Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Мислења

Правда за некои

Јозеф Штиглиц

Во денешна Америка, гордото тврдење „правда за сите“ е заменето со поскромно „правда за оние што може да си ја дозволат“

Хипотекарниот дебакл во САД поведе длабоки прашања за „владеењето на правото“, универзално прифатен белег за напредно, цивилизирано општество. Владеењето на правото треба да ги заштити слабите наспроти силните и да осигура дека сите се третираат праведно. Во Америка, во пресрет на ризичната хипотекарна криза, тоа не направи ништо. Дел од владеењето на правото е безбедност на правата на сопственост, на пример, ако должите пари за вашата куќа, банката не може едноставно да ви ја одземе без да го почитува пропишаниот правен процес. Меѓутоа, во последниве недели и месеци Американците беа сведоци на неколку примери во кои на индивидуалци им беа одземени куќите иако тие немаа долгови.

За некои банки ова е само колатерална штета: милиони Американци - покрај проценетите четири милиони во 2008 и во 2009 година - треба да бидат исфрлени од своите куќи. Всушност, темпото на запленување ќе биде зголемено - иако тие не беа за владина интервенција. Процедуралните скратени постапки, некомплетната документација и огромната измама што ја следуваше навалицата на банките да генерираат милиони лоши заеми за време на хипотекарната криза го комплицираше процесот за расчистување на настанатиот метеж.

За многу банкари ова се само детали што треба да се преведат. Голем број од луѓето истерани од домовите не ги плаќаа своите хипотеки, а во повеќето случаи, оние што ги исфрлаа надвор имаат законски права. Меѓутоа, Американците не треба да веруваат во заслужена правда. Ние не велиме дека повеќето од луѓето на кои им е изречена казна доживотен затвор извршиле злосторство што ја заслужува таа казна. Американскиот правен систем бара повеќе и ние воведовме процедурални заштитни мерки за да се исполнат овие барања. Меѓутоа, банките сакаат да предизвикаат краток спој во овие процедурални заштитни мерки. Не треба да им биде дозволено да го направат тоа. За некои сево ова е потсетник на она што се случи во Русија, каде што владеењето на законот - особено легислативата за банкротство - беше употребена како правен механизам за замена на една група сопственици со друга. Судовите беа корумпирани, документите фалсификувани и процесот одеше мазно.

Во Америка корумпираноста е на повисоко ниво. Не станува збор за одредени судии што се купени, туку за самите закони, преку прилози во кампањи и лобирања, во она што почна да се нарекува „корупција во американски стил“.

Општо е познато дека банките и хипотекарните компании беа ангажирани во ненаситни кредитни активности, искористувајќи ги најнеедуцираните и најфинансиски неинформираните да направат договори за кредити што ќе ги зголемат до максимум хонорарите и ќе воведат огромни ризици за зајмувачите. (Искрено, банките се обидоа да ги искористат и финансиски пософистицираните, како што беше случај со хартиите од вредност креирани од Голдман Сакс што беше планирано да пропаднат.) Меѓутоа, банките ја искористија целата своја политичка моќ да ги спречат државите да донесат закони што ќе го ограничат пљачкосувачкото кредитирање.

Кога стана јасно дека луѓето не можат да го исплатат она што го должат, правилата на играта се променија. Законите за банкрот беа изменети за да се воведе систем на „парцијално договорена зависност“. Лице, да речеме со долг што е еднаков на 100 проценти од неговиот приход, може да биде принудено да и' отстапи на банката 25 проценти од својата бруто-заработувачка без данок, до крајот од животот, бидејќи банката би можела да додаде, да речеме, 30 проценти камата секоја година на она што лицето го должи. На крај, сопственикот на хипотеката ќе должи значително повеќе отколку што банката некогаш добила, иако должникот една четвртина од времето работел за банката.

Кога овој нов закон за банкрот беше донесен, никој не се пожали дека се меша во светоста на договорите: во времето кога зајмувачите се задолжуваа, похуманиот - и економски порационален - закон за банкрот им даваше шанса за нов почеток ако товарот од отплатата на долгот станеше претежок. Сознанието требаше да им даде иницијативи на кредиторите да им даваат заеми само на оние што може да го исплатат долгот. Меѓутоа, кредиторите можеби знаеја, со оглед на тоа дека републиканците ја имаа контролата на власта, дека можат да прават лоши заеми и потоа да го менуваат законот за да се осигураат дека ќе ги исцедат сиромашните.

Со секоја четврта хипотека во САД што е проблематична - повеќе должат отколку што вреди куќата - постои се' поголем консензус дека единствен начин да се справи со безредието е да се намали вредноста на главнината (на она што се должи). Америка има специјална процедура за корпоративно банкротство, наречена Поглавје 11, што овозможува брзо реструктуирање со намалување на долгот и претворање на дел од него во акционерски капитал.

Од голема важност е да се одржат во живот компаниите во услови на тековни проблеми, со цел да се зачуваат работните места и развојот. Меѓутоа, исто така, е важно да се зачуваат семејствата и заедниците недопрени. Затоа на Америка и' е потребно „Поглавје 11 за сопственици на куќи“.

Кредиторите се жалат дека таков закон ќе ги повреди нивните права на сопственост. Меѓутоа, речиси сите промени во законите и во регулативите се од корист на едни, а на сметка на други. Кога во 2005 година беше донесен Законот за банкрот, кредиторите беа корисници на тие бенефиции и не се грижеа за тоа како Законот ќе влијае врз правата на должниците.

Растечката нееднаквост, комбинирана со погрешен систем за финансирање на кампања, ризикува да го претвори правниот систем на Америка во пародија на правдата. Некои се' уште можат да го наречат „владеење на правото“, но тоа нема да биде владеење на право што ќе ги заштитува послабите наспроти помоќните. Наместо тоа, ќе им овозможи на помоќните да ги експлоатираат слабите. Во денешна Америка, гордото тврдење „правда за сите“ е заменето со поскромно „правда за оние што може да си ја дозволат“. И бројката на луѓе што можат да си ја дозволат рапидно се намалува.

(Авторот, нобеловец по економија, е професор на Универзитетот „Колумбија“ и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 962 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Азилантски данок за визите
Се спушта рампата за нашето вино
Ќе се лекуваат само оние што имаат пари
Контролори за јавен линч
Партизацијата ја намалила безработицата
Колку е безбедно македонското небо
Ќерките поубави од мајките
Тиквеш го посрамоти Вардар во Купот
Пак се вжештија линиите за пасоши
Гром остави на улица семејство од Бела Црква
Фуере се извини за "државниот" место "македонски" јазик
Мозаик за Тоше од мермер и гранит
Љупчо
Саботна Празијада во Василево
Новогодишен подарок - 15 украински автобуси
Карикатура
Почина рударот што пропадна во "Саса"
Стил
Браќата Миладинови да почиваат во Македонија
Утре може да биде опасен ден






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'