Браќата Миладинови да почиваат во Македонија
(10.11.2010г.-09:49ч.) Друштвото на писатели на Македонија ќе покрене иницијатива за пронаоѓање и враќање на коските на браќата Димитрија и Константин Миладинови во Македонија. ДПМ ќе побара помош од турските власти за достапност на архивите и истражување на целокупната документација за браќата, кои трагично го заврпија животот во Цариград во 1862 година. Основачите на националната преродба во Македонија биле обвинети дека се шпиони и умреле во затвор под неразјаснети околности.
|