Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Македонија без кредибилитет во САД

Откако испрати анти НАТО-амбасадор во Алијансата, Милошоски побара од Вашингтон да лобираат за нас

Слободанка Јовановска

Столбот на македонската надворешна политика изминатите две децении - добрите односи со САД - почнува да се урива пред налетот на патриотската борба за името на државата. Предводник во тоа е Владата, иако, според реториката, Вашингтон и Скопје имаат односи какви што само можат да се посакаат.

Пред два дена шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, оцени дека односите меѓу двете земји ги карактеризира „високата соработка, меѓусебното разбирање, континуираниот политички дијалог и стратегиското партнерство во рамките на меѓународните мировни мисии“, па во согласност со тоа најдрско побара од САД да лобираат позасилено во НАТО, за да се ефектуира поканата за членство, која стои ковертирана од Самитот во Букурешт. Дрско, пред се', поради анти НАТО-пораките што преку новоименуваниот амбасадор, Мартин Треневски, ги испратија не само до Брисел туку и до Вашингтон, и поради исмејувањето на резултатите од мисијата во Авганистан, која во моментов е приоритет број еден за САД и за администрацијата на Барак Обама. Дрско и поради тоа што топката од нашиот двор Милошоски ја префрла каде ќе стигне, па и во американскиот, иако пораката на САД како да се стигне до членство е кажана одамна, и многу јасно и транспарентно. Дрско и поради третманот што помошник на државниот секретар, Филип Гордон, го доби за време на последниот престој во Скопје, кога премиерот Никола Груевски глумеше дека не може да дојде на средба поради проблеми во авионскиот сообраќај.

Сепак, именувањето на Треневски ја разголи сосема политиката на Владата кон НАТО и кон САД, бидејќи молкот околу изјавите на идниот амбасадор во Алијансата не остава простор за надеж дека зад скандалозните позиции не стојат оние што ги влечат конците во земјата. „Македонија е таа што решава дали сака членство во НАТО или не. Ние нема да ја молиме ниту, пак, присилуваме. Но, ако власта стои зад изјавите на амбасадорот, тогаш пораката за нас е јасна“, беше оцената на еден амбасадор на земја-членка на Алијансата. Презентацијата на Треневски, кој, според премиерот, требаше јавно да се поправи, но тоа не се случи, е топ-тема меѓу странските дипломати во земјава, кои веќе го апсолвираа фактот дека таа не е само личен став, туку зад неа застана и МНР. Во НАТО молчат околу ова прашање, но неофицијално се дознава дека и пред скандалозниот настап на амбасадорот, во Алијансата им било јасно во кој правец оди и ќе оди политиката на Македонија, па генералниот секретар првата посета на нашата земја ја објаснил како нешто што морал, односно дека доаѓа сега, бидејќи е нов на функцијата, а следниот пат ќе ја посети Македонија кога ќе си замине од неа. Ако се знае дека САД беа креатори на Јадранската повелба, оти целиот пат на Македонија до Алијансата беше со нивна помош и режија, дека повеќе од една деценија имаат мисија за воена помош на АРМ и досега дале над половина милијарда разна помош за да се постигнат стандардите за прием во НАТО и во ЕУ, ваквата политика изгледа како удирање нож во грбот на најважниот сојузник за стратегиските интереси на земјата.

„На САД им е преку глава од Македонија. Тоа се гледа од нивото и од (не)бројноста на средбите. Добрите односи меѓу двете земји се минато“, е оцена на македонски дипломат, кој ги следи односите меѓу САД и Македонија. Според него, Вашингтон го кажа својот збор околу членството во НАТО и за спорот за името, а ние одиме во спротивна насока. Иако се очекувало некакво постбукурешко разочарување, во САД не очекувале вакво свртување на политиката и реторика која сериозно отстапува од евроатлантските вредности. Според друг дипломат, иако односите меѓу САД и Македонија навидум изгледаат стабилни, во реалноста не е така. Отсуствуваат посети на земјата од американски официјални лица и нашите функционери ги нема во Вашингтон, иако сите балкански политичари, особено грчките, имаа некакви средби на високо ниво во американската престолнина. Премиерот Никола Груевски само еднаш беше на молитвен појадок во САД, а Милошоски со американските функционери се сретна само на меѓународни состаноци надвор од САД. Вашингтон, како што се дознава, бил многу лут поради отсуството на Милошоски од конференцијата за иднината на Авганистан во Кабул, каде што не отпатува ни заменик- министерот за надворешни работи, бидејќи, официјално, бил болен иако учествуваше на настан во земјата. Да биде конфузијата поголема, Владата го зголемува контингентот на учесници во нашата мисија во Авганистан, додека амбасадорот Треневски ја омаловажува, а Милошоски не го интересира како ќе се развива во иднина. Генерално, политиката на власта кон САД се оценува како неискрена и нетранспарентна, но и самоуништувачка, бидејќи е луксуз да се има САД на друга страна. Станаа невидливи и конгресмените, кои ја поддржуваа нашата земја, па освен двајца што ја посетија Македонија во февруари годинава, јавноста заборави дека постои таква институција во САД.

Сето ова се случува и покрај декларацијата за специјално партнерство што Кондолиза Рајс ја потпиша со Милошоски, како и силната порака на претседателот Обама од Самитот на НАТО во Стразбур: „Се радувам на денот кога ќе можам да ја видам Македонија во Алијансата“. Дека ентузијазмот на Вашингтон целосно спласна кога е во прашање нашата држава, зборува и тоа што досега не е слушната изјава на амбасадорот на САД во НАТО околу Македонија иако токму таа мисија беше главна кога се правеа обиди да се посредува во грчко-македонскиот спор, во времето на Викторија Нуланд. Иако изговор за молкот на САД власта може да најде во смената на администрацијата и доаѓањето на демократите кои, како што се верува, и' се понаклонети на Грција, тоа не објаснува зошто речиси нема контакти меѓу САД и Македонија, а соработката е повеќе виртуелна отколку реална. Одговорот е дека САД со години ја помагаа Македонија, а нашите власти го разбираа тоа и ги следеа американските препораки, додека сега потезите што се влечат се токму обратни. Никој во светот не сака да помага земја што сама не сака да си помогне и чии лидери ги растураат докажаните пријателства за тесни партиски интереси. На ова се надоврзува и тоа дека премиерот во текот на единствениот престој во САД не се сретнал со најорганизираната македонска дијаспора, туку со МПО, а во Обединетите нации не' претставува амбасадор кој се онесвестил од пијанство на прием и си задоцнил на предавањето на сопствените агремани во латиноамериканска земја.


#
Статијата е прочитана 4855 пати.

Испрати коментар

Од: Realen
Датум: 19.08.2010 00:15:34
Sta da ti kazem kad sve znas?
Од: Dark Avenger
Датум: 19.08.2010 04:04:00
A sto pa tolku sme zapnale za NATO?
Од: www.makedonija.tv
Датум: 19.08.2010 04:41:47
Ova e mnogu negativen i tendenciozen tekst nasocen protiv politickite rivali, no i protiv Makedonija. Osven mozebi delot vo koj sto stoi deka Gruevski vo SAD se sretnal so MPO a ne so najorganiziranite Makedonci vo SAD. Za volja na vistinata jas licno napraviv nekolku fotografii na premierot so istaknati i aktivni Makedonci, a uste nekolku drugio bea napraveni od drugi Makedonci ( se razbira jas po obicajne se fotografirav so nego). Ne e tocno deka na Amerika i se dosadilo od Makedonia. Nasproti toa na Amerikancite im e zdosadeno od Grcija, no i od odredeni politicki krugovi vo Makedonija koi se grizat samo za "otode Gevgelija" a ne i "za otode Grupcin". Za toa ima razocaruvanje kako kaj Makedoncite vo SAD (osobeno onie koi poeknuvaat od "otode Grupcin") taka i kaj nivnite prijateli vo Kongresot i Senatot na SAD. Politicarite vo Makedonija nikako da svatat deka treba da kazat jasno deka toa sto se pravelo i se pravi 100 godini "otode Grupcin" veke e streno vo Gr, Bg, Albanija...
Од: Ljubotan trade name
Датум: 19.08.2010 05:43:10
Draga moja koleska,Slobodanka.Mislev ce ima mesto, i za moj komentar ,ama ,ovoj pat, ova e Tvoja najdobras analiza.Imas hrabrost da kazes ,barem 85%.I toa go razbiram,i toa e golema hrabrost ,a znam da znaes za 100%. za sto se raboti! Znam site me brkaat Cenzorinaat,zosto sum ;Kako Virus na Vistinata,a tia sakaat ,da bidam Virus na Nevistinata!
Од: mirko
Датум: 19.08.2010 06:18:48
Da vladata e za imeto da si ostane zasto sme Makedonci.A na vas ostanatite so sreka vo EU.A Amerikancite si ja pokazaa svojata sila vo Bukurest koga Grcija im slapna slakanica pa sega udri na nas.
Од: pameten
Датум: 19.08.2010 06:59:47
не се сретнал со најорганизираната македонска дијаспора, туку со МПО... MPO postoela vo SAD pred da ima Makedonska drzhava duri Makedonski narod. Od MPO Amerikancite znaat vistinata za Makedonija. Ako sakame kredibilitet vo SAD nema beganje od MPO. Taa ni pokazhuva deka ni treba ne "kompromis" so sosedite, toku katarzis.Da prifatime svoite korenja takvi kakvi shto bile i svetot kje ne prifati - takvi kakvi shto sme. Bravo premiere!
Од: Naum
Датум: 19.08.2010 07:04:04
So Ambasador kako Martin Trenevski vo NATO sigurno rabotite ke trgnat nadolu, coekot e veke procitan i vo NATO sigurno ke naide na tvrd priem. Najdobro bi bilo da ne se praka, ima Makedonija kadri za ovaa pozicija. Ne ni e potreben ovoj karakter Trenevski,uste ne zaminat a gi opleska rabotite na golemo. Ne smee da ni se sluci da ovoj covek zamine, Presedatelot i Vladata treba da podrazmislat dobo kogo go prakaat vo Brisel.
Од: zrak
Датум: 19.08.2010 07:24:29
statite [site] vi se nepotrebno dolgi -
Од: zoran
Датум: 19.08.2010 07:28:32
Amerikancite doagat koga oni imat potreba,a ne drugite tie ja imat nasata bezrezervna podrska sto i da napravat.Najnormalni luge, toa sto ti go davat na tacna zosto da go baras(rckas)samo da im otvoris oci pada si imas problemi.Amerikancite da pobarat atomska da frlat vo krivolak nas odma ke ne stavat na spisokot kako podrzuvaci oti oni si znaat nie znaeme oti toa e za nase dobro!!!!!!!!!!!
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 19.08.2010 07:36:34
S o nekadarni kadri, na koi materijalnoto obezbeduvawe na semejstvoto no i pokolenijata im e prioritetna zadaca nema da imame nikade uspesi...Osven vo kriminalot i imitacija na DFaravelski na povisoko nivo.A bezobrazlukot vo nastapite e za zacuvuvanje na rejtingot na Ovcarot vo pripremata za novite izbori.A deka na Makedonija ne i se pisuva dobro ,toa veke site go gledaat...Pili[tarci i egoisti ne mozat da vodat drzava.
Од: НЕ Е ДО МАКЕДОНИЈА
Датум: 19.08.2010 07:57:16
Грција несмее да има такво нацифашистичко барање. Не смее да помине грчката лага за Македонија се после тоа е дување погрешни балони. А ти Паметно Блгарче доста газиш по македонските рани. Јазикот од Македонците со говорот од Солун го прифатиле и Турско татарските Бугари а од Татари им останало само името Бугари. Се китите со македонски дејци. А 1/3 од населението во Буг се Македонци. Ако ние сме од 1945 вие сте од 1870 Грците од 1832 Србите од 1860 Албанците од 1912.
Од: Daniel
Датум: 19.08.2010 09:26:27
Informaciite vi se od "siguren" izvor poznat samo za vas? Spomenuvate SAD kako tamu da zivee samo vasiot izvor koj e tolku razocaran od makedoncite, spomenuvate deka premierot navodno lazel za nemoznosta da prisustvuva na sostanok a nemate dokazi za toa, spomenuvate diplomati- a koi se tie? Kako da vi veruvame???
Од: Стојко
Датум: 19.08.2010 10:08:32
Од акцијата „Прекинување на преговорите за името“ која навидум беше инициирана од дијаспората, сé до анти-Нато испадите на новоназначениот амбасадор во НАТО стои една координирана акција за префрлање на вината за катастрофалниот неуспех во надворешната политика на оваа влада. Македонија во моментов е осамена како никогаш досега и нејзините традиционални ЕУ-пријатели (Словенија, Германија, Австрија, Холандија, Англија) почнуваат да се свртуваат од неа. Америка си има доволно проблеми во Ирак и Авганистан и Македонија е ситна точка на нивниот радар. Се плашам дека набргу ќе дојде време кога на Европа и на светот ќе им стане досадно да ја слушаат истата мантра за името и дека потполно ќе не отпишат. А тоа највеќе му одговара на нашиот источен сосед, кој едвај чека да не лапне. Но можеби тоа е и скриената агенда на сегашната „патриотска“ влада. Со исчезнувањето на Македонија од политичката карта, ќе исчезнат и траговите на сегашниот криминал кој се одвива во невидени димензии.
Од: Isproban metod
Датум: 19.08.2010 10:08:32
Izolacionalistickata politika koja se pointenzivno ja propagira i nametnuva vlasta mu odgovara samo na tesen krug na ludje okolu Gruevski i " familijata", bidejci na toj nacin si obezbedija " selo bez kucina" i mozat da pravat sto sakaat. Za toa vreme narodot neka se "bilda" so romanticarski nacional_ patriotizam i neka im se polnat glavite so "nadvoresni i vnatresni neprijateli" i predavnici. Znaete toj nacin na vladeenje od minatoto e vece ispitan kako najuspesen za "zamajuvanje " na javnosta. Za zal Evropa SAD i svetot vece odamna ne procitra i znae so kogo si ima rabota, pa ne batali.
Од: Миле - Охрид
Датум: 19.08.2010 10:11:19
Немам соодветни зборови, а да не заличам на пишувачот на овој текст, за да ја опишам својата згрозеност од клеветите изречени во текстот на сметка на сите оние кои го бранат сопственото право да си го зачуваат името. Ова не е напад на власта. Под превезот на критика на власта, бестрамно се навредуваат, дисквалификуваат, омаловажуваат и заплашуваат сите оние кои не сакаат да се самоукинат и во одбрана на тоа се повикуваат на универзалните човекови права и слободи. Ова е отворена прогрчка пропаганда за прифаќање на нивните шовинистички барања.
Од: Тони
Датум: 19.08.2010 10:41:55
Ние сакаме да се приклучиме кон организации, кои во 21. век бесат луѓе и снимки од бесењето прикажуваат на ТВ. Исто така, на ТВ прикажуваат директни преноси од водењето на своите англо-саксонски, империјалистички агресорски војни. Дали ние сакаме да бидеме како нив? Јас мислам дека мојот народ не е таков!!! Не можам да верувам дека и ние сме такви. А, силата која ја имаат англо-саксонците, покрај другото, е последица на односот кон нив. Како пример може да се посочи фактот што и ние потпишавме согласност империјалистичките англо-саксонски фашистичко-окупаторски војници на НАТО алијансата да не одговараат пред Меѓународниот суд на правдата за своите (НЕ)дела. Поголема лудост и глупост не е забележана во историјата. А и треба да се присетиме: ние требаше да влеземе во НАТО уште 1999 година, кога дозволивме преку нашата територија да се изврши уште една невидена агресија врз Србија. Зошто се заборава? Луди сме??? За нас е многу битен фактот кој колку пати бил на молитвен појадок!
Од: slavko
Датум: 19.08.2010 10:55:44
vlada nee za eu i nato zatoa pravi vakvi gluposti sto ce i e evropa koga vaka plivat vo pari p[a eu se placa porez na imot 1-3% godisno a sto so jahtite i besnite koli za vakvo nesto vo ev ima extra danok..................
Од: Сеирџија
Датум: 19.08.2010 11:02:38
Приватната компанија наречена Македонија (за која паднале безброј жртви) со ваков „директор“ е пред банкрот и најдобро е да се поведе стечајна постапка белким нешто ќе се спаси. Каков НАТО каква Европска Унија, ние сме си доволно „силни“ да се испотепаме меѓусебе а останатите земји членки чија безбедност е „загрозена“ - биле бу��али па влегле во таа т.н. Алијанса. Митко Треневски сега во Брисел ќе им го дотера умот па ќе си видат со кого си има работа тоа НАТО. А ние анонимците ќе си џамкаме со свои коментари и ќе викаме од оџак урааа... Многу сме јаки.
Од: E-mail од Паметен
Датум: 19.08.2010 11:34:42
Да се пронајде од блгарчево паметно шпионче било каква адрсеа уши да му истргаме ништо не научил за Македонија. Има луге уште што баратаат со грчки или српски пропаганди ама блгарчево мора да му се стави стоп. А бе нека оди вака во Грција контра нив да проба. Е Македонијо сега држиш куп издајници а камоли 1903 1913 1945 1948.
Од: Deki
Датум: 19.08.2010 12:39:48
Za toa kolku e silna Amerka se vide vo Bukurest. Nasite juzni sosedi taka strucno ja isamaraa sto kutrite nemat pojma sto gi snajde.Turcija bese i e eden od najgolemite USA sojuznici ama nemaat aber da vlezat vo EU i pokraj faktot sto USA pritiska od site strani kon taa nasoka.Imeto ne se menuva taka lesno a za NATO...toa e drn drn organizacija vo koja Anglo-Saksoncite tepaat se zivo sto ne im e po merak, tamu nema pravda i pravdina.Pozdrav
Од: Goce USA
Датум: 19.08.2010 13:36:11
Grcija ke postavi uste pogolemi baranja koga NATO ke krene race od nas (a ke krene) ama togas i Albanija i Kosovo i Srbija ke pocnat da postavuvaat baranja i toa teritorijalni a i Bugarija ke najde nesto za baranje... Druga rabota sto vo takva situacija koga ne sme clenki na golema organizacija stranskiot kapital ne samo sto nema da dojde tuku i toj sto e tuka ke si zamine poradi nedostatok na bezbednost. Nikoj ne saka da si gi stava parite vo nesaglam drzava! Koj ke strada na krajot?? Glupite i nepismenite!
Од: devicanecot
Датум: 19.08.2010 14:49:58
На САД им било преку глава од Македонија! А на нам како ни е од Јенките, никој не прашува. Само видете ги резиденциите на нивните дипломати од прв, втор, трет и останат ранг! Забарикадирани се, а што е најважно..се во црно обоени???И што може да очекуваме ние од такви луѓе?
Од: Pishuchkin
Да��ум: 19.08.2010 15:28:10
Kakvi sokantni komentari ostavaat citatelive,toa e strasno...Eden se prasuva zosto SAD ne i pomognala na Turcija za EU,vtoriov vika deka go fotografiral Grujo(strasno vazen podatok),tret deka Grcite bile fasisti...Strasna rabota e toa kolku e ovoj narod otupen posle 1990 god,a pogotovo poslednive 4 godini pod boljsevicka diktatura.Ne samo na SAD,na site sme im preku glava...Sosema logicen i pameten zaklucok.
Од: Od Prijatel
Датум: 19.08.2010 17:21:30
Bravo Slobodanke ali ima edna Srpska pogovorka vrzi konj gde ti gazda kaze i ako crkne USA na nikoj za dgabe nisto ne mu dala samo mu zela za dgabe ili silum ili tamu pomaga kaj sto plajka poveke ......
Од: ilija
Датум: 19.08.2010 17:31:07
luge dabideme iskreni nije momentalno nesme ni za nato a najmalku za EU.
Од: Многу сме јаки
Датум: 19.08.2010 17:43:36
Многу сме јаки на вилици. Како некој квази-аналитичари не сваќаат прости работи. Факт 1: Србија (стара држава) се спротистави на НАТО (според мене,со право), па го изеде стапот. Факт 2: Грција (стара држава) се спротистави на Американците(НАТО) во Бук. па после тоа почна да врие во Атина, Солун. Немири, демонстрации, по некое бомбиче и слично. Но Грците останаа глуви на сите опомени од Америка(ЦИА). Е после се, конечно и ЕУ разбраа дека Грција ги крадела со години па еве ви сега криза, понижување, проблеми. Е па сега јунаци (македонски) , размислете па после тоа анализирајте кој на кого и зошто. Ние сме една микро единица во светската политика и единствен опстанок ни е само членство во НАТО и ЕУ. Се друго е утопија и празен национализам. Го нема Александар, Гоце, Даме и компанија. Тоа било па поминало, реалност денес е сосема друга и мораме да се приспособиме кон неа а не да ја игнорираме!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Фирмите признаа - доцни повратот на ДДВ
Заборавено училиште
Создава сопствен синџир на хотели
Шоуто со билборди продолжува
Необележани полициски возила ловат сообраќајни грешки
Промоторите без резултати, сепак, Владата штанцува нови
Премиера на „Мајки“ на Манчевски во Торонто
Струга уште еднаш ќе ја празнува поезијата
Германија не е Кина
Карикатура
Циганите летаат на небо
Швајцарски ултразвук ќе ги брка птиците од спомениците
Стил
Магазин

"""