Клајстерс прва славеше на Вимблдон
Освојувачката на Ју-Ес опен и' препушти само три гема на Камерин од Италија
Некогашниот женски рекет број еден Ким Клајстерс брзо се снајде на тревата во Вимблдон и како прв тенисер што славеше на годинашното Отворено првенство на Англија се проби во второто коло со победата од 6-0, 6-3 над Италиј��нката Марија Елена Камерин. Во својот прв настап на гренд-слемот во Лондон по 2006 година осмата носителка го заврши првиот сет за само 24 минути. Камерин, која го претрпе својот шести пораз во првото коло на Вимблдон, даде поголем отпор во вториот сет, но во осмиот гем го загуби сервисот, а приказната за неа заврши кога со ритерн ја погоди мрежата.
Следна пречка за Клајстерс ќе биде Хрватката Каролина Шпрем, која ја совлада Американката Бетани Матек-Сендс со 6-3, 6-4.
Други резултати од првото коло, жени: Јунг-Џан (Тајван) - Шнидер (Швајцарија) 6-0, 6-2; Звонарева (21., Русија) - Љагостера-Вивес (Шпанија) 6-4, 6-1; Бартоли (11., Франција) - Гергес (Германија) 6-4, 6-3; Петрова (12., Русија) - Малек (Германија) 6-4, 6-3; Пери (САД) - Јакимова (Белорусија) 6-2, 4-6, 9-7; Кириленко (27., Русија) - Фогеле (Швајцарија) 2-6, 6-4, 7-5; Кудрјавцева (Русија) - Арвидсон (Шведска) 6-4, 6-1; Мартиќ (Хрватска) - Балтача (В. Британија) 2-6, 7-5, 6-3 итн.
Мажи: Присјежни (Полска) - Љубичиќ (17., Хрватска) 7-5, 7-6 (5), 6-3; Брандс (Германија) - Андреев (Русија) 7-6 (5), 7-6 (4), 7-5; Лу (Тајван) - Себалос (Аргентина) 7-5, 6-4, 6-3; Беранкис (Литванија) - Бол (Австралија) 6-2, 6-0, 3-6, 7-6 (5); Фиш (САД) - Томиќ (Австралија) 6-3, 7-6 (8), 6-2; Лопез (22., Шпанија) - Ливајн (САД) 7-6 (2), 3-6, 6-2, 6-3 итн. |