Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Фирмите признаа - доцни повратот на ДДВ

Во состојба секој секому да е должен, фирмите досега отворено не кажуваа колку им должи државата

Соња Маџовска

Државата доцни со повратот на ДДВ-то, поединечно и јавно почнаа да признаваат бизнисмените за разлика од досега кога во нивно име зборуваа Стопанските комори, но и тие подоцна овие ставови мораа да ги омекнуваат, само да не се замерат со ��ладата.

Иако фирмите постојано се жалат дека се борат со огромна неликвидност и дека едвај преживуваат во една општа состојба секој секому да е должен, сепак, отворено не кажуваа колку им должи државата. А, и на Владата и' одговара тоа, па и таа молчи колку му должи на стопанството. Ниту Министерството за финансии, ниту која било друга владина институција нема податоци како за долгот по основа на поврат на ДДВ, така и за тоа колку им должи на компаниите за завршените работи.

Газдата на фирмата „Еуроактив“, Нухи Алиу, вчера јавно призна дека доцни повратот на ДДВ за веднаш потоа избрзаното признание да го ублажи со изјавата дека тоа не им создава некои сериозни проблеми. „Мора да кажам дека има мало задоцнување, во делот на враќањето на ДДВ-то. Сериозни проблеми немаме, но доцнење има поради финансиската криза, бараме начини како да ги надминеме тие проблеми, кои се појавуваат со враќањето на ДДВ-то“, изјави Алиу, откако вчера прво на министерот за економија, Фатмир Бесими, заедно со бизнисмените кои работат во зоната „Визбегово“, му ги соопштија проблемите со кои се соочуваат. Тие истакнаа дека инфраструктурата им е клучен проблем, поради која не можат да ги убедат партнерите од странство да инвестираат во зоната. „Сите фирми што работат во зоната се ликвидни и имаат и свои средства да инвестираат, но и идеи во што треба да се инвестира. Тие знаат да работат и да прават пари, но поддршката од институциите не е на неопходното ниво. Ако се отстранат инфраструктурните проблеми, ќе имаме многу домашни и странски инвеститори, бидејќи имаме сериозни странски инвеститори кои обезбедиле позиции за инвестиции, но чекаат да се средат инфраструктурните проблеми“, изјави Алиу. Според него, и високите камати на банкарските кредити и ригорозните услови за нивно одобрување се причини зошто фирмите не бараат заеми од банките и не влегуваат во нови инвестиции. „Поради високите каматни стапки, инвеститорите последниве години не се одлучуваат да инвестираат преку кредити и очекуваат да паднат каматите“, истакна Алиу. Тој посочи дека нема фирма од зоната која побарала заем од кредитната линија од ЕИБ. Министерот Бесими вчера на терен истражуваше зошто фирмите не влегуваат во нови инвестиции, а на бизнисмените им ги објаснуваше условите како да дојдат до евтините кредити од ЕИБ. „До крајот на месецов се очекува целосно да се повлечат 46 милиони од 100-те милиони евра од ЕИБ. Доколку се повлечат сите, државата ќе може да повлече нова транша од 100 милиони евра, што е многу важно за финансирање на бизнисот во период кога ликвидноста е едно од прашањата што го иницираа стопанствениците на средбата“, порача Бесими. Тој им вети на бизнисмените од зоната „Визбегово“ дека со објавениот оглас за Коридорот 8, се предвидува и патниот правец Скопје - Блаце да прерасне во автопат со што ќе се подобри инфраструктурата во тој дел, а преку проектот за гасификација на земјава, гасот ќе стигнел и до „Визбегово“.

Според него, значењето на оваа индустриската зона е исклучително за македонската економија, бидејќи таа е составена од 180 регистрирани фирми, со околу 10.000 вработени.

Бесими соопшти дека Владата засега нема најава дека ќе ја менува проекцијата за економскиот раст откако и меѓународните институции, но и Народна банка на Македонија ја намалија проекцијата за растот под 1 отсто. Но, тој потенцира дека поради кризата, проекциите стануваат релативни од временски аспект и затоа е нормално да се ревидираат.


#
Статијата е прочитана 1548 пати.

Испрати коментар

Од: bubi bravo
Датум: 19.08.2010 01:42:31
BRAVO pak, znaci stvarno ste jaki! iiii, znaci konecno!
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 19.08.2010 07:54:27
Kolku prestrasuvanje im trebase za da go iznesat javno..A sega inspekcii i se sto sledi so maltretiranja na kvadrat...A DDV ima da pocekaat...Kako i platite sto docnat se povece...

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонија без кредибилитет во САД
Заборавено училиште
Создава сопствен синџир на хотели
Шоуто со билборди продолжува
Необележани полициски возила ловат сообраќајни грешки
Промоторите без резултати, сепак, Владата штанцува нови
Премиера на „Мајки“ на Манчевски во Торонто
Струга уште еднаш ќе ја празнува поезијата
Германија не е Кина
Карикатура
Циганите летаат на небо
Швајцарски ултразвук ќе ги брка птиците од спомениците
Стил
Магазин