Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Штрајк во француската репрезентација

Хаос во таборот на француската фудбалска репрезентација. „Триколорите“, актуелни планетарни вицешампиони, освоија само бод во двата одиграни меча на Светското првенство во Јужна Африка, а атмосферата во тимот е очајно лоша.

По исфрлувањето на Николас Ањелка од националниот тим поради навредување на селекторот Рајмон Доменех, се нижат инцидент за инцидент. Најпрво повозрасните играчи во составот се обидоа да откријат кој им дојави на новинарите за недисциплината на Ањелка, потоа настана караница и турканица меѓу капитенот Патрис Евра и кондицискиот тренер, Роберт Дуверне, по што фудбалерите одбија да тренираат прогласувајќи штрајк. Епилог од сето тоа е поднесената оставка на директорот на репрезентацијата Жан-Луис Валентин, кој предвреме се враќа во Париз.

„Играчите се однесуваат како разгалени детишта. Ова е скандалозно за Франција и за репрезентацијата. Никаде во светот фудбалерите не се однесуваат така. Ми се гади и ја напуштам федерацијата“, рече Валентин.

Како што јавуваат француските медиуми, турканицата меѓу Евра и кондицискиот тренер се случи на тренинг во неделата. „Огнот“ се обиде да го изгаси Доменех, но не успеа, а изнервираниот Дуверне во еден момент ја извади својата акредитација, ја фрли на под и го напушти тренинг. Во наредниот момент играчите одбија да тренираат во знак на солидарност и поддршка на Ањелка. За новинарите испратија соопштение во кое ги изразуваат незадоволство од одлуката на Француската фудбалска федерација.

„Целиот тим го поддржува Ањелка и протестираме против одлуката на Федерацијата за негово отстранување од тимот“, стои во нивната заедничка изјава.

Сето тоа се случи само неколку часа откако Франк Рибери изјави дека мора да се пронајде издавникот во нивните редови кој целиот случај за недисциплината на Ањелка ја изнесе кај новинарите.

„Ова повеќе нема врска со фудбал и спорт. Се отиде предалеку и за жал целата приказна е голем срам за францускиот фудбал“, рече Анри Гуаино, советник на францускиот претседател, Никола Саркози.

Франција во последното коло во групата А, денеска, ја очекува дуел против домаќинот на Светското првенство, и само уште теорија ги води во вториот круг на натпревари.


#
Статијата е прочитана 1316 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Европскиот Бразил и далечниот Брег
Капело
Кисело киви за светскиот првак
Португалија ја прегази Северна Кореја со 7
Вести од мундијалот
Клајстерс прва славеше на Вимблдон
ЧоловиЌ прв на првиот викенд-турнир на ШСГС
МакедониЈа 12. на ЕП (Трета лига) на малта
Металург ги добива ривалите во квалификациите за ЛШ
Кипарска Омонија се одомаќини во Македонија
Избраниците на нонковиќ вечерва гостуваат во Москва