Против новиот грип со 800.000 вакцини
Одлука за набавка на 800.000 дози вакцини против грипот од типот Х1Н1 е донесена на последната седница на Владата. Ова вчера го изјави премиерот Никола Груевски, кој појасни дека дел од парите за вакцините ќе бидат обезбедени од годинашниот буџет, а останатиот дел од буџетот за идната година. На Клиниката за инфективни болести досега болнички се лекувани 144 пациенти, од кои кај 43 е потврден вирусот на новиот грип. (Макфакс) |