Португалија ја прегази Северна Кореја со 7:0!
Португалија ги одигра најимпресивните 45 минути на Светското првенство. Откако по првиот дел водеше против Северна Кореја со 1:0 со голот на Миерелеш, во вториот дел постигна нестварни шест гола. Во листата на стрелците се запишаа Симао, Алмеида, Тијаго (два пати), Леидсон, но и Роналдо, кој во 88 минута ��реќно ја затресе мрежата на катастрофалните Севернокорејци.
Никој не очекуваше таков нивен дебакл по добрата партија и поразот од Бразил во првиот натпревар од 1:2. На Португалија и беше потребна победа, но и беше потребна и подобра гол разлика. И едното и другото Португалците го одработија на маестрален начин, па сега Брегот на Слонова Коска ќе мора да го повтори истото во последното коло со С.Кореја, ако сака во втората фаза. А, згора на тоа Бразил ќе треба да ја совлада Португалија.
Инаку, Северна Кореја не беше баш толку слаба како што кажува резултатот. Особено во првиот дел Корејците покажаа заби и можеа да постигнат и гол преку Парк. Но, по голот на Симао во 53 минута се тргна надолу. Огромната мотивираност се претвори во очај.
|