Тајгер Вудс се повлече од сопствениот турнир
Најдобриот голфер на денешницата, Тајгер Вудс, го откажа учеството на турнирот што самиот тој го покрена. Причина е недоволното заздравување по сообраќајната несреќа во петокот. Првичните лекарски прогнози беа прилично лоши, неговата состојба беше оценета како сериозна за подоцна да се објави дека Вудс, сепак, не е во животна опасност, но гребаниците на телото останаа и сезоната за него е завршена.
Најавена беше и прес конференција која во последен се откажа по препораките на советниците да избегнува камери и новинари поради ловците на сензации. По несреќата Вудс не се појави во јавноста.
Во соопштението до јавноста призна дека несреќата се случи по негова вина, но одби да одговара на отворени прашања за забава на американска јавност. Од полицијата потврда дека Вудс не управувал во алкохолизирана состојба во моментот кога удри во хидрант. |