Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Шоуто со билборди продолжува

Сања Наумовска

Не е тајна дека рекламирањето на билборди е доходовен бизнис. Сепак, колку и да е доходовен, за сметка на заработката не треба да се игнорираат безбедноста на граѓаните и естетиката. Рекламите на стотици билборди постојано се менуваат, сликите се вадат или се прелепуваат, а сето тоа носи многу пари. Се разбира, за оние што се директно поврзани со бизнисот.

На граѓаните им остануваат само празните џебови и пустите желби по колите, облеката, телефоните, козметиките и по се' друго што се рекламира секојдневно. И отворените прашања, да поминам ли под билбордов или може да ми падне на глава? Добро ли е зацврстено рекламното пано на покривот од зградава или поарно да не седнувам на тераса? Но, додека ние чекаме за ова да се свестат и надлежните, шоуто со билборди си продолжува.

Иако одамна со истечени договори за концесионирање, истите фирми се' уште заработуваат од хаосот со рекламните паноа. Се полни и градскиот буџет. Градските власти, кои се задолжени да ги испишат правилата на игра, некако не се брзаат да го донесат новиот правилник.

Пред некоја година направија обид самите да го изработат, па се премислија и решија да побараат консултант за да го направи тоа за нив. Засега нема ништо ниту од првиот обид ниту од вториот. А, задоволни се и оние што си ги рекламираат своите производи, бидејќи билборд си е билборд. Поставени на очиглед на целиот град и на илјадници луѓе, а ефектот никогаш не може да се спореди со реклама дадена во весник или во списание.

Но, како и секој бизнис, така и овој има слаба страна. Овој пат тоа е почитувањето на правилата и на законите. Билборд се поставува на секое ќоше што е добро видливо од раскрсница, од булевар, од кафуле или од ресторан. Не е важно дали ќе се затвори влез во куќа, во зграда, дали ќе се попречи видикот од тераса, дали ќе се нагрди дрворед. Не е важно ниту дали има место да помине пешак или велосипедист по тротоарот или ќе мора да се симне на улица. Важно е за рекламата да има место.

Иако надлежните тврдат дека ниту еден билборд не смее да им го одзема вниманието на возачите, зошто тогаш токму улиците и на булеварите во центарот на градот каде што се одвива најголемиот сообраќај, се преполни со реклами. Зошто сега кога веќе има стотици билборди и ситилајти по тротоарите, рекламите ги н��паднаа и зградите? А, таму, пак, владее вистински хаос. За да се развее платно од стотина, па и повеќе квадрати или да се нацрта чоколада или виски на фасада, треба дозвола само од куќен совет!

Вишок е прашањето колкава е стручноста и надлежноста на тројца, најчесто пензионери од куќниот совет, седнати на клупа пред зграда да одлучат дали е првенствено безбедно, а потоа и дали е лично на зградата да им се вее реклама. Секако, и за нив одлучувачки ќе биде финансискиот момент, кој ќе треба да ги покрие трошоците за чистачка и за лифт за следните неколку години.

Иако Законот нагласува дека за рекламно пано поголемо од 12 квадратни метри треба градежна дозвола, како и за секој друг објект, придружена со сите потребни документи за стабилност, безбедност, статика и слично, сепак, ретко некој голем билборд ја има. А, ако се случи, не дај боже, трагедија, сите ќе бегаат од одговорноста.

Решението треба да се очекува и да се бара во новиот правилник за поставување и концесионирање билборди, кој треба да го изработи Град Скопје. Граѓаните веќе со години го очекуваат, но по поништувањето на тендерот на кој се бараше консултант што треба да изработи правилник и нов модел на концесионирање со билбордите, очигледно е дека ќе се чека уште некоја година.

Во меѓувреме, бизнисот ќе си тече. Ќе носи пари, па многумина ќе подзамижуваат на неправилностите.


#
Статијата е прочитана 1387 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 19.08.2010 07:26:43
Во циркус држава,со билборди мора да се знае дека циркусот е присутен.На народот веќе му е прекуглава од истата престава на истиот домашен циркус.
Од: Radoznal
Датум: 19.08.2010 09:36:29
Колку данок плаќа Лазов, кој држи монопол на билбордите не само во Скопје, туку и во Македонија?! Дали тој им наплатува на политичките партии за нивното рекламирање пред изборите?
Од: trevor
Датум: 19.08.2010 10:16:47
Haos i bezredie na sekoj cekor. Letovo odejki nakaj Avstrija, mozese da ja primetam razlikata megu civilizirani zemji i neciviliziran Balkan. I vo Avstrija i vo Slovenija ima bilbordi i reklami, no ima red i se znae na kolku mesto na koe rastojanie so kakvi dimenzii i sl. Kako sto navleguva covek vo Srbija i Makedonija (citaj Banani drzavi) taka moze da go dozivuva haosot na Reklamnata Perverzija. Uste malku i na semaforite ke naredat reklamni panoa. Nejse kako i so milion slucai do sega taka i so bilbordite, celata prikaska ke se resi koga nedaj boze ke padne nekoj bilbord vo gradot, pa ke napravi steta od evideni razmeri pa posle ke im tekne daj sega da gi sredime bilbordite. Bilbordite PAGAAT. Dovolno e da se izvozi covek do prva naplatna rampa kaj katlanovo i ke gi vidi spruzeni 5-6 bilbordi kako se "suncaat" namesto da reklamiraat.
Од: Uste nesto
Датум: 19.08.2010 15:54:26
Neznam za bilbordite,ama ako padne nekoj klimatizer od nekoja zgrada?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Фирмите признаа - доцни повратот на ДДВ
Македонија без кредибилитет во САД
Заборавено училиште
Создава сопствен синџир на хотели
Необележани полициски возила ловат сообраќајни грешки
Промоторите без резултати, сепак, Владата штанцува нови
Премиера на „Мајки“ на Манчевски во Торонто
Струга уште еднаш ќе ја празнува поезијата
Германија не е Кина
Карикатура
Циганите летаат на небо
Швајцарски ултразвук ќе ги брка птиците од спомениците
Стил
Магазин