Металург ги добива ривалите во квалификациите за ЛШ
Машкиот ракометен првак на Македонија, Металург, претпладнево ќе ги дознае трите противника во групата од квалификациите за Лигата на шампионите, во која ќе биде носител. Освен Татран Прешов од Словачка, кој исто така е во првиот шешир и со тоа не може да им биде ривал на патот до групната фаза, можни ривали на „металурзите“ се норвешки Драмен или украинско Запорожје од вториот шешир, австриски Брегенц или белоруски Динамо Минск од третиот и Порто од Португалија или Бешикташ од Турција од четвртиот.
По оформувањето на двете квалификациски групи, со ждрепка ќе бидат одредени и нивните организатори. Натпреварите ќе се одиграат од 3 до 5 септември. (Р.Д.)