Џон Кучера скрши нога, ги пропушта ЗОИ 2010
Канадскиот скијач Џон Кучера (25), светски шампион во спуст и еден од најголемите домашни адути за медал на претстојните Зимските олимписки игри во Ванкувер што ќе се одржа од 12 до 28 февруари во 2010 година, се здоби со скршеница на ногата за време на тешкиот пад во неделната супервелеслаломска трка во Лејк Луис во рамки на Светскиот куп. Од таа причина Кучера најверојатно ќе ги пропушти Игрите во Ванкувер.
„Џон Кучера ја скрши левата нога и ќе мора да биде опериран“, објавија од канадската алпска репрезентација.
По повредата на Кучера канадските надежи за успех на ЗОИ 2010 сега се свртени кон победникот во Лејк Луис, Мануел Озборн-Паради, кој во неделата го прослави вториот триумф во Светскиот куп во кариерата (премиерата ја имаше во норевшки Квитфјел). Надежи се полагаат и во Ерик Гај и Роби Диксон кои завршија на четвртата, односно, петтата позиција во неделниот супервелеслалом. |