Број 3089  петок, 18 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Македонија

Полесно до бесплатна здравствена заштита

Само четири документи се потребни од вчера за добивање бесплатна здравствена заштита за категоријата граѓани кои немаат право на ваков тип осигурување. „Секој граѓанин, дури и оние кои немаат постојано место на живеење, без разлика на нивниот социјален статус или етничка припадност, имаат право на бесплатна здравствена заштита, која од денеска се добива по олеснета процедура“, изјави вчера премиерот Никола Груевски. Тој заедно со министерот за здравство, Бујар Османи, ја посети Подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување, со цел да се уверат во поедноставената процедура. Според најновите законски измени, граѓаните ќе можат да остварат право на бесплатна здравствена заштита, доколку достават фотокопија од лична карта, здравствена книшка, извод од матична книга на родените и потврда од УЈП. Ова право во Скопје до сега го искористиле околу две илјади граѓани. Во Македонија, пак, има околу 35.000 луѓе кои немаат право на здравствена заштита. (Макфакс)


#
Статијата е прочитана 446 пати.

Испрати коментар

Од: film
Датум: 18.09.2009 06:25:35
Секаде пишува „подврда од УЈП“. На ниеден официјален сајт не е објавен изменетиот правилник и подетален опис каква е таа потврда. Да не треба граѓаните да немаат воопшто никакви регистрирани приходи? Да потсетиме дека сите граѓани се обврзани да ги пријават своите приходи кои ги оствариле по други основи и сега секој кој макар и 1000 денари ги имал како приход по на пример основ за договор на дело, не ќе може да има сини картони... Дали сето ова е само филм?
Од: Kolo Diamantot
Датум: 18.09.2009 06:40:01
Ovoj gest za besplatno lekuvanje go nema ni vo Amerika. Narodot treba vecito da mu go pamti na Gruevski . Gospodinot Gruevski dusata ke sija dade za narodot Makedonski .
Од: Трпе
Датум: 18.09.2009 11:59:21
Браво за мистер Рејтинг.Работи за десничарска партија а се однесува како левичар.Лева рака десен џеб.Како може здравството да биде изедначено,кога некој плака за здравство а не добива ништо од сегашното здравство кога мора се на приватно мора да си плака а ке добивале и овие кои не биле во можност да плакат.Па зарем тоа не го имавме во социјализамот а имавме квалитетни здравствени услуги.Мижи митро тулумби јади.
Од: јас
Датум: 18.09.2009 13:31:37
А што фајде од „бесплатното „здравство на пастирот , кога после ке треба да плаќаат партиципација и да си купуваат сами лекови???Коло , пастирот душата си ја даде, а кажи колку тебе ти дава за вакви коментари..

Најди! во Утрински
Македонија
Вработените ставија клуч на „Градски аптеки“
Тетово плива во отпад
Груевски со половина влада на ифтарска вечера во Гостивар
Бродот „Илинден“ се' уште на дното на Охридско Езеро
Прекршочна постапка против телевизијата Сител
Против новиот грип со 800.000 вакцини
Откази за 45 наставници
Работа за 15 најдобри студенти на ДУТ
Донација од 30.000 евра за деца со аутизам
Упад на седница на Советот во општина Тетово