните со биометриски пасоши, нешто што досега не се спомнуваше во преговорите како крајна опција.

Тоа значи дека сите што немаат таков документ во моментов треба да побрзаат ако сакаат од 1 јануари идната година да патуваат на територијата на ЕУ слободно, иако во принцип одлуката звучи апсурдно и треба да се види дали се однесува на сите три земји или ја исклучува Македонија.

Третата неофицијална вест е дека во предлогот на Европската комисија за укинување на визите не се споменува датум за старт на безвизниот режим, иако официјално се зборува јавно за 1 јануари идната година. Затоа, пак, од Србија се бара исполнување на толку комплексни услови, па немањето датум може да го пролонгира рокот за старт на безвизниот режим и за Македонија.

Според она што се дознава од Брисел, бидејќи предлогот се' уште е доверлив документ, во него се бара јасно префрлање на Македонија, Србија и Црна Гора на белата шенген-листа на ЕУ, а последните две откако ќе ги исполнат условите за тоа, временски ограничени до донесувањето на одлуката од Советот на ЕУ, најверојатно, во ноември. Притоа, се предлага Косово, кое со Резолуцијата 1.244 се третира како дел на Србија, да остане надвор од укинувањето на визниот режим, бидејќи не беше ниту дел од преговорите, тоа да не важи, исто така, за пасошите што ќе ги издаде Србија на граѓани со живеалиште во Косово и да се применува само на биометриските пасоши.

Притоа, Белград треба да исполни четири клучни услови, од подобрување на контролата на границата со Косово и соработката со ЕУЛЕКС, борба против корупција и организиран криминал, примена на закон за странци и за миграција, гаранции за безбедност на патни документи и гаранции дека нема да влезат тука и пасошите на граѓани на Косово, нешта што во овој краток рок се тешко остварливи. Европскиот парламент ќе треба наредните три месеци да се изјасни за предлогот и ако ЕК го упати веднаш, тој веќе до 30 ноември би требало да се најде на Советот на министрите и да биде усвоен.


#
Статијата е прочитана 4970 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 14.07.2009 00:16:14
Evropskite zemji dosega zarabotivaa ogromni pari od vizite. Od 2010 natamu, namesto od vizi, ke zarabotuvaat pari od ocajnite Makedonci koi ke otidat vo EU "da si ja probaat srekjata" na crno. Da, nekoi ke "uspeat", no mnozinstvoto ke si ja potrosat zastedata vo EU, i ke se vratat vo FYROM so prazni dzepovi.
Од: boris
Датум: 14.07.2009 00:30:19
vreme bese. navistina ne iznamacija ama vo 2010 ke bide polesno. slobodata na dvizenje e neotugjivo covecko pravo i civilizaciska obvrska. me raduva ova
Од: Simo
Датум: 14.07.2009 03:13:41
Ova e sosema vo red so biometriskite pasosi, sreka sto ne baraat diplomatski da imame
Од: bore
Датум: 14.07.2009 08:08:50
без визи само со бугарски пасоши :)
Од: suzana
Датум: 14.07.2009 08:15:38
vi teknuva na prikaznata koga carot ja mazel kerkata,za idnite mladozenci postavuval uslovi koi se nevozmozni kolku da ne ja dade kerkata.taka e kaj nas i za vizite i za vlez vo evropa
Од: flying-monaco
Датум: 14.07.2009 10:12:11
Bravost be Slobodanka, cinichki pisuvash.Denes ili utre dali e bitno? kade ke se dade informacijata dali e bitno? ocigledno deka ti e krivo ako gragjanite go dobijat ova pravo.Aposebno ti e krivo sto deneshnava vlada toa go sraboti.
Од: Маки
Датум: 14.07.2009 10:39:49
Тие што зедоа бугарски пасоши нека се сликаат сега со нив!!
Од: od makedonec vo eu
Датум: 14.07.2009 13:31:26
Epa kolku i da zvuci bugarofilski moi sogragani so bugarskite pasosi kolku tolku vo nekoi zemji i ima pravo na rabota a sega so nasite ke moze samo da se patuva sto e mnogu, no nema da imame pravo na rabota.za zal toa e vistinata . thanks
Од: do Maki
Датум: 14.07.2009 15:02:46
Maki, nasata drzava treba da se slika , kolku odliv na pari otide za tie BG pasosi a isto e so avtomobilite na Bg tablici. Poveke od 20 godini site vladi vodat apsolutno pogubni politiki i zadovoluvanje na bliski biznis grupi do niv. Taka nema razvoj na drzavata i zatoa nema investicii ili se minimalni zatoa sto ke bides na atak na politikata na site vladi prethodni i idni. Taka ke bide se do clenstvo vo Nato I Eu. (homologacija,skapi zeleni kartoni, skap benzin i x,x,x drugi gluposti koi gi nema vo sosedstvoto) . Drzavata ednostavno ne krade so golemite davacki.
Од: stefan
Датум: 14.07.2009 15:25:21
Neznam zosto ovaa novinarka tolku se raduva na sekoja i nalmala moznost za neuspeh na Makedonija. Epten e nepopravliv antimakedonec! Za vizite edinstven problem e kako sega alcnite birokrati od EU da se otkazat od parite sto gi dobivaa od izdavanjeto vizi: 300.000 vizi * 35 evra = 10.500.000 evra / godisno. So tie pari si gi podmiruvaa trosocite na svoite ambasadi i plus delea sitni donacii, ama so nasi pari !!!
Од: Lihnidski
Датум: 14.07.2009 16:23:59
Shto se odnesuva do Bugarskite pasoshi ako imas takov moze da rabotis vo EU, a so Makedonskiot moze da patuvas. Ne gi meshajte brzinite edno e da gledas da slikas so aparat drugo e da si del od EU. Ovoj dogovor treba da se sluci i so Avstralija i drugi zemji.

Најди! во Утрински
Насловна
Фантазмагоријата со двокатните автобуси
Сто дена чистење депонии и паркови
Ставрески ги ѕида инвестициите што ги нема
ЦИА криела информации од Конгресот по наредба на Чејни
Никој не е одговорен за педалинките
Медиумите во Југоисточна Европа се користат за политички цели
„Ѕидање“ на правото
Сезона на балканските кавги
Минчо Јорданов ги продаде своите 20 проценти во „Макстил“?
Билатералните спорови се едно, членството во ЕУ е друго
Курбе му се прикажува на Станковски