Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Кипарска Омонија се одомаќини во Македонија

Тимот од Никозија доаѓа третпат, сега против Ренова во ЛШ, Работнички ќе игра со Луситанс, Тетекс со Вентспилс, Металург со Карабах

Сашко Ѓ. Димовски

Вицешампионот Работнички со најмногу среќа, шампионот Ренова со најмалку, при вчерашната ждрепка во Нион за квалификациските рунди во европските фудбалски купови за сезоната 2010/11. Во дебитантското учество во ЛШ тетовци налетаа на силната Омонија од Кипар во второто коло. Првиот меч ќе го одиграат во гости на 29/30 јуни, како и останатите три наши претставници во меѓународните натпреварувања ова лето, реваншот е закажан за 06/07 јули. Кипраните, летово, по трет пат ќе ја посетат Македонија во последните шест години. Во претходните два наврата си заминаа со подигнати глави. Во сезоната 2004/05, во првото квалификациско коло за Куп УЕФА, ја декласираа Слога Југомагнат со вкупен резултат 8:1 (во Скопје славеа со 4:0, во реваншот со 4:1), во сезоната 2008/09, во истото натпреварување, беа подобри од Милано со вкупни 4:1 (дома победија со 2:0, на „Милано арена“ во Куманово со 2:1).

Затоа, пак, далеку повеќе причина за задоволство и опти��изам може да се најде во таборот на „романтичарите“. Нивна прва дестинација во годинашните настапи во Лига Европа ќе биде Андора и тамошниот аматерски состав на Луситанс. Работнички ќе гостува на Пиринеите на 1 јули, возвратниот меч е седум дена подоцна во Скопје. Во случај да го мине Андорците, што е без сомнение за очекување, македонскиот вицепрвак ќе обезбеди двомеч со ерменска МИКА во наредното коло. Во таа ситуација првиот натпревар ќе се одигра на националната арена „Филип Втори“ на 15 јули, седум дена подоцна на стадионот во Ереван.

Екипата на Тетекс во дебито во европските купови ќе се сретне со Вентсплис. Тетовци беа привилегирани при вчерашната ждрепка и своето учество во Лига Европа, како освојувачи на македонскиот национален куп, ќе го почнат од второто коло и во првиот меч (15 јули) ќе гостуваат во Летонија.

Последниот наш претставник, Металург, во првото квалификациско коло за Лига Европа го доби тимот на Карабах од Азербејџан. И за составот од Автокоманда ова ќе биде премиерно учество во европските купови. Воведните 90 минути ќе ги одигра во гости (15 јули), реваншот е закажан за 22 јули во Скопје. Подобриот од двомечот меѓу Карабах и Металург, во второто коло ќе се пресмета со подобриот од пресметката меѓу Портдаун од Северна Ирска и Сконто од Летонија.


#
Статијата е прочитана 498 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Европскиот Бразил и далечниот Брег
Капело
Кисело киви за светскиот првак
Штрајк во француската репрезентација
Португалија ја прегази Северна Кореја со 7
Вести од мундијалот
Клајстерс прва славеше на Вимблдон
ЧоловиЌ прв на првиот викенд-турнир на ШСГС
МакедониЈа 12. на ЕП (Трета лига) на малта
Металург ги добива ривалите во квалификациите за ЛШ
Избраниците на нонковиќ вечерва гостуваат во Москва