Македонската полиција по теркот на колегите од регионот
Горан Адамовски
Си возите најнормално, но ви се поткраднува некоја помала грешка во сообраќајот или, пак, свесно минувате на црвено, не застанувате на пешачки премин, возите пребрзо. Погледнувате лево-десно, нема полиција, си терате по старо. Ве престигнува автомобил, необел��жан, обичен. Штом му го видите „грбот“, се појавува светлечка табла „стоп полиција“, трепкачите светат во црвено и сино. Од возилото ви сугерираат да застанете крај патот. Излегуваат униформирани полицајци. Се легитимираат и ви велат дека сте направиле прекршок. Ве казнуваат според пропишаните закони.
Ваквите сцени не се случуваат само низ европските земји или во државите од регионот, туку и во земјава. Од почетокот на годинава и македонската полиција во цивилни возила лови сообраќајни грешки.
„Станува збор за необележани возила, опремени со најсовремена техника, кои ги снимаат сообраќајните прекршоци“, објаснуваат од Министерството за внатрешни работи.
Поголемиот дел од граѓаните воопшто не беа информирани за оваа новина, поради што често се случува да се караат со полицајците што ги запираат на овој начин, прашувајќи ги дали Законот им го дозволува тоа.
„Возев низ Скопје, веројатно, побрзо од дозволеното. Еден автомобил со затемнети стакла се обидуваше да ме престигне. Јас па уште се чудев, ‘види го овој колку брзо вози‘. Кога видов ‘стоп полиција‘, ми светна. Излегоа полицајци во униформа, ми велат дека снимиле се' и дека ме чека казна. Не ми беше јасно од каде излегоа, дали смеат така да ловат грешки, ама ми објаснија дека тоа било новина. А за казната што да правам, ми покажаа дека е снимено се', не можеш да се вадиш дека се грешка“, вели еден скопјанец што ја контактираше нашата Редакција.
Овој новитет кај нас веќе со години функционира и во земјите од регионот. Во Хрватска постои специјализирана единица „кобри“, чии припадници ловат брзи возачи по нивните модерни автопатишта. Загрепските медиуми речиси секојдневно информираат за дрски возачи, кои со брзина од над 250 километри на час летаат по автопатиштата, кои, патем, некаде се опремени и со видеокамери. Најновиот таков пример се случи пред три дена кога полски државјанин со својот автомобил по автопатот „Далматино“ возел со 236 километри на час, па „кобрите“ не можеле да го стигнат се' до наплатната рампа кај Загреб. Платил речиси 1.000 евра казна, но се спасил од одземање на возачката дозвола.
Наш државјанин, пак, во Црна Гора минал со казна до 30 евра. Како што вели, по кањонот Морача се создала колона возила што се движела споро. Еден автомобил постојано возел цик-цак и се лепел до возилата.
„Се расчисти колоната, почна да се вози нормално, а јас, токму за да не направам прекршок - возев во границите на нормалата. Тој автомобил се залепи зад мене, а бидејќи престигнувањето на тој пат не е паметна идеја, си помислив дека го кочам, па затоа и забрзав малку. Веднаш ме престигна, ја вклучија таблата ‘полиција‘ и ме казнија. Се обидував да им докажам дека на некој начин забрзав поради нив, ама бадијала“, вели нашинецот.
Возачите во земјава се поделени во мислењата дали цивилните сообраќајци треба да ловат низ патиштата. Според едни, ова е само уште еден начин за собирање пари од граѓаните, додека според други, нашето „индијанско возење само вака може да се стави во ред“.
Najposle edna pametna rabota od policijata.. Prosliot mesec bev vo Makedonija ama ne vidov promena vo divjackoto vozenje.Niz Skopje gledav preku 100 prekrsoci na den (pomnozi 400 000 koli so 100 i ke se vidi kolku prekrsoci se pravat dnevno samo vo Skopje) a na avtopat ili za Bitola nemase kola sto ne me prestigna a vozev tocno kolku sto e ogranicuvanjeto!!
Kade e policijata? Nekoj mi rece deka nemale gorivo...
Од: goran SAD
Датум: 19.08.2010 00:55:25
Da be kaj nas u Makedonija sekogas lugjeto se zalat oti polocijata sobira pari. Pa vozi po propisi i nema da ti zemat pari.
Vo SAD imam drugar sto e policaec i imaat pravo da si gi koristat nivnite civilni vozila, koi sto normalno se opremeni kompletno kako i site drugi policiski vozila, so kompjuter so site podatoci vnatre, kamera na predniot del na voziloto sto registrira se 24h i ne e mozno da se izbrise nisto i im davaat najdobri osiguruvanja vo slucaj na nesreka so toa vozilo. Ova go ima vo SAD veke 15 god. i e mnogu dobar metod za registriranje na mnogu soobrakajni prekrsoci, duri i kriminalni dejstvija
Од: kumanovac
Датум: 19.08.2010 00:56:18
retko sto napravi dobro ovaa vlast ama za ova sekoja cest.imeno,mozeme da se dokazuvame po komentarive kolku sakame ,te samo pari sakaat da zemat od gradjanite te ova te ona.notorna vistina e deka za balkanecot (a i nie sme balkanci neli)samo dobar udar po dzebot moze da mu go dotera umot i nisto drugo.skandinavcite na primer imaat vrodena kultura za se ne samo za soobracajot a nie uste od koga ke se rodime znaeme-se i prvo sto ke cuete od balkanec e:ABE KOJ GO E.E, NIKOJ NISTO NE MI MOZE.e so takov narod samo vaka treba.svedoci sme sekoj den kako se vozi i kade se se parkira nasiov narod.ke se parkira ama bas pred prodavnicata kade sto naumil da kupi nesto iako na dvaesetina metra ima kade da se parkira.toa sto ke se sozdade kolona od sto vozila dodeka toj si kupi nesto neli vo prodavnicata-ama bas go boli uvo.zatoa pozdrav za vakvata ideja i da go zgolemi policijata brojot na vakvite neobelezeni lovci na onie sto mislat deka se FRAERI I NIKOJ NELI NE IM MOZE NISTO.i da nemaat milost.
Од: strumicanka od london
Датум: 19.08.2010 01:16:34
eh super stom taka. vo anglija toa e normalna rabota.policiskata edinica se vika police interseptors, imaat svoj tv kanal i se emituvat sekoj detal...ama ne samo sto imaat kameri da snimaat greski pri vozenejtop imaat i kompjuteri koj snima nad 100 vozila vo minuta za registracija, platena taksa i pregled. i odam dava signal ako nekoj nema so site podatoci. obicno lugeto lazat pa zemak kasno i za lazenje...
Од: nikola
Датум: 19.08.2010 01:19:19
Ovde vo Kanada toa e normalna pojava za neobelezeni vozila duri i kombinja se koristat za tie potrebi . Vozis vozilo od 6 cilindra tri iljadi i nesto kubici no brzinata e sto kilometri nikoj ne komentira deka vladata go polni budzetot zakon si e zakon ako sakas da dojdes na vreme trgni porano a ako ne plati si ja kaznata za brzo vozenje. Se nadevam deka albancite ako gi kaznata nema da se povikaat na ramkovniot dogovor
Од: od jas
Датум: 19.08.2010 01:54:09
Prosetajte malku niz Struga.
Од: Ljubotan trade name
Датум: 19.08.2010 04:29:37
Boze moj!!!,Makedonija ja ,,otkri" Svetskata policiska kamuflirana kola. Celiot Svet,odamna ovaa policiska kamuflaza ja upotrebuva ,uste predi 30 Godini. I tuka ima caka,ako dobro vnimavate. Kamufliranite policiski koli vo svetot imaat dupli ;Ogledala retrovizori ,vo vsusnost,duploto se ;Svetilki - Bateri, i toa Rotacioni,da pogledaat, i vo nocta na site strani ; Pravo,Napred,Nazad,Gore,Dole, Levo ,Desno .,
Од: забеган.
Датум: 19.08.2010 05:53:21
Малку беа обележените на секој чекор,Сега уште повеќе казни за измислени прекршоци.
Од: стрико
Датум: 19.08.2010 06:01:55
Понапред обележаните возила делуваа превентивно со нивното присуство. И присуството на униформата по улиците и на други места делуваше превентивно. Сега тоа не важи и нормално е да се воведуваат новини за подобрување на состојбата. Кога би имале совесни учесници во сообраќајот со изградена култура, полнењето на буџетот со вакви мерки би бил дискутабилен.
Од: Dragan Georgiev
Датум: 19.08.2010 07:41:52
Vozacite ne se educirani za ovie noviteti na policijata. Ne objasnivte vo vasiot napis dali ova sto go pravi policijata e vo zakonska regulativa
Од: momo
Датум: 19.08.2010 08:01:17
A dali kompjuterite se opremeni so citac "svoj-tug".bidejci kaj nas tn"clanovi partije" nikogas za nisto ne placaat?
Од: pozdrav od new zealand
Датум: 19.08.2010 09:24:31
ni edna kazniva merka ne e zaludna a koga ke te udrat kade najveke te boli(dzebot se razbira) pa ti utre prodolzi po staro ako sakas
Од: Sofer
Датум: 19.08.2010 09:38:25
Abe ubavo e da se vozi po propisi ama ne mi e jasno ako na primer vozam 70-80 na Partizanska, a toj za da me prestigne i da mi ukaze na greskata mora da vo zi 90-100, kade e tuka bezbednosta?
Од: trevor
Датум: 19.08.2010 10:35:45
Abe kakvi neobelezani vozila, jas ke vi gi kazam:
- Na izlez od skopje kaj alkaloid ima zelen Rover 600 so skopski tablicki, so montirani kaeri, koj odi i snima prekrsoci pozadi vozacite, (malku rabota i za pajak sluzbata ili vnatresna kontrola, dodeka cekaat zrtva sedat parkirani vo trevnikot na semaforot pred parkingot na JSP) - pa neli i za niv vazat zakonite.
- Srebren golf 5 so skopski registarski tablicki ....istata prikazna....
GI povikuvam site koi sto gi primetile i znaat sto se imaat da gi napista javno, nema sto da se krijat.
Од: cile
Датум: 19.08.2010 10:49:47
stom e tolku efikasna policijata sto ne izleze na avtopatot kicevo-gostivar prestigat na polna linija iljadnici koli......a toa so kaznite e samo za onie sto nemat vrski.............
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 19.08.2010 10:57:10
Ништо необично, барем овде во демократијата. Пред некој ден паркирав на знакот `не стој` за 1 ипол минута само да си купам бурек од Македонецот. Се колнам. Поминала необележаната полициска кола и ме сликала. Таа воопшто немора да сопре и да се расправа со мене зошто сум паркирал...бла,,,бла. Ми дојде писмо со казна од 203 долари. Го јадев најскапиот бурек во мојот живот. Толку.
Од: Зоран
Датум: 19.08.2010 11:21:21
Македонија е земја со најлоша сообраќајна култура во Европа. Точка.
Никаде, ама баш никаде не сум видел возачи кои толку дрско ги кршат правилата, не ги почитуваат знаци��е и не загрозуваат сите нас учесници во сообраќајот.
Возењето од Скопје до Охрид е 2-3 часа константен стрес и мене лично ми е позаморно одколку да возам до Загреб. Претекнувања на полна линија, во широки криви, не непрегледен пат...и ич ама ич не ми е галје ако таквиот возач летне во некој ендек ! Проблемот е што ��о себе ќе повлече и некој ни крив ни должен.
АБСОЛУТНО ја подржувам оваа идеа и се надевам дека ќе се практицира драконски а не декларативно. Ама ај да видиме...јас лично за сообраќај како во МК не би казнувал парично туку со затвор !
Од: praga
Датум: 19.08.2010 11:24:46
abe vo normalni zemji se soopstuvaat takvite promeni koga se voveduvaat za da se predupredat graganite, samo kaj nas go pravat toa bez da kazat i posle frcat kazni. Dzandarska drzava ostanavme, vo anglija i protiv zakon da zastane dzandar bez pricina, a kaj nas ako si stranec bez 50 evra nepominuvas. Uste ke ti ja zemat vozackata i ke te nateraat da platis kazna u posta pa da si zemes vozackata od stanica, a da platis na lice mesto nemoze ako imas stranska vozacka. I posle turesit ke doagale vo makedonija, katastrofa!!!
Од: Viki
Датум: 19.08.2010 12:00:24
samo neznam kade se vo 2 i 3 noce koga motordjiite caruvaat na partizanska i ne ostavaat celo leto bez spienje,poteg mostot Obedineti nacii slatkarnica Palma
Од: mene
Датум: 19.08.2010 12:08:29
Logicno e policijata da otpocne so primena na novata 'tehnologija' onamu kade sto e najneophodno, vo slucajov 'Bit pazar' i 'Cair' (citaj: Mala Azija). Tamu se uste glavnate ulica e parkiraliste za avtomobilite, a da ne go spomenuvam gruboto krsenje na site postoecki soobrakajni propisi ... Nemam licno nisto protiv tamosnoto naselenie megjutoa se zgaduvam od lugje so niska svest i nedostatok na civilizaciski vrednosti. Za zal, selektivnata primena na zakonite dozvoluva propustanje tokmu na ovie ranlivi regioni.
Од: risto
Датум: 19.08.2010 12:45:27
А дли можат од Битпазар до Чаир да казнуваат возачи што прават прекршоци??Можат секако,но некако како да им е страв? Што мислите вие?
Од: "vodolija"
Датум: 19.08.2010 13:12:20
Mislam deka kaznata ,za bilo koj preksok ili krivicno delo, ne se izrekuva so cel, da se UNAKAZI storitelot na deloto ,tuku taa kazna da sluzi EDUKATIVNO--POUCNO , za storitelot. Za taa cel, na mestata, kade se predpostavuva deka naj poveke se pravaat prekrsocite, pokraj obaveznite soobrakajni znaci ,treba da ima i dodatni soobrakajni znaci kako na pr.: VNIMAVAJ RADAR--- VNIMAVAJ KAMERA !!!???? E, posle ,edno ovakvo predupreduvanje , storeniot prekrsok, nema mesto za komentar !!!??
Од: mimi
Датум: 19.08.2010 13:37:30
I jas sum za policiska kontrola ama noke da gi zaprat motordziite na partizanska od Simpo do Rumunska oti on niv ne ze zivee ama nikoj nisto ne im moze a nas koj ne prasa Samo kazni za motordziite noke sto pravat trki
Од: Pishuchkin
Датум: 19.08.2010 15:40:15
Aman vise so ovie komentatori od SAD,Kanada i Evropa koi se znaat,a ziveat vo nekoe makedonsko selo i zemaat po 50 den. na den za da pisuvaat komentari za procvatot na ovaa bankrotirana drzava,za "razvojot na makedonskata policija,ekonomija"...(dopolnete sami).
Од: vvv
Датум: 19.08.2010 15:55:17
Vozat li vakvi vozila niz Cair t.e. otade Vardarot? Se somnevam....
Од: r.d-Germanija
Датум: 19.08.2010 16:13:56
Ništo novo i ništo cudno so ovaa nova metoda za
kontrola na DOBRITE vozaci,oti ovie kontrolni
policajci gi ima poodamno vo cela Evropa.Za storenata greška ic ne mi e zal,ali zal mi e koga
moram da platam za nepravilono svedocenje(vo Balkanski zemji) za
kobajagi napravena saobracajna greška.
Од: jas
Датум: 19.08.2010 18:07:54
...se soglasuvam so komentarot na Strumicanka UK...posto i jas sum vo UK...i e vistina se sto taa ima kazano vo nejziniot komentar..., a vooedno i so komentarot od Goran SAD.....Bravo.....
znam posto koga bev na gosti za SAD...i jas trebav da dobijam edna kazna ...ali mioprtosija SAD NYPD :))))
Big Thanks to them
a da bese doma....nemase sansa ...ke platish pa ke klatish :))))))
Konecno....mislam deka treba red da se stave na se.
Pozdrav na site Makedonci kade i da ste.