„Подобро е три невини жртви на лустрација отколку тројца виновни на власт“, смета експремиерот
Оливера Војновска
„Подобро е три наклеветени кодоши отколку тројца кодоши на власт!“ Вака експремиерот Љупчо Георгиевски на свој оригинален начин ја објаснува потребата од расчистување на маглата околу лустрацијата, која особено надвисна над процесот во последниве два месеца. Преку своевидна стилистичка инверзија на правната максима: „подобро 100 криминалци на улица отколку еден невин во затвор“, Георгиевски прилично јасно алудира на неопходноста од целосното откривање на вистината за „Вујко“, „Мама“ и „Ибар“ - особено на досието што води до врвот на владејачката ДУИ.
Во исто време додека поранешниот премиер како учесник на трибината на мрежата „Платформа“ се обидуваше да даде одговор на прашањето „каде оди македонската лустрација“, лустраторите ја официјализираа „пресудата“ дека нема елементи за лустрација на фабрикуваниот ’Ибар’“. Комисијата за лустрација на двочасовна затворена седница констатирала дека и ова досие, како и претходните две - „Вујко“ и „Мама“, „е фотокопија и не ги исполнува стандардните на едно досие“.
Георгиевски, кој беше шеф на македонската влада во периодот од 1998 до 2002 година, вели дека оние што имаат амбиции да влезат во политичките води, мора да бидат свесни дека како јавни функционери ќе бидат изложени на напади, критики и етикетирање. „Секој што се занимава со политика треба да е подготвен на непринципиелни удари. Подобро е три невини жртви на лустрација отколку тројца виновни на власт“, вели тој. Според него, во јавноста се извртуваат тезите околу лустрацијата и се преувеличува штетата на оние личности што можеби се невино обвинети дека биле кодоши. „Етикетата дека некој бил соработник на тајните безбедносни служби не е ништо поразлична од која било друга етикета. Нема етикета што не сум ја добил во овие 20 години колку што сум во политиката. Секој што се занимава со политика добива серија етикети. Зошто сега се прави драма“, прашува Георгиевски. Тој смета дека оној што ќе се почувствува погоден и ќе се соочи со лажни обвинувања за кодошење, има две опции: „Да поднесе кривична пријава и да ја докажува невиноста или да остави процесот принципиелно да се заврши докрај“.
Според него, сите што сакаат да бидат политичари треба да извлечат поука од лустрацијата. Притоа посочува дека „ доколку некој има дамка во биографијата ,влегувањето во политиката може да го плати премногу скапо“. На „Ибар“ му порачува да не се крие зад партиските тела, туку самиот да ја исчисти оваа дамка. „Некои конкретни ситуации бараат конкретни, лични битки. Поранешниот началник во УДБА, Божидар Спасиќ, јавно го препозна „Ибар“, така што тој сега треба да се соочи со него и на ТВ-дуел да ги расчисти работите“, резонира Георгиевски. За него се неприфатливи гледиштата дека некој можеби направил грев во младоста и прифатил соработка со тајната полиција. „Дури некој и наивно да потпишал изјава, тој токму поради таа наивност треба да се повлече од јавната функција“, смета експремиерот.
Наспроти ставовите на Георгиевски, поранешниот претседател на Уставниот суд , Милан Нетков, потенцира дека при лустрацијата мора да се почитува презумпцијата на невиност. Тој смета дека Комисијата за лустрација се однесува конфузно, а нејзината работа ја опиша како „одење бос по трње“. Случајот со довчерашниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, го оквалификува како несреќен и парадоксален. Нетков се сомнева дека досието е дополнително конструирано врз основа на белешки за кодошено лице.
Според Нетков, треба добро да се размисли дали да се бараат досиејата од Србија. „Тоа може да се покаже многу опасно. Ако ги побараме, ќе ни ги дадат строго селектирано, добро ќе не' обработат и секој со секого ќе се скара“, прогнозира Нетков. Тој откри дека во поранешниот систем бил кодошен поради своите либерални гледишта, но вели дека им простил на своите колеги - универзитетски професори што денунцирале.
Izgleda navistina fantasticno deka vo Makedonija na nekakva funkcija e samo eden kodos.Mozebi drugite koi si ja imale muvata na kapata navreme si ja zavrsile rabotata i sega spored komisijava se cisti.Bez nikakvi pretpostavki no so mnogu somnez vo rabotata na komisijata narodot si gleda seir.Do koga se sto ke se pravi vo Makedonija ke zavisi od partijata na vlast?A potoa ni se krivi...
Од: Oktomvri 1917
Датум: 10.11.2010 14:39:29
Eden minat Oktomvri 1917 ja izmislil 'metlata za kodosite"! Problem e sto lugjeto ne ucat istorija a slabo pomnat i brzo zaboravaat!
Од: Rade
Датум: 10.11.2010 14:40:18
Со ваква комисија се‘ што е кодошко ќе се рехабилитира а се‘ што не е, дополнително ќе се искомпромитира.
Од: Moris
Датум: 10.11.2010 15:17:45
Ljubco da go objavi svoeto dosie i da gi posoci kodosit ekoi UBK gi koristela protiv nego.. Toa e vistinska rabota. Na Taci go vidovme sega i na Ljubco. Ako treba so zakon da mu se dozvoli da go otvori za javnosta.
Од: Bogomil
Датум: 10.11.2010 15:35:50
Загрижува фактот дека станува дегутантно и се повредуваат чувствата на Ваште читатели кога на Вашите страници упорно еден профанисан политичар, ни го подметнувате, безмалку, како да е Ноам Чомски. Тој не е доушник од просечен калибар, туку за време на неговото претседателствување со Владата на Р.Македонија, земјава ја претвори во швајцарско сирење, низ која најслободно ровареа нему драгите бугарски шпиони, а буагсркиот амбасадор беше дел од Владата и од ВМРО-вскиот раководен штаб. Во крајна линија тој самиот не ја сокри својата нлагонадежност и наклонетост. Пензионирајте го и сити сме од неговите бладања. Тој е несериозен и штетен соговорник, кога е во прашање судбината на Македонија.
Од: tase
Датум: 10.11.2010 19:16:39
Katastrofalno e sto nekoj kodos od golem mastap go nosi poboznoto ime BOGOMIL i trese gluposti za Georgievski.Niti imalo,niti ke ima pozasluzen politicar od nego za dobivanje na nezavisnosta na Makedonija.Bogomile,Bogomile!
Од: jovan
Датум: 10.11.2010 19:23:07
Prvo:Pravoto ime mu e Ljubco. Vtoro: Toj Bozidar Spasic koj go spomenuvate e bivs vraboten vo SDB, a potoa vo devedesetite gazda na privatna detektivska agencija. Se bavi so "prodavanje" a i fabrikuvanje aferi. Ponataka sami presudete sto e sto. Sto se odnesuva do rakovodstvoto na DUI , ne tvrdam deka se nevini ,no..... vo slucajov e poveke montiran slucaj otkolku prava vistina.
Од: goran
Датум: 10.11.2010 21:51:17
kakvi kodosi kakvi bakraci, toj sto e do tebe te izdava, SITE GO IMAAT to DA NE DA NE, da ne me vidi da ne me fati da ne me slusne vo glavata a toa NE se reflektira od mozok vo mozok od glava na glava, vo sekoj moment nasekade nekoj ve gleda i ve slusa,
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 11.11.2010 04:20:09
Vo moite citanki po arhivite i analizi imam dosta videno i slusnatao.Lustraciata to est Revizij.NA TOA ,KOJ BESE I ZA KOGO BESE .Eee tuka se povrzani site familiarni vrski za poslednive dava veka,a specialno Stipskiot Klan.povrzan so Ohridskiot Klan Protogjerov ,ama sega e Protogjer.[Of lele i so ova ce pravime drzava]! Knigata nosi naslov ; VMRO VO MAKEDONIJA. Nee ni cudno ,da site exsekutori vo Makedonija bile Familiarno povrzani.Gligorov,Apostolski-Mitic,Arsov, Metodie Gogov,Grlickov,Misev,Dali nekoj znae kade bea ovie Lugje za veme na vtorata svetovna Vojna?