Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Спорт

Коло на победи за Македонците во Белград

Четири победи и едно реми е билансот на петтемина македонски претставници во седмото коло на 22. „Трофеј на Белград“, со награден фонд од околу 7.000 евра. Велемајсторот Звонко Станојоски (рејтинг 2509) на две кола до крајот со 5,5 поени е на делба на третото место во конкуренција на 213 учесници откако својата четврта победа на опенот што завршува денеска ја забележа со бели фигури против интермајсторот Богомил Андонов (2276) од Бугарија.

По цел поен освоија и ФИДЕ-мајсторите Ристе Менкиноски (2326) и Зоран Илиќ (2283), како и Драгана Николовска (1695). Менкиноски со црни фигури го совлада Србинот Мирослав Томиќ (2139), а Илиќ беше подобар со бели од Стеван Рајчевиќ (2153), па обајцата со по 4,5 поени се на делба на 35. место. Николовска, пак, со бели го победи Гојко Вучиниќ (2011) и со 3,5 поени го дели 95. место.

Единствен што не победи е Роберт Велески (2280). Тој ремизира со бели со Слободан Кузмановиќ (2146) и со четири поени го дели 57. место.

Четвртото коло на опенот „Медитеран 2017“ во Риека, со награден фонд од 16.000 евра, не беше многу успешно за двајцата учесници од Македонија. Интермајсторот Орце Данчевски (2418) со црни фигури фигури го подели поенот со Хрватот Деан Клобучар (2174) и со 2,5 поена е на делба на 30. место меѓу 136 шахисти. ИМ Марјан Митков (2395) со црни загуби од Норвежанецот Кои Гандруд (2143) и со два поена е на делба на 56. место. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 434 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија ЃП на подготовки во Анталија!
Ватерполистите се острат за Грците
„Златната топка“ за волшебникот Меси
Далас и Милвоки до победи во неизвесни завршници
С. Вилијамс доби највисока казна во историјата на тенисот
Мерион Џонс почна да тренира кошарка
Тајгер Вудс се повлече од сопствениот турнир
ФИА потврди 12 тима за в година
Партизан казнет со 15.000 евра
Во Германија наместени повеќе од 60 меча!?
Џон Кучера скрши нога, ги пропушта ЗОИ 2010