Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Новогодишен подарок - 15 украински автобуси

За непочитување на договорот, компанијата „Лаз“ ќе плаќа пенали од 200 евра дневно по автобус

Деспина Трајковска

Првата тура од 15 нови едноподни автобуси се очекува да стаса во Скопје од Украина неколку дена пред Нова година. Останатите 69 ќе треба да дојдат до крајот на наредната година. Ова се последните најави за испорака на новите автобуси од компанијата „Лаз“, со која Владата склучи зделка за производство на вкупно 84 „обични“ автобуси во вредност од 11 милиони евра.

Со тоа, како што велат од ЈСП и од Бирото за метрологија, кои се во постојана комуникација со Украинците, ќе паднат во вода сите шпекулации дека набавката е доведена под прашање. Никој од македонскиот тим што ја следи зделката не негира дека „Лаз“ досега требаше да ја испорача првата тура автобуси. Дотолку повеќе што од компанијата сами ветија предвремена испорака, иако договорот им налага да го сторат тоа најдоцна до крајот на годинава.

Димитар Парнарџиев, директор на Бирото за метрологија, вели дека пред десетина дена во Украина се сретнал со надлежните од „Лаз“, но и со претставници на Германскиот институт каде што се врши хомологација на автобусите. Констатирале дека предвидените активности се одвиваат според утврдениот план.

„Германците досега завршиле со две од неопходните три етапи на хомологацијата, што значи дека таа е во напредна фаза. Проверен е системот за квалитет и безбедност, а испитано е дали и како се имплементирани потребните регулативи по европските стандарди што треба да ги поседуваат автобусите. Според досегашниот тек, и од Институтот и од компанијата даваат гаранции дека испораката на автобусите ќе се случи согласно со роковите“, информира Парнарџиев.

И директорот на ЈСП „Скопје“, Мишо Николов, има исти сознанија произлезени од комуникацијата со произведувачот. Во случај, сепак, „Лаз“ да не го испочитува договорот, компанијата ќе плаќа пенали. Според Николов, станува збор за 150-200 евра по автобус дневно.

Според договорот, „Лаз“ има обврска до Нова година да ја испорача првата пратка од 15 автобуси, а останатите 69 до крајот на идната година. Четири од автобусите ќе бидат дупли, а останатите се единечни возила. Сите ќе бидат црвени со драп покрив, слично на постојните на ЈСП.

Иако од претпријатието се' уште не утврдиле на кои линии ќе сообраќаат украинските автобуси, привилегија да се возат во нив, најверојатно, ќе имаат корисниците на линиите „3“, „5“ и „15“.






#
Статијата е прочитана 2738 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar Petkovski
Датум: 10.11.2010 13:18:34
A zosto nas FAS 11 oktomvri ne gi pravese avtobusite tuku ukraina i kina. Ni farbaat oci kupuvajte domasni proizvodi kako smoki sto se a koga se rabota za ovie milionski sumi kupuvaat vo stranstvo. Mi se dopaga VMRO sto ja krevaat nacionalnata svest i gi poddrzuvam spomenicite i nekoi zakoni sto se za jaknenje na makedonskiot identitet ama za ova debelo opleskale i nekoj zemal procent (se susskaat iminja na stavrevski, gruevski preku kamcev ...)
Од: Трпе
Датум: 10.11.2010 14:38:43
Како што тргнала работата,да се надеваме дека сите планирани автобуси за ГС ,има шанси да пристигнат за педесетина години.(15 автобуси x 3 години = 5автобуси годишно =60 години x 5автобуси = 300 автобуси)
Од: Goran - Italia
Датум: 10.11.2010 19:08:19
Aram da vi e pri fabrika za avtobusi vo mk kupuvate od Ukraina abe kakvi Makedonci ste vie ne mozam da poveruvam i mislam ocive me lazat kupuvame busovi od Ukraina i Kina . Bravo i komplimenti za dobriot izbor
Од: Petko
Датум: 11.11.2010 09:26:54
Za kogo VMRO ja pravese reklamata '' kUPUVAJTE MAKEDONSKI '' , koga vo Makedonija se proizveduvaat avtobusi a tie kupuvaat od Ukraina i Kina, e toa e toa li e patriotizam za vas od VMRO gospoda.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Азилантски данок за визите
Се спушта рампата за нашето вино
Ќе се лекуваат само оние што имаат пари
Контролори за јавен линч
Партизацијата ја намалила безработицата
Колку е безбедно македонското небо
Ќерките поубави од мајките
Тиквеш го посрамоти Вардар во Купот
Правда за некои
Пак се вжештија линиите за пасоши
Гром остави на улица семејство од Бела Црква
Фуере се извини за "државниот" место "македонски" јазик
Мозаик за Тоше од мермер и гранит
Љупчо
Саботна Празијада во Василево
Карикатура
Почина рударот што пропадна во "Саса"
Стил
Браќата Миладинови да почиваат во Македонија
Утре може да биде опасен ден
 


Borisov to shut down Bulgarian Academy of Science
No last-minute miracle for Macedonia's Nato entry
Slovenian bank saga finally draws to an end