Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Пак се вжештија линиите за пасоши

Повторно гужви, зафатени телефонски линии и нервози. Кол-центарот почна со поместување на термините

Даниела Трпчевска

Вжештени телефонски линии, презакажување на нови термини, гужви и нервози. Министерството за внатрешни работи планира да ги расчисти сите закажани термини за нови биометриски пасоши до март идната година.

Презакажувањето на термините веќе е во тек, поради што е отежнато добивањето слободна линија во Кол-центарот на МВР. Оние што, сепак, успеале да го свртат бесплатниот телефонски број 0800 192 92 велат дека првиот слободен термин што се нуди за вадење нови патни исправи е во март 2011 година.

Потфатот за поместување на речиси 50 илјади апликанти, кои досега закажале термини за вадење биометриски патни исправи, почна од минатата недела. Плановите се во наредните две-три недели операторите од Кол-центарот да се јават кај апликантите и да им понудат нов побрз термин за вадење документи.

Според помошникот на министерот за информирање во МВР, Иво Котевски, поместувањето ќе се одвива линеарно. Оние што имаат закажано термини во декември годинава ќе бидат поместени за неколку дена порано. Оние, пак, што требаше да чекаат до јануари 2012 година за да го добијат скапоцениот документ в рака, сега ќе добијат шанса да аплицираат за пасош девет месеци порано.

Процените се дека до март идната година низ шалтерите на пасошките одделенија на МВР треба да поминат уште 50 илјади граѓани. За таа цел во функција се ставени десетина шалтери и базни станици, на кои дневно се закажуваат термини на околу 800 апликанти за биометриски пасоши.

Засега поместувањето на термините се однесува само на патните исправи, додека за личните карти и за возачките дозволи термините остануваат исти. Граѓаните се жалат дека хаосот со закажаните термини и изоставањето од списоци и натаму продолжува. Процедурата за вадење лични карти, според нив, не трае подолго од пет минути, но проблем е како да се стигне на вистинскиот шалтер. А кога ќе стигнат дотаму граѓаните почнуваат да стравуваат дали воопшто ги има на списоците, или нивните имиња се изоставени, бидејќи за документи аплицирале минатата година!

„Неколку дена пред да се фотографирам за нова лична карта, пријателите ми рекоа дека не е лошо да се јавам во Кол-центарот и да проверам дали воопшто ме има на списокот. Бидејќи мина долго време откако закажав термин, се јавив, и што да видам – на списокот го има само татко ми. Сепак, одлучив на тепка да појдам на закажаниот термин. А, таму ме чекаше ново изненадување. Службениците ме најдоа мене на списокот, а татко ми не можеа да го најдат оти проверувале на погрешен список. За среќа, успеавме да се фотографираме за лична карта, бидејќи нашите имиња се појавија на дисплејот“, објаснува 30-годишен скопјанец, кој деновиве аплицирал за нова лична карта, откако претходната ја изгубил пред неколку месеци.

Дополнителна забуна кај граѓаните внесува тоа што, како што тврдат, биле упатувани да се фотографираат за нова лична карта во просториите на Пасошкото во МТВ, а кога дошле таму биле преупатувани во просториите кај Беко, во центарот на Скопје. Поради шетањето од една служба до друга, тие се жалат дека лесно можеле да го пропуштат долго очекуваниот термин.

Во согласност со законските одредби, сите граѓани се должни до 2012 година да ги заменат старите пасоши, лични карти и возачки дозволи со нови биометриски документи. По февруари 2012 година старите документи излегуваат целосно од употреба. Во изминативе три години се издадени околу 940 илјади биометриски пасоши, околу 850 илјади лични карти и над 260 илјади возачки дозволи.


#
Статијата е прочитана 3282 пати.

Испрати коментар

Од: Igor
Датум: 10.11.2010 13:01:05
А што станува со мобилните станици за странците? ДАли има некоја нова информација? Каде да се оди доколку земјата во која престојувам не е на листата на земји во кои тие станици одат? Од амбасадата овде појма немаат што да направам, ниту некој друг може да ми каже. Ајд�� ве молам напишете една статија за тоа, оти има и други како мене, не сум само јас. Поздрав
Од: SPIRIDON
Датум: 10.11.2010 14:21:24
Odi vidi u sabota kolku se "vžešteni",koa berbero moj mi vika da mi sredil za 50 evra pasoš.Na nego mu sredil nekoj "Arifi",imale pravo u sabotite preku red da sreduvat za "členove na semejstvoto".I toa sekoja sabota.Dreme li ministerkata ili na taj način im obezbeduva dodaten prihod,za lojalnost,na vrabotenite,a?
Од: pop
Датум: 10.11.2010 17:32:50
Ajde sto lomotime ...jas neodamna bev vo Makedonija i izvadiv pasos za tri dena bez vrski bez problemi se javiv vo sreda mi zakazaa za cetvrtok vo vtornik pasosot bese gotov....cena 4500 denari i eftino i brzo

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Азилантски данок за визите
Се спушта рампата за нашето вино
Ќе се лекуваат само оние што ��маат пари
Контролори за јавен линч
Партизацијата ја намалила безработицата
Колку е безбедно македонското небо
Ќерките поубави од мајките
Тиквеш го посрамоти Вардар во Купот
Правда за некои
Гром остави на улица семејство од Бела Црква
Фуере се извини за "државниот" место "македонски" јазик
Мозаик за Тоше од мермер и гранит
Љупчо
Саботна Празијада во Василево
Новогодишен подарок - 15 украински автобуси
Карикатура
Почина рударот што пропадна во "Саса"
Стил
Браќата Миладинови да почиваат во Македонија
Утре може да биде опасен ден






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis