Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Во Германија наместени повеќе од 60 меча!?

Германската телевизија „АРД“ ја емитираше во понеделникот вечерта емисијата Факт во која изнесе податок дека Во Германија во 2005 година биле лажирани повеќе од 60 натпревари.

Во емисијата се цитирани изјавите на анонимен сведок со српско потекло кој тврди дека бил близок со Хрватот Анто Шапина, еден од осомничените во обложувачата афера што ја тресе Европа.

Србинот од Хамбург кажа дека биле наместени пет натпревари од Втората лига, додека останатите лажирани натпревари биле од понизок ранг. Шок предизвика и неговата изјава дека еден клуб во 2007 година испаднал од Втората лигата откако два негови натпревари биле наместени едно подруго. Таа сезона во трето одделение се спуштија Есен, Унтерахинг, Бургхаузен и Брауншвајг.

„Се случи тоа малку пред крајот на сезоната. Клубот остана без шест бода и испадна од лигата“, кажа сведокот истакнувајќи: „Околу 80 отсто од случаите на манипулација беа успешни и ние добивавме заработка колку што сакавме“.


Бензема со автомобилот удри во дрво, Туре сака да си оди од Барса

Францускиот напаѓач Карим Бензема ќе се обиде да ги заборави деновиве по дербито со Барса. Откако неговиот Реал загуби на „Ноу камп“ Бензема при враќањето во својот дом имал сообраќајна несреќа. Со брзина од 50 км. на час Бензема со својот автомобил се забил во дрво покрај патот, во непосредна близина на неговата куќа.

Автомобилот бил многу оштетен, но сепак, репрезентативецот на Франција бил лесно повреден. Бензема во дербито заигра во последните 30 минути, а неговиот тим со поразот од 0:1 и го препушти врвот на Барселона.

Иако, немаше сообраќајна несреќа како Бензема, дефанзивецот на Барселона Јаја Туре се чувствува исто лошо. Големата прослава по победата на „кралевите“ не значеше ништо за репрезентативецот на Брегот Слонова Коска. Туре нема добар статус кај Гвардиола и тоа гоп вади од такт.

„Не сум триесетгодишник секогаш да почнувам од клупа. Имам 26 години и сега сум во зенитот од кариерата. Имам сила за цел меч, но не добивам шанса да играм“, вели разочараниот Туре.

„Кога на играч ќе му се продолжи договорот тоа не се прави за да седи на клупа. Дадов придонес во освојувањето на три трофеи минатата година и не ми е лесно сега кога сум икслучен од првиот тим. Ова е чудна ситуација, мора да одлучам што е најдобро за мојата иднина“, додава Туре, кого медиумите веќе го преселија во Интер, кај Жозе Мурињо.


За Дрогба Мурињо веќе не е најдобар, тоа е Анчелоти


Стрелецот на 11 гола сезонава во Премиерлигата одушевен е од работата со новиот тренер Карло Анчелоти. За викендот Дрогба му даде на Арсенал два гола, а по блескавата партија викна на цел глас: „Анчелоти е најдобар тренер во светот. Огромно задоволство е да работиш со него, а за таквата констатација имам неколку аргументи“, почна Дрогба и додаде: „Дојде во клубот во кој не познаваше ниту еден играч, каде целиот систем е поинаков од неговиот претходен клуб. Се за него беше ново, но се снајде екстремно брзо. Со тоа покажа колку е голем победник. Навистина го сметам за најдобар во светот“.


#
Статијата е прочитана 474 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија ЃП на подготовки во Анталија!
Ватерполистите се острат за Грците
„Златната топка“ за волшебникот Меси
Далас и Милвоки до победи во неизвесни завршници
С. Вилијамс доби највисока казна во историјата на тенисот
Мерион Џонс почна да тренира кошарка
Тајгер Вудс се повлече од сопствениот турнир
ФИА потврди 12 тима за в година
Партизан казнет со 15.000 евра
Џон Кучера скрши нога, ги пропушта ЗОИ 2010
Коло на победи за Македонците во Белград