Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Извештај

Партизацијата ја намалила безработицата

Прекумерните партиски и рамковните вработувања ги компензираа изгубените работни места во економијата

Слободанка Јовановска


Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, го презентираше вчера извештајот на Европската комисија за прогресот на Македонија. Во него јавната администрација се најде на „пиедестал“, не само поради партизацијата и импровизацијата во унапредувањата која резултираше со остри критики од Брисел, туку и поради фактот што да не беа прекумерните вработувања во неа, стапката на невработеност ќе беше поголема за пет отсто.

Според извештајот, толку колку што се намалил бројот на вработените во земјоделството годинава, толку бил компензиран со нововработени во администрацијата. Иако гледа некаков прогрес во реформите на оваа сфера, ЕК е ја критикува нетранспарентноста, непрофесионализмот и зависноста на јавниот сервис. Политичкото мешање во изборот и во унапредувањето на кадрите на сите нивоа, без земање предвид на способностите, како и начинот на кој привремените вработувања станаа трајни, според ЕК придонесува за оваа негативна оценка. ЕК не ги заборава и лошите избори во 2009 година, забележувајќи дека ниту еден прекршител се' уште не е казнет, додека во однос на контроверзниот закон за прислушување стои дека улогата на министерот за внатрешни работи во давањето дозвола да се прави тоа не е на линија со европските стандарди и предизвикува загриженост поради можно политичко влијание.

Судството и годинава се најде на тапет на Брисел, земајќи го приматот од политичкиот дијалог, кој во изминатите години беше главниот проблем, а годинава доби попозитивни оценки. Генерално, реформите во судството се оценуваат како лимитирани, бидејќи не е обезбедена негова независност и непристрасност. Притоа, се констатира дека не му е местото на министерот за правда во Судскиот совет и во Советот на јавните обвинители и дека тоа предизвикува сериозна загриженост, бидејќи сугерира мешање на извршната власт врз судовите и политичка контрола врз нив. „Контроверзните отпуштања и мешањето на министерот за правда ни сугерира дека сегашниот систем не е во согласност со стандардите на ЕУ“, стои во извештајот на Европската комисија. Се споменува дека блокирањето на работата на судовите, и тоа на сите нивоа, и оваа година продолжува и дека повеќе од 900.000 случаи чекаат на завршница така што ќе бидат потребни значајни напори да се надмине таа состојба.

Границата меѓу дисциплинските постапки и оценување на работата на судиите не е јасно дефинирана, забележува исто така Брисел, кој патем има и една пофалба - дека бројот на поништени судски одлуки од 48 отсто во 2008 година паднал на само 2 отсто. Позитивна оценка ЕК за политичкиот дијалог е поради усвојувањето на деловникот и стабилноста на владејачката коалиција и со ниту еден збор не се споменува драмата со досиејата, која можеше да го растури тој хепиенд. Сепак, се забележува нефункционирањето на Комитетот за меѓуетнички односи, отсуството на дијалог околу меѓуетничките и сензитивни прашања и проблемите во комуникацијата на главните партии.

Корупцијата, според ЕУ, останува и натаму многу раширена, а законите за справување со неа се неконзистентни, па три од високопрофилните случаи на корупција биле вратени на повторно судење поради процедурални пропусти. Зависноста на судството, според извештајот, ја ограничува борбат�� против корупцијата, а нејзиниот ефект е намален и со суспензија на повеќе од половината од судиите во Апелациониот суд. Бројот на случаите во кои е откриен конфликт на интереси се' уште е мал, а за тоа, според Брисел, придонесува тоа што изјавите за имотната состојба на функционерите се доверливи и никој не ги проверува.

„Нема јавен отчет за трошењето на народните пари, а исто така и регулативата за финансирање на политичките партии и изборните кампањи не се применува, па се изречени никакви санкции иако водечките партии своите финансиски извештаи ги доставиле дури една година по рокот. Во однос на исполнување на Рамковниот договор, извештајот констатира дека процентот на претставници на малцинствата во јавната администрација достигнал 29 отсто, меѓутоа останува проблем е што кадрите што се примаат не соодветствуваат на потребите моментно.

„Практиката на вработување на голем број службеници од немнозинските заедници, без оглед на потребите на администрацијата, продолжува и некои од нив не ги исполнуваат критериумите за селекција, додека за други не се обезбедени ни работни услови ни канцеларии“, стои во оцената.

Меѓуетничкиот дијалог, генерално, не се оценува негативно, но стои дека на моменти тој бил тензичен, особено по објавувањето на контроверзната енциклопедија и проектот „Скопје 2014“, кои предизвикале протести и негативни реакции. За таквата клима, стои во критиката на ЕУ, придонела и одлуката за учење на македонскиот јазик од прво одделение кај албанските деца без претходно да се изврши консултација за неа.

Економската процена на ЕК е дека Македонија не била изложена многу на токсичните ефекти од меѓународната криза, но дека високата невработеност, особено меѓу младите, останува главен проблем за земјата, покрај лошата бизнис-клима поради институционалната слабост, честите промени во администрацијата и невладеењето на правото. Невработеноста, ��поред процените на Брисел, сега е 32,2 отсто и продолжува да расте, а дури 55 отсто од невработените се млади така што ова прашање станува многу важно. Најизненадувачка е констатацијата на ЕУ дека по големиот пораст на цените во 2008 година, годинава инфлацијата била само 1,1 отсто и дека за тоа придонел падот на цените на храната од 0,9 отсто.

Генерално, оцената е дека Владата успешно се справувала со негативното влијание на кризата, обидувајќи се да го зачува макроекономскиот баланс, но дека начинот на кој се трошеле буџетските пари останал проблематичен. „Како и да е, последните месеци Владата акумулирала значајни долгови кон домашните компаниите што ја нарушија нивната финансиска ликвидност“, е оцена на ЕК. Бројот на новоформираните компании, според Брисел, бил помал за 11 отсто од претходната година, но затоа бројот на банкротирањата бил 18 отсто поголем, додека капацитетот на регулаторните комисии и натаму е лимитиран и тие се' уште не си ја извршуваат својата улога на чувари на владеењето на правото.

Брисел ни пиша минус и за неможноста нашите граѓани да купуваат акции во странство, да отвораат банкарски сметки надвор од Македонија и да купуваат имот во странски земји, оценувајќи дека во оваа област нема никаков прогрес.

И покрај амбициозните проекти на Владата во образованието, оцената на ЕУ и во оваа сфера е дека прогресот бил ограничен, при што се споменува одлуката да ги запре фондовите поради аферата со нивната злоупотреба од страна на националната агенција, која требаше да ги раководи. Во извештајот очекувано е споменат и законот за антидискриминација, со забелешка дека е во спротивност со регулативата на Унијата.

За спорот со името, ЕК немала што да каже ново, освен тоа дека двете страни треба да се воздржуваат од негативни изјави и потези и дека се позитивни средбите на високо ниво, но тие се' уште не даваат резултати, со познатиот став на крајот дека е најважно да се најде заедничко прифатливо решение за спорот во ОН.

Една од најострите критики, и по првпат во годишен извештај на ЕК, е таа за состојбата во медиумите и околу слободата на изразување, која деновиве беше веќе пласирана во јавноста. (С.Ј.)

Тендерите црна точка во економијата

Тендерите и годинава се најцрна точка во економскиот дел на извештајот, со забелешка дека трендот на нивно поништување и недостатоците во нивното спроведување продолжува. Според ЕУ, се' уште има недоволна свест во однос на конфликтот на интереси, етиката и спречување на корупцијата во овие постапки и, уште повеќе, за некои од нив работата била започната пред и да бидат објавени, па оценката е „сериозни нерегуларности“.

Слабоста во владеењето на правото, бавните судски процедури и несигурноста на склучените договори, како и раширената корупција имаат негативен ефект на бизнис-климата во Македонија, стои во извештајот. Упорно бавните законски процедури, фрагментацијата на одговорностите меѓу централната и локалната власт, отворениот судир со еден од инвеститорите се пречка за влез на странски инвестиции, заедно со лошиот капацитет на јавната администрација и честите промени на работните места, оценува ЕК. Владата доби забелешка и за зголемениот државен интервенционизам, како и за рестрикциите за граѓаните на ЕУ да купуваат земја во Македонија, а македонските граѓани да изнесуваат поголеми суми пари надвор од државата, што се оценува како пречка за слободно движење на капиталот.


#
Статијата е прочитана 1538 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 10.11.2010 12:20:55
Што ако се изврши ревизија колку се вработени п.војничина.Од кога ќе се бувне ВМЛОТО.И мора се што е некадарно и партиско да се тргне.
Од: Itar Pejo
Датум: 10.11.2010 13:25:17
Партизацијата ја намалила безработицата. Ova nasata vlada go svatila kako kompliment.
Од: Трпе
Датум: 10.11.2010 14:25:21
Во извештајот е пропуштено,да се каже дека во сите држави има мафии а во Македонија власта е мафијата а кумот е познат.Советот на баронот успешно продолжува да работи без никаков страв од последиците.
Од: Alek
Датум: 10.11.2010 14:27:50
Забеган, не си ти баш толку забеган, на место ти е коментарот.
Од: Тоше
Датум: 10.11.2010 14:37:01
Со секоја измината година се‘ ПОНАЗАД и поназад е Македонија во приближувањето кон ЕУ. А ова е еден голем индикатор за некадарноста на нашата власт во целина.
Од: Vicious circle v virtuous cirlce
Датум: 11.11.2010 00:19:04
Ironijata da bide uste pogolema, da nemase tolkava partiska korupcija vo Makedonija (vklucuvajkji gi i partiskite vrabotuvanja), kje imavme i mnogu pozdrava ekonomija i mnogu pomala nevrabotenost, so sto kje nemase potreba od vakvi vestacki vrabotuvanja vo prv red.
Од: Trpko
Датум: 11.11.2010 07:58:49
stara psna... pznata na site vladi .. no uste polosho e partizacija na vrabotuvanja vo privatnite firmi... a ima i toa... Lekot r namaluvanje na platite na Budjetarite, toa se primenuva sekade, od Slovenija, Hrvatska i ponatamu... ili da se zadrzat platite ama da se dvira denarot... no ova e polosho...
Од: Kavadarcanec
Датум: 11.11.2010 10:02:22
Како демек сите административци да се од ВМРО. Да му веруваш на некој треба барем искрено да признае дека админстрацијата не е само на една партија туку на сите-зависно кој дојде на власт. По чиста логика СДСМ 13 години на власт плус предходната комунистичка гарнитура е нивна, а ВМРО 7 год. Кој би можел да инсталира повеќе партиски војничиња?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Азилантски данок за визите
Се спушта рампата за нашето вино
Ќе се лекуваат само оние што имаат пари
Контролори за јавен линч
Колку е безбедно македонското небо
Ќерките поубави од мајките
Тиквеш го посрамоти Вардар во Купот
Правда за некои
Пак се вжештија линиите за пасоши
Гром остави на улица семејство од Бела Црква
Фуере се извини за "државниот" место "македонски" јазик
Мозаик за Тоше од мермер и гранит
Љупчо
Саботна Празијада во Василево
Новогодишен подарок - 15 украински автобуси
Карикатура
Почина рударот што пропадна во "Саса"
Стил
Браќата Миладинови да почиваат во Македонија
Утре може да биде опасен ден
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011