Број 3362  четврток, 19 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Струга уште еднаш ќе ја празнува поезијата

На годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“ ќе учествуваат шеесетина поети од сите континенти и педесетина домашни автори

Невена Поповска

Годинешното издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ почнува денеска, кога со поетската манифестација „Меридијани“ и официјално ќе бидат отворени 49. Струшки вечери на поезијата, на кои Љубомир Левчев е прв поет од Бугарија кој во речиси полувековната историја на фестивалот е овенчан со „Златен венец“. Меѓународната поетска афирмација на Левчев почнала токму во Македонија, кога неговата песна „Затворениците слушаат музика“ во превод на Гане Тодоровски е објавена во тогашниот влијателен книжевен весник „Разгледи“. „Левчев е без сомнение еден од најголемите живи бугарски поети кој со својот неповторлив лирски опус, создаван во 20 и во 21 век, ја одржува свежа и привлечна, естетски и тематски изнендувачка и цивилизациски мудра поетската магија што засекогаш ја крепи вербата на човекот во подадената рака, во возвишената книжевна порака и во творечкото единство на јазиците од чие богатство светот е секогаш помоќен во својата мисија на зближување на народите и културите“ - едногласни се членовите на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, кои ја донесоа одлуката ова високо признание да му се додели на Љубомир Левчев.

По повод доделеното високо признание, Левчев упати порака со благодарност до Струшкиот поетски фестивал, во која вели: „Во историската судбина на Македонија се вградени сенките на многу познати и непознати поети. Но, дали има друга земја на планетата која толку многу им должи на своите и на сите живи поети? Македонија е република на поезијата! Веќе почна вториот век откако Таа со Струшкиот Златен венец на поезијата ја удостојува најголемата и најнадарената плејада светски создатели на најсуптилната уметност-поезијата.“

Стихозбирката, пак, „Квартети: за читање, гледање, пеење и слушање“ е прогласена за најдобра поетска книга од македонски автор меѓу два поетски фестивали, а авторот Владимир Мартиновски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“.Одлуката ја донесе комисијата во состав: Димитар Пандев, Нехас Сопај и Ангелина Бановиќ-Марковска, кои сметаат дека: „ Конципирана како музичко дело, наменето за читање и ’гледање‘, поетската книга на Мартиновски е целосна новина во македонскиот лирски простор. Таа е пример на визуелна поезија. Инспириран од емоционалните и интелектуални доживувања што ги будат во него звучните слики на музичките партитури, Мартиновски ја гради својата замисла како хармоничен спој меѓу зборот, сликата, звукот и движењето. Во една синкретична уметничка креација со визуелни, темпорални и просторни одредници.“

Лауреатот на наградата Владимир Мартиновски, во својата порака упатена до фестивалот, меѓу другото вели: „Стихозбирката ’Квартети‘ настана како еден вид истражување на можностите на поетската реч, пред се, низ дијалогот со сликарството и музиката и оти голем дел од песните се визуелно-поетски омажи на музичари и сликари чиишто дела постојано ме поттикнуваат и инспирираат. Затоа наградата ’Браќа Миладиновци‘ за мене е едно големо охрабрување да ги продолжам интермедијалните истражувања преку самата поезија.“ Владимир Мартиновски е доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, актуелен претседател е на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, автор е на десеттина стихозбирки, а неговите дела досега се преведени на албански, англиски, грчки, јапонски, полски, словенечки и српски јазик. Мартиновски се занимава и со музика и членува во етносоставот „Баклава“.

Според директорот на поетскиот фестивал, Данило Коцевски на годинешното издание на манифестацијата ќе учествуваат шеесетина поети од сите континенти и педесетина домашни автори, меѓу кои половината ќе бидат млади автори. Фестивалот ќе се осовремени со нови содржини - мешање на жанровите - поезија, музика и сликарство и настап на музичари од Израел, Шпанија, Италија, Србија... кои изведуваат поезија.

„Фонтаната кај хотелот ’Дрим‘ во Струга ќе биде отворена сцена за постојани поетски перформанси и тоа е меѓу новините на овој фестивал“, вели Славе Ѓорго Димоски, претседател на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“.

Според организаторите, Фестивалот ќе ги задржи стандардните содржини и тоа: поетските читања „Мостови“ и „Меридијани“, портрет на годинашниот лауреат на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата - бугарскиот поет Љубомир Левчев во црквата „Св. Софија“ во Охрид, средбата на млади поети на „Ноќ без интерпункција“ и претставување на естонскиот поет Сиим Кера, добитник на наградата на „Мостови на Струга“, што струшкиот поетски фестивал ја доделува заедно со УНЕСКО за дебитантска книга, потоа вечер на национална поезија, која годинава е посветена на азербејџанската поезија, излет на учесниците во комплексот „Св. Наум“ и посета на други градови по затворањето на „Струшките вечери на поезијата“ на 22 август.

Годинава организаторите во програмата вметнаа и омажи на починатите лауреати на наградата „Златен венец“ на „Струшките вече��и на поезијата“- поетите Андреј Вознесенски и Едуардо Сангвинети, како и за Гане Тодоровски, истакнат македонски поет и добитник на наградата „Браќа Миладиновци“.

Што се однесува до издавачката дејност на манифестацијата, како што потврдија организаторите, годинава подготовките навреме беа завршени. ��бјавени се дваесет фестивалски изданија, од кои единаесет се преводи на македонска поезија на англиски јазик и изданијата од традиционалната едиција „Плејади“.


#
Статијата е прочитана 520 пати.

Испрати коментар

Од: berta
Датум: 19.08.2010 02:07:31
imav prilika da imam i detska literatura ot domasni prisateli i stranskiisto taka i voedno obemna e moram da kazam 400 detski knigi mi se cini deka treba da se neguva kulturnoto govorno podracje itn gi pozdravuvam site festivali na umenosta

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Фирмите признаа - доцни повратот на ДДВ
Македонија без кредибилитет во САД
Заборавено училиште
Создава сопствен синџир на хотели
Шоуто со билборди продолжува
Необележани полициски возила ловат сообраќајни грешки
Промоторите без резултати, сепак, Владата штанцува нови
Премиера на „Мајки“ на Манчевски во Торонто
Германија не е Кина
Карикатура
Циганите летаат на небо
Швајцарски ултразвук ќе ги брка птиците од спомениците
Стил
Магазин