Избраниците на Нонковиќ вечерва гостуваат во Москва
Со вечерашниот натпревар од 20 ч. против Русија во Олимпискиот базен во Москва, македонската ватерполо репрезентација на Македонија ќе го заврши својот дебитантски настап во Светската лига. Мечот што требаше да се одигра при крајот на април, а се одложи поради ерупцијата на вулканот на Исланд, решава само за избегнување на последното место во групата, бидејќи Хрватска веќе е на завршниот турнир во Ниш. Затоа, селекторот Стеван Нонковиќ го подмлади составот за реваншот со Русите, па меѓу 13 играчи само шестмина се интернационалци. (Р.Д.) |