Број 3089  петок, 18 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Македонија

Откази за 45 наставници

ТЕТОВО – Четириесет и пет просветни работници од средните и од основните училишта во општина Тетово останале без работа по завршувањето на договорниот рок за работа, 31 август годинава. Меѓу отпуштените имало и вработени, кои во образованието биле пет и повеќе години, а биле едуцирани кадри за успешно реализирање на новите наставни програми. Ова вчера во Регионалниот совет на ССМ во Тетово го соопшти Сузана Стефановиќ од мултиетничкиот синдикат на Македонија.

„Само во три средни училишта во Тетово - Земјоделското, Медицинското и во гимназијата со договор работат 120 професори. Критериумите за отпуштање навистина се неприфатливи. Според спогодбата што ја имаат потпишано СОНК и министерствата за образование, за труд и социјална политика и за култура, на сите просветни работници со договор работниот однос требало да им се трансформира во работен однос на неопределено време“, рече Стефановиќ. Претставниците на овој синдикат обвинија за манипулации и неангажирање на СОНК, кој не се ставил на страната на оштетените работници. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 761 пати.

Испрати коментар

Од: gragjanin
Датум: 18.09.2009 06:25:06
Pola zemja ni e so raznorazni ucilista, a nie otpustame nastavnici. Pa ova go nema nikade vo svetot. Na kogo mu smetaat nastavnicite, dali na novodojdenite direktori na ucilista. Sramota, pa zarem sakame obrazovniot kadar da ni otide nadvor od drzavava. Dosta obrazovani si otidova nadvor, pa zarem nema da razmislime deka vo doskoro vreme ke si ostaneme samo nie penzionerite. Site nastavnici pod hitno vladata da gi vraboti, neka se deli uka i nauka, sekoe dete da bide pismeno, a ne polupismeno. Neka se napravi sistem na sekoi 15 deca eden nastavnik, a ne po 40 vo klasot. na kogo poprvo nastavnikot da posveti vnimanie. Znaeme deka na polovina od Vladata decata im se vo privatnite kolegji i nadvor od drzavata, no za nas siromasnite dajte, barem nasite vnuci da imaat normalno obrazovanie.
Од: неопределена
Датум: 18.09.2009 09:48:11
Жалосно е што едуцирани кадри за нови наставни програми се испуштаат. Во нив е вложувано и инвестирано, а таа инвестиција така лесно да се сруши што стана пракса во Македонија е погубна. Владата треба да се подзамисли во врска со ова и еднаш за навек да ја прекине таа пракса што се провлекува уште од времето на владеењето на СДСМ, само за доброто на државата и нејзините граѓани.
Од: Vanja
Датум: 18.09.2009 10:30:07
Navistina e sramno ova sto se slucuva vo edna"demokratska drzava". Novopecenite partiski direktori-poltroni svojata funkcija ja sfakaat kako sila, mok i superiornost, a ne rakovodenje so ucilistata. Jas go pocuvstvuvav toa koga na 31.08 mi bese dadeno resenie za prestanok na rabotniot odnos, bez nikakvo obrazlozenie. Vednas potoa vrabotija novi lica, na koi sto im se dolzni za nivnoto aktivno ucestvo za vreme na kampanjata. Seto ova sto go pravi vlasta ne vraka nazad vo vremeto na anarhijata i samovolieto. Site onie sto ne mislat kako niv, gi otpustaat od rabota. Namesto da se zanimavaat so partiski cistki, neka obrnat vnimanie za sostojbite vo obrazovanieto koi se katastrofalni. Nemanje ucebnici, kompjuteri, zastareni nastavni programi, prenatrupanost so predmeti......... Edinstveno ni ostana samo da se nadevame deka vo bliska idnina ke bideme vrateni na rabota.
Од: Kumanovo
Датум: 18.09.2009 11:14:46
Zosto vo Kumanovo ne bese otpusten nitu eden nastavnik. Nema ni da bidat otpusteni se dodeka staro-noviot gradonacalnik gospodari so gradot.Kakvi kriteriumu, vo Kumanovo rabotat nastavnici koi seuste studiraat, a diplomiranite dremaat na Biro za vrabotuvanje

Најди! во Утрински
Македонија
Вработените ставија клуч на „Градски аптеки“
Тетово плива во отпад
Груевски со половина влада на ифтарска вечера во Гостивар
Бродот „Илинден“ се' уште на дното на Охридско Езеро
Прекршочна постапка против телевизијата Сител
Полесно до бесплатна здравствена заштита
Против новиот грип со 800.000 вакцини
Работа за 15 најдобри студ��нти на ДУТ
Донација од 30.000 евра за деца со аутизам
Упад на седница на Советот во општина Тетово