Груевски со половина влада на ифтарска вечера во Гостивар
ГОСТИВАР - Премиерот Никола Груески, завчера во Гостивар, речиси со половина министри од својот кабинет, присуствуваше на ифтарската вечера што ја организираше Демократската партија на Турците во Македонија. Гости на вечерата беа и претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, пратеници, поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, амбасадори, бизнисмени, претставници на меѓународни институции.
Честитајќи им го големиот верски празник Рамазан-бајрам, претседателот на Владата посака мир, љубов, сплотеност и правење добри дела за државата. „Никој не може да ни помогне толку многу колку што можеме сами да си помогнеме“, рече Груевски. (К.К.) |