Џастин Тимберлеjк
Гратис текила за цел клуб
Одлично расположениот Џастин Тимберлејк последните неколку дена во друштво на својата девојка Џесика Бил се забавува во Лас Вегас.
Иако поголемиот дел од ѕвездите во ноќни клубови пристигаат во друштво на многубројни телохранители, Џастин покажал дека е од оние кои цврсто стојат на земја.
Популарниот пејач во средата вечер одлучил да ги почести сите посетители на еден елитен ноќен клуб во Лас Вегас.
„Ова е многу посебна вечер. Јас и мој пријател започнавме да произведува сопствена текила од Мексико и сакам сите да ја пробате. Сите ние треба да веруваме во нешто, а јас сега верувам дека е време за текила“, им се обратил Џастин на присутните во клубот.
Нешто подоцна се качил на сцената, ги поздравил сите присутни и им посакал добра забава. Остатокот од вечерта ја поминал во друштво на својата свршеница.
|