Тиквеш го посрамоти Вардар во Купот
(10.11.2010г.-15:21ч.) Второлигашот Тиквеш го направи најголемото изненадување во 1/4 финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, откако ја надоместија негативата од три гола против некогаш големиот Вардар. Кавадарчани славеа со 4-0 и заедно со Металург, Напредок и бранителот на трофејот Тетекс, продолжуваат во трката за пехарот и пласман во фудбалска Европа.
Во денешните реванш натпревари, постигнати се следните резултати: Тетекс - Хоризонт Турново 1-0 (вкупно 3-1), Напредок - Брегалница 1-0 (вкупно 2-0), Тиквеш - Вардар 4-0 (вкупно 5-4) и Металург - Локомотива 1-1 (вкупно 4-1).
Полуфиналните мечеви ќе се играат на пролет, а ждрепката за противниците ќе биде одредена дополнително.
|