Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Мерион Џонс почна да тренира кошарка

Поранешната спринтерска звезда, Мерион Џонс (34), почна да тренира кошарка во екипата на Сан Антонио Силвер Старс. Нејзина желба е да се занимава со тој спорт професионално, за почеток во Европа, а потоа и во САД.

Џонс во лани во септември одлежа шестмесешна затворска казна поради давање лажни искази по заклетва во допинг аферата БАЛКО и во аферата за банкарска проневера во која беше вплеткан и нејзиниот партнер, Тим Монтгомери. За њујоршки „Тајмс“ изјави дека во моментот работи со помошните тренери на Сан Антонио со надеж дека наскоро ќе може да заигра во некој од европските клубови, а од наредната сезона и во американската женска професионална кошаркарска лига.

„Мислам дека ова може да биде интересно искуство“, рече поранешната спринтерка која се занимаваше со кошарка и во студентските денови на Универзитетот Северна Каролина.

„Кошарката може да ми овозможи да пренесам порака на младите и да добијам нова шанса“, вели Џонс.

Откако призна дека употребувала допинг во октомври во 2007 година, иако години и години демантираше такви нешто, Џонс остана без три златни медали (100 метри, 200 метри и штафета 4х100 метри) и без две бронзени (скок во далечина и штафета 4х400 метри) што ги освои на Летните олимписки игри во Сиднеј во 2000 година.


#
Статијата е прочитана 401 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија ЃП на подготовки во Анталија!
Ватерполистите се острат за Грците
„Златната топка“ за волшебникот Меси
Далас и Милвоки до победи во неизвесни завршници
С. Вилијамс доби највисока казна во историјата на тенисот
Тајгер Вудс се повлече од сопствениот турнир
ФИА потврди 12 тима за в година
Партизан казнет со 15.000 евра
Во Германија наместени повеќе од 60 меча!?
Џон Кучера скрши нога, ги пропушта ЗОИ 2010
Коло на победи за Македонците во Белград