Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Партизан казнет со 15.000 евра

Белградски Партизан забележа голема победа во минатото коло во Евролигата на домашен терен и тоа над Олимпијакос, но експресно стигна казна од раководството на ова натпреварување и последно предупредување за играње пред празни трибини.

За време на мечот со Олимпијакос фановите на „црно-белите“ фрлаа предмети на теренот поради што клубот ќе мора да плати казна од 15.000 евра. Белграѓани го добија натпреварот со 86:80 меѓутоа судиите и делегатот не пропуштија прилика да поднесат детаљен извештај кај своите надлежни лица. Гостинските кошаркари беа гаѓани со парички, запалки, пенкала и хартиени топчиња, а едно слободно фрлање на тимот од Пиреја мораше да се повтори, откако едно такво топче заврши во главата на Халперин. За смирување на страстите на трибините не помогнаа ниту апелите на домашниот тренер, Душко Вујошевиќ.

Раководството на Евролига објави и дополнување на паричната казна, па во случај да се повторат вакви или слични инциденти во Белград, Партизан ќе игра пред празни трибини.

Денеска Партизан гостува во Малага кај Уникаха, а на 10 декември го пречекува турски Ефес Пилсен.


#
Статијата е прочитана 471 пати.

Испрати коментар

Од: cece grobar kumanovo
Датум: 02.12.2009 13:42:07
dase pobedi vakov protivnik na grobari moze dagise oprosti. so edno dobro navivanje kegi nadoknadiv 15000 evra. samo napred grobari viste 11 igrac za partiza

Најди! во Утрински
Спорт
Македонија ЃП на подготовки во Анталија!
Ватерполистите се острат за Грците
„Златната топка“ за волшебникот Меси
Далас и Милвоки до победи во неизвесни завршници
С. Вилијамс доби највисока казна во историјата на тенисот
Мерион Џонс почна да тренира кошарка
Тајгер Вудс се повлече од сопствениот турнир
ФИА потврди 12 тима за в година
Во Германија наместени повеќе од 60 меча!?
Џон Кучера скрши нога, ги пропушта ЗОИ 2010
Коло на победи за Македонците во Белград