Денес во Велико Градиште, СрбиJа
Светски конгрес на вештерки
Општината Велико Градиште (Србија ) денес го организира првиот конгрес на вештерки. Чудно, ама вистинито е дека на ова собиралиште покрај девојки и жени, ќе има многу припадници на посилниот пол. Условот е да знаат и сакаат да прават чуда - во љубовта, на работа, со пријателите...
„Желбата е на интересен начин да се долови времето на вештерките. Посетителите ќе имаат можност да пробаат и волшебни пијалаци и специјален коктел што ќе се подготвува во голем казан, во градскиот парк“, најавуваат организаторите.
Инаку, се' што е врзано за вештерките ја има симболиката на ноќта и мистеријата. Токму затоа, точно во 12 часот ќе започне голема забава, која ќе трае цела вечер. Велат ќе биде лудо, откачено и со многу гости. Организаторите очекуваат „вештерки“ од нашата земја, Русија, Украина и од Бугарија. |