Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Гром остави на улица семејство од Бела Црква

Силен пожар избувна во куќата на семејството Кочоски, кои останаа и без реколтата од 1.000 тони тутун

Моника Талеска



ПРИЛЕП - Семејството Кочоски од прилепското село Бела Црква остана без куќа, без целата покуќнина и годинешната реколта од 1.000 тони со тутун во пожарот што избувна завчераутро. Во кобниот час, сите шест члена од семејството спиеле во куќата кога силен гром удрил во покривот, предизвикувајќи пожар во собата каде што спиело едно од децата. Силниот татнеж ги шокирал. Исплашени, тие притрчале во собата каде што бил синот и го извлекле надвор.

„Како атомска бомба да падна, толку беше силен звукот. Прво мислевме дека гром удри некаде во близина, но кога викна синот, влеговме во неговата соба, а оттаму излегуваше пламен и чад. Тој во шок седеше на креветот, го извадивме, но сите бевме вознемирени и во паника“, вели Рубин Кочоски (41). Тој со својата сопруга, родителите и децата се обиделе да спасат дел од покуќнината, но попусто. Напомош притрчале соседите.

„Дојдовме да им помогнеме со црева и кофи, туравме вода, го гасневме огнот, но ништо не успеавме да спасиме. Јавивме и во Пожарна, ама додека да дојдат од градот, помина еден час. Кога дојдоа пожаникарите, веќе беше доцна. Луѓето останаа без ништо“, сочувствуваат со нив селаните и велат дека никој од Општина Кривогаштани не дошол да ги посети и да им понуди помош.

„Соседите ни помагаат во се', не' викаат кај нив да преноќеваме и децата ги згрижија да не останат на улица, но не е еден ден. Сега немаме ништо, немаме работа, немаме пензија, пари... живеевме од тутун и нешто градина, се надевавме дека со предавање на тутунот ќе собереме пари за да го продолжиме школувањето на децата, ама сега немаме ни денар скршен“, вели мајката Оливера Кочоска.

Таа апелира до сите институции во Општината, во државата, до поединци и фирми, кои се во можност да им помогнат за да преживеат, за да врзат крај со крај.


#
Статијата е прочитана 1275 пати.

Испрати коментар

Од: Vesna
Датум: 10.11.2010 19:07:56
Ajde neka napravat edna ziro smetka, za da mozat luge od stranstvo da im pratat po nesto. Toa bi bilo najdobro za niv; tesko nim ako cekaat od opstinata.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 11.11.2010 06:41:48
Veruvam Golema steta za edno semejstvo,treba da im se pomogne,ama Novinart Rece Iladi Tona ,Znae li nekoj ,sto znaci iljadi toni??
Од: zlatko
Датум: 11.11.2010 09:59:27
osiguranjeto ne pokriva+

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Азилантски данок за визите
Се спушта рампата за нашето вино
Ќе се лекуваат само оние што имаат пари
Контролори за јавен линч
Партизацијата ја намалила безработицата
Колку е безбедно македонското небо
Ќерките поубави од мајките
Тиквеш го посрамоти Вардар во Купот
Правда за некои
Пак се вжештија линиите за пасоши
Фуере се извини за "државниот" место "македонски" јазик
Мозаик за Тоше од мермер и гранит
Љупчо
Саботна Празијада во Василево
Новогодишен подарок - 15 украински автобуси
Карикатура
Почина рударот што пропадна во "Саса"
Стил
Браќата Миладинови да почиваат во Македонија
Утре може да биде опасен ден
 


Borisov to shut down Bulgarian Academy of Science
No last-minute miracle for Macedonia's Nato entry
Slovenian bank saga finally draws to an end